Си правите муабет на тема менструален циклус, и она како "начнател" на темата на прашањата ти одговора со не знам? Знаеш дека е осетлива тема ама сепак си и спомнала да превземе нешто. Значи сепак си дала совет без да ти побараат мислење? Какво е таа проверка на хормони под присила? Мајка и ја влече до болница и ја држи да ја боцнат? Да не го влече и зетот успат за да направи спермограм? П. С баш како што кажа, не е твоја работа, како што не е ни моја да дискутирам за другарка ти. П. П. С. Членката погоре што ти пиша дека исто одговара со не знам на прашањата, е од пофините. Мене кога ќе ме праша некој кога треба да добијам, прашувам дали планираат со влошки да ме снабдат штом толку ги интересира.
Епа не можам само да и одговарам на нејзините прашањата без да ја прашам и јас неа. Тоа што она мене ме прашува го сфаќам дека треба и јас неа. Да ти рече другарка ти не фаќа уште кај нас нема да и речеш ништо?
Не, ништо нема да и речам, затоа што може сака само да си каже гласно, да си олесни. Кога ќе ми рече еј Наде, абе не се фаќа, не оди работава, дај совет, кажи што да направиме, каде да одиме, тогаш ќе и кажам.
Ќе ќутам нормално. Само кога директно ќе ме прашаат за мислење за конкретен проблем, тогаш давам совет. Во спротивно давам само поддршка што другарките ја очекуваат.
И ние се обидуваме две години и јас не се замарам воопшто со пратење овулација, барање симптоми итн. Но, далеку од тоа дека не се замарам со проблемот што го имаме. И далеку од тоа дека не одиме по лекари. Не како некои коишто се по природа такви да не ги држи место ако не преземаат акција, далеку сум од таквите ама тоа што мора е направено. Не гледам причина да следам овулација кога едноставно имаме односи на 2 дена во периодот кога има барем мала шанса да е плоден ден. Значи не само од 14 до 16 ден, туку од 10ти до 20ти некаде. Е сега зошто гледам дека тука повеќето сте баш навлезени во ова дали може да ми кажете нешто? Јас отсекогаш сум имала циклуси со мн мали симптоми. За време на овулација немам болки во јајниците, баш ретко, само по исцедокот можам да претпоставам кога ми е. Пред да добијам немам болка во градите, ама баш никаква, само кратко време пред да добијам ќе ме пресече благо стомакот и после тоа добивам. И толку. Прогестерон сум мерела на 21 ден, не само што беше над 10, беше дури малку и над дозволената граница. Ендокринологот многу пати ми рече дека тоа не е проблем, напротив дека е убав знак дека имало овулација, исто и др девојки кои се бореле со години со неплодност ми кажаа дека и нив некогаш им е над граница во тој период, 6-7 дена после овулација. Мене сепак ми остана мистерија. А и покрај високиот прогестерон немав некои посебни болки во градите, може нешто ептен минимално на допир. Дали тоа што немам баш никакви болки во градите можеби значи дека не овулирам редовно? Циклус добивам најчесто од 28-30 дена. Кога сум одела на гинеколог секогаш се погодувало околу 18ти, 19ти ден и веќе пукнал фоликулот. Но не знам дали бил доволно созреан. Само еднаш бев на фоликуметрија стриктно и баш тогаш ми беше завршена овулацијата на 12ти ден веќе. И баш тој месец првпат добив на 26 дена наместо на 28-9 како вообичаено. Тој период бев под хормонска терапија па можеби на тоа се должеа промените во циклусот, не знам. Инаку немам инверзија на лх и фсх. Ве молам ако може споделете ми ваше искуство во однос на отсуството на симптоми @Nade-sunrise @Saba08
Значи различни карактери сме и џабе ќе дебатираме. Ако некој си земе за право да ме праша мене, ќе го прашам и јас па нека се чуди ако му е незгодно
Што ќе ти е да те болат гради ма Шала на страна, ништо не значи отсуството на симптоми по овулација. По трансферите еден тон прогестерон примав, па нит гради ме здоболеле нит ништо, а прогестеронот во плафон. Додека пробуваме природно ја отеков матичната со таа фоликулометрија, секогаш имаше овулација и фоликулот достигал супер големина. И сега после 1001 преглед утврдуваме дека сеуште овулацијата е по "пропис", а јас немам симптоми после. Ден пред да добијам имам таква мала нелагодност во стомакот и толку. Ужувај во циклусот без симптоми
И јас ги немам сите симптоми секогаш. Имам зголемен исцедок и либидо при овулација, а болки во јајниците не секогаш и не со ист интензитет и времетраење. Градите порано воопшто не ме болеа по овулација, овој симптом го имам повремено во последно време, а имам овулација секој месец, потврдено со мерање базална температура, некогаш паралелно и со тестови за овулација. Дури и кога бев бремена немав болни гради, ни никакви други симптоми, така да воопшто да не те измачува тоа. Си имаш овулации, втората фаза ти е доволно долга и како што и самата кажа не ти треба замарање со следење овулација, доколку имате редовни односи.
@MarijaMi90 @Saba08 арно ме потсети за либидото На максимум е околу овулација, па уствари мажов најдобар увид има до кај сум стигната со циклусот
Фала ви многу девојки Се надевав дека не е проблем ова, дека дури и да има проблем со овулација не се манифестира на ваков начин . Чим и вие потврдувате, значи така е Можно е и кај мене да е поголема желбата за секс во тој период. А за градиве ме има фатено некој инает, ми се чини дента кога ќе осетам посериозна болка во нив, веднаш ќе помислам дека сум бремена Не бе, моиве малецки се и ми се чини не сакаат да пораснат, може и затоа не се фаќа ова @Nade-sunrise @Saba08
И моиве се мали, да не речам непостоечки. Нема што да боли Ќе се замислам за теоријава твоја, може па стварно не им се расте и затоа не ја бива работава. Значи импланти е следен чекор за решавање на проблемов
Не ми текна мене, @MarijaMi90 е крива И не туку ми се смеј Смисли нешто! И ти си во категоријата безцицкести
Што означуваат АБЦДЕ кај градниците? А – А кај се? Б – Барем има Ц – Цицлесто Д – Дообри ДД - Дупло добри Е – Енормно добри Ве поздравувам со моите АА
Моите се 3 А, цаканки Јас инаку гради ме болат малце кога ке ги чепнам, и десниот јајник ме стега, истите симтпоми како пред доаѓање, на 8ми треба..
Пак јас. Тек сега почнав да читам за плодни неплодни денови (после ова што ми се случи викендот да имаме односи без заштита во плодни денови) . Е финтата е што јас нешто прочитав ама не дочитав и пак изгледа ја утнав Сабајле видов такво лепливо лигаво на гаќите и си викам супер завршија плодни денови, се фрливме пак на секс и пак со свршување внатре (му се уарни изгледа ба некој така да свршува ). Сега читам, а и во апликацијата пишува дека тоа се плодни денови. Прашањето ми е, дали овулацијата поминала кога ќе се појави тој лигав секрет или баш тогаш трае и тогаш сум најплодна или кај секоја жена е различно? Ова месецов ако се погоди некое дете ќе биде забавно. Направено од неукост за плодни денови Инаку купив витамини како што ми препорачавте во другите теми , метилирана фолна, фолна, итн . Се наоружав и со тестови.
Ами ако, нема да сте први со така направено дете . Ако е лепливо е неплоден секрет. Плодниот е лизгав ако го протриеш меѓу прсти. Еве, сликовито https://cervicalmucus.org/video-category/