Можно е, мене ме исече стомакот од кивање 7 дпо, не можев да се исправам од болка. Почекај уште 5-6 дена и направи тест.
И јас се свиткав едвај станав на работе,ме пресече страшно.Дада ќе почекам секако рано ми е за што било.
9 дпо болки во стомакот не можам навечер да најдам место да се наместам за да заспијам како некој притисок имам,имам главоболки од време на време,градите малку осетливи. @QweenSM како си има ли нешто ново???
Души мои. Да се пријавам јас дека менструацијата вчера ми заврши, а воедно почната е акцијата. Овие денови го превртев чичко гугл, и секаде скоро прочитав дека ако добиеш пред време, тоа било знак дека за брзо ќе се фатиииии. Добро, знам дека и некогаш е bullshit, ама ете, кога планираш бебе, све ќе прочиташ и во све ќе почнеш да веруваш дека ќе се случи, само да ги видам тие 2 црти. Ден за (не)добивање ми е 8ми Март. Се надевам дека на овој убав женски празник, Бог ќе ме израдува како никогаш до сега, и исто така - Март е месец на мојот роденден, па те молам Боже, дај ми го најубавиот роденденски поклон. @SunnyHoney добре ни дојде мила и се надевам дека ќе ви се реши проблемот и за брзо време ќе видеме 2 црти да објавиш. Без разочарување и со верба во Бога, бебенцето ќе биде тука за брзо. @AngelOfArh @DaisyDoo изгледа на сите ни подрани циклусот овој месец. Добро, кај мене не е до ковид, ама се надевам дека и кај вас не е од тоа милички, туку да е знак дека за брзо ќе се фатиии. @medena147 ти благодарам што ме помисли мила, добра сум, нема ништо ново освен тоа што ми заврши менструацијата, па да се надеваме на бебко во ноември. Ти како си ми? Како што гледам според твоите симптоми, некако ми мириса на бебуш. Ајде уште малце остана до тест, се надевам дека ќе се израдуваш и ќе бидеш наша најнова мамиии.
Чисто да ве прашам, ако не е непријатно, но дали додека очекувате во овој период, а имате потреба од апче за глава, сируп, апче за стомак или некоја друга терапија, ја користите истата или се воздржувате. Кога бев бремена со првото, се сеќавам без да знам пиев кафетин и апче против дијареа ми се чини, па матичната ми рече дека плодот во првите 2 недели од зачнувањето бил најазаштитен, односно ништо не е формирано како би дошло до малформации, со други збори ќе има или нема бременост. Не дека очекувам да забременам, ама еве ако случајно се случи. И какви се вашите сознанија, добиени препораки по ова прашање
Па добро сум,се надевам дека сум,вториот пат кога бев бремена ми беше вака исто,ќе ве известам за брзо. Ти посакувам овај пат да си ги видиш двете црти.❤❤❤
Јас верувам дека овој 8ми Март ќе ти биде најубав до сега Ти благодарам многу за позитивната енергија која ни ја даваш и ја разубавуваш групава и нашите мисли Инаку ова што го пиша за подранувањето уште толку ми влеа некоја надеж зошто кога сме кај подранување на менструација и јас сум во таа група, последните два/три месеци добивам на 25/26 дена, а цел живот ми била точна како саат на 28 дена. Да се надеваме дека наскоро овде ќе има многу позитивни тестови
Od kraj na ciklus postojano sme vo obid za 2ro i Bev na ginekolog I se I koga da pravam odprilka test
Па чекај, ти можеби тек влегуваш во овлуација, може тек да останеш бремена. Ти си малтене на средина на циклус (не добиено, туку циклус од едно до друго добивање) Не брзај!
Рано е премногу...дајбоже да биде само нека закасни циклус па прај тест. Јас воопшто не праам тест пред време или на ден/два доцнење оти уште толку ќе се разочарам ако е негативен
Девојчиња, дали е можно да доцни циклус поради антибиотик? Денеска ни е 6 ти ден од антибиотик треба да го пиеме 10 дена ради бактериите кои ви пишав погоре дека ги имаме, требаше да добијам вчера според календарот на 28 дена, иако последните 3 месеци добивав на 25/26 дена. До вчера имав предменструални грчеви во стомак, но од вчера како да исчезнаа, а скоро никогаш не ми доцни, па мислам да не е од антибиотиците
Не може да доцни циклус заради антибиотик, но може заради инфекцијата. Најдобро е да направиш тест ако пробувавте за бебе месецов.
Од тоа се плашам, ако после толку време неуспешни обиди баш месецов биднало нешто, а јас сум со антибиотик... Ајде ќе почекам уште ден, два ако нема ништо тогаш ќе правам тест. Фала ти
Ич да не се плашиш од антибиотик. Треба да се плашиш од нетретирана инфекција. Ти ја третираш и да има нешто се ќе биде во ред.