Ама што има врска антибиотикот? Првиот месец не влијае антибиотикот на бебето. Инфекцијата е појака од антибиотикот.
Се повеќе читам како викате "ај уште некој ден да ми касни и ќе правам тест". Алал да ви е. Јас бре од 9ти дпо почувам со тестови. Видов на Fertility дека на некои им покажува од 9ти ден и цепам. Морам да знам сега и одма Неколку месеци кога НЕактивно правевме бебе не се замарав, освен еднаш што ми каснеше 5-6 дена. Последните неколку месеци кога почнав да пратам овулација, се растурав од тестови правење и забавно ми беше. Ми се јавуваше некоја емоција што ја немав запознаено до тогаш. Еве и сега едвај чекам да дојде време за тест. На која и се ближи денот за тест? Па дааајте бе жени две цртки да се израдуваме
Денес ден за недобивање. Цел ден ми е некако лошо, те ме стресува снага, те болки у јајник. Те сум ок. Како зашеметена, сабајле ужасно ме болеше глава. Прееска на бришење 2 точки ко со молив црвени, и едно делче мало розевко(ама објаснувам) на хартијата колку мокро да е и обоено. Не ми се десило, точките ми се виде ко да доаѓаат некаде од страна, ама не видов ништо. А се осеќам исто ко да сум добила.
11 дпо немам никаков симтом освен понекогаш стомакот ме боли,правев тест сабајле негативен,инаку 6 дена до недобивање знам прерано го направив ама не можев да издржам.
И овој месец ке ми е така поминат.Менструацијата нигде ми ја нема, дабростонот го прекинав уште пред 4 дена. Шо може да значи тоа, и кога треба да настапи менструација од прекинување на дабростонот? 10 дена го пиев по 2 на ден.
Вештеркава ни денес ја нема. Ден 30ти. Две бубулици на лице, ретко ми излагаат. Ме сече ниско стомак. Чат пат огромни болки ко за добивање. Без сила сум, ама период напорен доста. Сакам да почекам уште некој ден,зошто последно време знае и на 30 дена да ми дојде. Па ќе видиме. Здравје, ако не викендов, понеделник ќе е ден за тест, како и за големава, па можда ќе е среќа.
Јас направив хистероскопија вчера, го извадив полипот Сега се надевам дека следниов месец ќе може да правиме инсеминација.
Каде сте девојки апдејти давајте што се случува како сте ? Да си направиме список со датуми за НЕдобивање месецов а @QweenSM
Еве да се пријавам јас дата за НЕдобивање 24ти, имам болни гради од пред два дена, минатата недела имав болки во половината и слаби болкк во стомак, денес и вчера на работа ме фаќа јака жештина како топлотен бран и носот ми се растече вчера ( инаку не сум настината) па сега ќе.видиме што ќе биде.... овај месец нека заврши со повеќе позитивни тестови
Јас денес добив,здравје другиот месец. Да ве прашам 3 ден ми се паѓа Понеделник дали е можно на 4 ден да направам хормони,јас денес ќе и пишам на матичната да ми даде упат од сабјле за Понеделник ама незнам дали ќе стигнам таа во 7 отвара,сакам да испитам и да одам на приватно да ми ги видат сите ре
Ист ден нема секако да ти ги дадат резултатите. Напрај си на 3 ден ако имаш шанса. Нема потреба од брзање. Јас уште не добив... Некако ми е страв да направам тест. Некој немир осеќам, дали дека стресен и напнат период иам, преморена сум и исцрпена.
Мила, кај мене апдејт нема ништо, тек сега ми се плодните денови. Незнам оти ама ни имам надеж овој месец, ни немам. Цела сум шљакната, ама се надевам дека е на добро. Ти како си ми добра? Има нешто ново кај тебе? Ако добро се сеќавам, пред некој период ти дојде вештеркава, па ајде да се надеваме заедно на нешто најубаво на свет што ќе го имаме за брзо. Ден за (не)добивање ми е 8ми март. Пишите ми ги вашите кога се девојчиња, да направиме едно убаво списоче, да ја заличи темава. Да се пособериме повеќе и списокот е направен.
Те цитирам само да ти кажам мила дека премногу ми е жал што си добила, немој да се разочаруваш никако, сите ние во темава го одиме истиот пат, на крај верувај ќе ни се исплати и сите заедно ќе си пишуваме во труднички, верувај цврсто во тоа!! И јас таков немир осеќам секогаш кога ќе ми задоцни, кој знае од што е, не си сама мила. Како што читам ти доцни, ајде направи си едно тестче и израдувај не сите, ќе биди позитивен!!
Значи ние сме во скоро исти период моментално Добра сум фала му на Бога,исто периодов ми се плодни денови и термин за НЕдобивање како и тебе ми е 8ми март
Аиии, убавинииии. Епа, заедно ќе си го чекаме најубавиот женски празник, па ќе се надеваме на уште поубаво изненадување на самиот ден. Со Бог напред мила, ќе видеш дека овој пат ќе се израдуваме и двете.