Gardnerella се јавува ради нарушена нормална микрофлора. Микрофлората се нарушува и од многу туширање. Не е ништо страшно. Мене матичната ми даде вагиналети и за Gardnerella и за микрофлората, за враќање на киселоста.
А дали пиеше и антибиотик или само вагиналетките? Нас ни рече докторот флажил да пиеме 2х300мг 10 дена, а за мм плус амоксиклав ради другите бактерии што ги има тој
И ние треба да ги направиме истите испитувања знам дека се прават во Биотек само или има уште некоја друга лабораторија?
Во првите има метронидазол од 500 мг, а тоа е всушност флажил. Е сега за дозирањево не знам. Мене ми рече 7 дена да ставам навечер.
За редуцирана микрофлора мене ми дадоа 14 дена Ацидосалус и уште 14 дена Вагисан вагиналети се и двете . Докторката ми кажа и после секој месец по 1 недела да ги користам дури и кога ќе бидам бремена за да се оддржува нормалната микрофлора . Кога ќе има нормална микрофлора нема да бидам толку подложна на инфекции.
Gardnerella имав во бременоста. На почеток бев негде. Сопругот пиеше флажил, а јас еритромицин. Лесно ја излечив. Ми даде и Polygynax вагиналети.
6 дпо вчера имав малку вртоглавици,високиот притисок ми беше висок,имам често мокрење,други симтоми немам. Како сте вие?
Сабота е ден за НЕ добивање, ама мислам дека ќе добијам, едино што ми мати памет е што го немам тој карактеристичен апетит за пред добивање, ми се јаде ама не така јако. Не планирам порано да правам тест, до сабота не планирам, минатиот месец ми дојде 2 дена порано, тој пред тоа 2 дена покасно, нзс најди му овој месец би требало на време ваљда. Ама со хормони нема оправка.
Кај жени се зема брис од уринарен канал, кај мажи може да биде преку брис, урина или ејакулација истите резултати се добиваат со било кој примерок. Малце е поскапо испитувањето мислам дека за мажи беше 5900 а за жени 5300 ако не се лажам. За подготовка мислам дека нема ништо посебно освен 24 саати пред брис да нема сексуални односи
Јас добив денес, не знам зошто ми се изремети циклусот искрено. Дали е поврзано со ковидот или не, не знам, ама ете, се случува. Следно гледање со докторот ќе прашам.
Пореметен ми е и мене, последната 3 дена порано ми дојде.. ми траеше 3-4 дена. Нетипично. Така е откако прележав во ноември. Мош и филм си правам па се и свашта препишувам на ковид ама очигледни се промени и разлики. Ќе прашам доктор и јас па ќе споделам..
Здраво девојки денес ми е 7 дпо имам многу болки како менструални грчеви,некогаш знае да ме пресече многу од вчера вечерта ми почнаа,може ли да е симтом на бременост да се прикачува плодот?