@elenaklasik Не ја ставив сликата зашто побледа не може да биде. Среќа и мм ја виде, па бев сигурна дека не бладам. Во живо се гледа поубаво. Spoiler Јас инаку лечам кандида што ја фатив од одвратниот антибиотик амоксиклав, не знаете колку сум нервозна. Плус од вчера само на плачење ми иде, малиот само во раце сака и шубе ми е да го кревам цело време. Ве чекам и јас со позитивните тестови. Ќе ставам поубав во понеделник
Ја гледам и јас. И кај мене беше таква, ептен невидлива, ама за мои очи тотално присутна, и тоа на 3 4 дена пред да добијам го правев тестот како тебе од некое чувство што го имав. Ајде понеделник поцрвена
@QweenSM дури сега гледам дека си ме тагнала. Ние ќе работиме месецов пак, само што ми заврши, со нови сили во нови победи. Ден за недобивање ми е 25ти. Не ми се брза бе, не се трескам од земја веќе, кога ќе биде - тогаш, еее па вака барем ќе се изнауживаме, после ќе бидат нервози. Не се притискам веќе, стварно, како рекол Господ, така. Сите да видиме две црти месецов, ама да сме релаксирани, може еден таков колективен договор?
Јас никако не научив како да бидам релаксирана, како да се опуштам. На некој ден пред добивање јас се сум у вц да проверам, раце ставам на стомак мали да не ме удри у игра, си замислувам разни сценарија, праам триста комбинации и сметам кога би се родило па што од мали би искористила одма... ехеее.... Само никако да научам да не мислам. За мали бев скроз заборавила, реновирање дома у среде хаос, прашина и мајстори, башка интервјуа за работа и бидна, си мислам па да земам пак да реновирам, да дадам отказ, да бидне
@AngelOfArh следиш некако овулација? Не знам колку си запознаена со мојот случај, но јас случајно забременив пред крајот на циклусот (25ти ден), тогаш ми била овулацијата. Сега си велам да пробувавме од 12, 13, 14 15 16 ти ден немаше да останам бремена. Да напоменам имам подолги циклуси, не добивам на 28 дена туку на 30-33. За првото забременив со темпирани односи од 14 ти до 18ти ден од циклус. За ова навистина сум многу изненадена што толку касно ми била овулацијата и успеа да се фати. Сакам да кажам ако не си пробала, да пробаш да пратиш овулација или да имаш односи и покасно од деновите што сметаш дека ти е овулација. Ти посакувам две црти што поскоро
Не се плаши за кревањето. Јас имам 44кг. Ќерка ми нон стоп ми е во раце. Заспива нишајќи, на среде ноќ се буди неколку пати, пак ја нишам. Не е којзнае колку тешка ама за мене е тешка.. Еве се е добро до сега фала богу. За тестови бе сафе земи. Ако проверуваш пак. 25mIu детектира. Имаше еден и 10mIu што детектира ама не знам како се вика (првиот тест што го имав ставено)
Јадам, навистина јадам. Повеќе од маж ми. Јас и така си бев слаба, сега со детево уште бетер, душата ми ја вади. Со Софи кога бев бремена се поправив 15кг . Штом се породив за 2 месеци се вратив на 45кг
И јас бев како тебе не можев да качам ни килограм,одкога почна карантинот јас се здебелив 12 кг сега сум 57кг,пијав б-12 и фолна метилирана миалам дека имаа влијание.
Zdravoo, nemozam povekje da izdrzam imam uste 1 nedela do (ne)dobivanje, od toa sto sakam premnogu da vidam || dali bi mozelo da pokazi rezultat ako napravam primer utre?
Рано е многу. Знам дека немаш трпение ама почекај бар некој ден пред недобивање, но да знаеш дека и тогаш може да не покаже.
Примате нови? Добивам на 28-30 дена од таа причина не знам кога ми е точно овулацијата. За викенд правев тест за овулација но во сабота ми завршија лентите и ме мрзаше да одам да купам. Сабота недела имавме односи а претпоставка ми е дека недела или евентуално денес ми е овулацијата. Но денес нема да да се видиме со мм така да останува да се надевам дека недела сме завршиле работа
Досега не сум пратела овулација, а ќе почнам, ќе нарачам тестови. Иначе не се водам по апликација, сме вредни цел месец, од крај на циклус до нов, не секој ден ама на 4-5 дена обавезно, некад и почесто, некад поретко. Ти како пратеше, со тестови?
Не пратев затоа што не се обидувавме за бебче баш сега, затоа што имавме во план прво друго нешто да средиме па да почнеме со обиди. Ама Бог имал друг план. А пази најјакото! Околу пресметаната овулација избегнувавме свршување внатре пошто нели сега не беше во план за бебе Имајте си обиди преку еден ден од 10 ти до 20ти ден и бебе ќе дојде
Иако се обидуваме за бебе и следиме фоликули со доктор,тестови за овулација не би правела.Тоа ми е дополнителен стрес и ако не се случи баш тогаш да имаме односи ќе сум уште по напната. Најубаво е односи преку ден за да се погоди овулација по завршување на менструација.Така знам јас...