Абе ние синко така го напраивме Останав без работа а план ни беше да реновираме, веќе закажани некои прегледи и ај одложивме да најдам прво работа да поработам, ахам, следниот месец останување бремена, прв месец на работа, со точак по 10км на ден, кревање тешко, прашини, нередовно јадење, се поплаивме дома па свиткана на колена работев скоро цела вечер и еве го во април 6г ќе прави.
Девојки, само мене ли ми се порамети менструацијата откако почнавме со обиди за бебуш? Само што ми дојде, ми подрани цели 8 дена, дали има простор за паника? Да напоменам дека скоро бев на генеколог и беше сѐ во ред.
Не знам еве и јас тоа увидов. Читав од стари објави на форумов кај некои жени исто така подранувала дури се обидувале и божем, некои имаа пишано, тоа било знак дека наскоро може да се фати. Хм, појма немам. Ама дај Боже да се фати, ако подранувањето значи тоа. Еве нека кажат ум и другите.
Баш ти дојде онака како за прв ден или малку имаш? Зашто мене ми се има случено мало крварење во овулација.
Мене. Откако почнавме за бебе или ден ќе ми подранеше или 2-3дена ќе доцнеше и воопшто не беше обилна првите денови како последните денови ми беа од циклус и еве сега сум бремена дали има врска тоа или не не знам.
Исто и мене. Од кога почнавме ептен ми се побрка циклусот.. Бај д веј, ептен паднсв психички. Го пијсм дабростонот за да ми дојде. Уште 5 дена треба да го пијам. Јас немам никакви симптоми за добивање. А и само шо разбрав за една пред 3 месеца свадба и еве трудна е сега. Не можам повеќе, почнувам да се плашам. Една година веќе до овој јануар. Ај пред тоа не бевме нон стоп заедно, ама јас ептен ке шизнам.. Знам идпитувања испитувања океј е се.. И не бива и ме бива. Се разочарувам а и мм..
@shz те читав некаде низ темите дека си со полицистични јајници. Пиеше ли некоја терапија? Какви ти беа хормоните?
Не пиев никаква терапија, само некои хормони бев испитала и тие беа во ред, другите не стигнав да ги испитам.
@elenaklasik дај Боже да е така, се надевам дека сите ќе се израдуваме наскоро. @Jana06 не е баш малку, не е неколку капки, туку убаво има на хартијата крв, па по тоа можам да заклучам дека ми дојде 8 дена порано, оф мајко. Се надевам дека сѐ е во ред, вака одамна ми нема подрането. @shz буквално последната менструација ми беше таква, ич не беше обилна, дури ме зачуди. Само првиот ден беше така повеќе, после тие 4 дена исто како последните денови, а такво нешто до сега не ми се случило, незнам искрено што да мислам, ама тоа е, изгубен е и овој циклус. @Flooora96 немој да се разочаруваш, еве гледај не си сама, и јас го одам овој исцрпувачки пат. Јас може не сум година како тебе, неколку месеци се, ама сепак е многу тешко, премногу. Најди сила за тоа бебче што ќе го имаш еден ден, мораш да бидеш силна и да не се откажуваш, оти само така ќе си го земеш резултатот од цела оваа мака во раце! Фала ви девојки на одговорите, ми помогнавте и ме смиривте малце.
Се разочарувам кога ќе добијам и после тие 5дена пак од почеток и се така во круг... има некој со години што се мачи и што чека не се жали на овој или оној начин ќе се случи,нормално сакаме сите вака природно да не се влечиме по болници и испитувања ама ако мора ќе се тера напред.Редовни контроли и консултации со матичен па како ќе треба така. Нареден месец може ќе се посреќи,кој знае
Имате ли пиено Пикозитол или Елова? Тоа е суплемент , ги подобрува јајце клетките, овулацијата и го регулира циклусот. Може да се консултирате со матичен за нив.
Јас пред првата бременост пиев Елова, а сега пред втората Миоцисин. Дали кај мене така се погоди или помогнале, кој да знае. Штета нема секако.
Јас од скоро почнав да пијам овунорм за таа цел. Плус метил фолат и метил б12. Минатиот месец ми подрани циклус 5 дена што не ми текнува да ми се случило некогаш. Чекам да видам месецов што ќе биде, дали ќе се стабилизира. А реално до сега немав никаков проблем ниту со овулација, ниту со фоликули, ама веројатно сметаат дека помага за квалитетна јајце клетка, особено ако си над 30 години веќе.
Јас добив денес, овај циклус ми траеше 26 дена а обично околу 30. Ама знаев дека ќе добивам порано бидејќи овулацијата ја осетив порано, на 11. ден. Инаку одлучив прво да правам месецов хистероскопија да го извадам полипот па потоа почнуваме со инсеминации. Доста губевме време. Очигледно не бива природно.
Девојчиња Здраво. Примате ли уште една Накратко, се обидуваме за бебенце веќе година дена активно. Во тој период ги направивме сите испитувања зошто не сакав да чекам многу ама еве пак чекаме.. Анализите беа сите во ред од пап тест, хормони, брисеви и кај мене и кај мм, спермограм и хсг освен што имав мал полип на матка кој го извадивме одма и излезе дека не е ништо страшно, обичен ендометриален полип. Е сега сакам да ви кажам нешто, сите брисеви и мои и на мм беа чисти правени и на државно и на приватно но сепак мене нешто не ми даваше мира, осеќав дека има нешто што можеби смета и пред 5 дена го натерав мм да направиме Androflor и Femoflor испитување кое навидум има иста функција како брисевите исто детектира инфекции или бактерии но како понапредна технологија. И сега замислете брисевите мои и на мм чисти, уринокултура чиста и оп на тестовите Бактерии..... Не знам што да кажам значи.. Ама си викам ако ништо друго барем знам сега што има и што да лечам. Може не е до тие бактерии, може и после 10 дена антибиотик што треба да пииеме нема да биде ништо ама некако психички се смирив кога видов што е и што треба да лечам. Не знам дали сметаат ама испадна дека имаме Gardnerella vaginalis, Bacteroides spp./Porphyromonas spp./Prevotella spp. и Enterobacteriaceae spp./Enterococcus spp, а замислете брисевите и уринокултурата во иста лабараторија правено 5 дена пред овој тест испаднаа стерилни односно чисти. Извинете за предолгата порака, ама може ќе помогнам на некој што исто како мене мисли дека немаат ништо и се нервираат зошто не доаѓа до бременост. Ве гушкам сите и се дружиме
Незнам како е можно толку многу бактерии да имате малку е симтоматски тоа досега не сум видела вака,да кандида и некоја друга имало,тие испитување можеби се дека има бактерија ама е во нормални граници бидејки тие си ги носиме во телото но не се активни при пад на имунитет се активираат,мислам дека треба да се консултираш со друг доктор да ти објасни,бидејки ова се премногу бактерии.
Нас за ова испитување не прати др.Мицковски Ремедика, а како што читав на форумот го сметаат за подобар уролог. Тој ни кажа дека некогаш има некои бактерии што на брис не ги покажува и баш за тоа ни кажа да го правиме па сега не знам стварно Инаку ова се вкупно три бактерии само што се пишани со повеќе имиња, групи/подгрупи не знам како ги водат. Кај мене е присутна само една кај мм сите три.