Дојдов само да ви кажам дека сè ќе биде, само треба да имаме трпение и верба во Бога!! За дамите кои добија негативни тестови - следниот месец е ваш, верувам во тоа! Исплачете сè сега, ама утре бидете посилни од било кога!! Периодот кој е пред вас да ви биде исполнет со еуфорија и со многу работа на бебуш, се разбира. Бидете опуштени, имајте си романтична вечера со вашите партнери, зборувајте за животот, за бебуш каков ќе биде, какви очи ќе има. Па и не мора да е за бебуш - зборувајте за нешто што ве прави среќни и што ве возбудува, верувам дека секоја од вас има по нешто! Ќе направам едно мало списоче со дати за (не)добивање кое се надевам дека ќе се прошири, а тоа сега за сега изгледа вака: 24.02 - Katence_bebence 08.03 - Viktorijaaa5 08.03 - АнаМаријаД 08.03 - QweenSM Аииии, убавинииииии Мали работи, а колку среќни ме прават не сте свесни мили мои. Машалаааааа, овој женски празник верувам дека ќе биде најубав, како сме си се собрале баш за тогаш, топење! И за крај, една мотивирачка слика, која верувам на секоја ни е потребна. И извинете што сè на англиски сите, ама вакви убави и интересни на македонски јазик неможам да најдам.
Јас денес имам некој необични болки во долниот дел на стомакоткако за добивање , и бел густ исцедок и стомакот подуен како балон и баш овај месец не се оптереував со плодни денови па сега оставаме се во божји раце
Деновите после овулација (или two weeks wait) мене ми се гледаат како да траат цела вечност, а не две недели Се надевам овој март сите што се бориме ќе се израдуваме со две цртки.
Да, за бременост не смее да биде повисоко од 2,5. Јас имав 3.5 и кога го симнав на 2.5 останав бремена, додуша и други работи придонесоа ама знам дека тогаш тсх ми беше 2.5.
Не е невозможно да се забремени со толкаво Тсх, ама е потешко бидејќи смета на овулациите. Направи си комплетна проверка на тироидни хормони ако не си направила, со соодветна терапија лесно ќе се симне докај 1-2.
Здраво девојки може прашањево не е за тука пишав и во други теми али тука е по активно. Мм праеше спермограм на гак излезе една дијагноза а на хистологија друга .. кој од овие резултати е поверодостоен ? Фала ви
Ние правевме приватно, баш од тие причини, на микро му најдоа бактерија, што може да ја има само преку секс закачено, а јас бев чиста. Пошо нели кога би ја имал, а пробуваме активно за бебе, би ја имала и јас. Па матичната изреагира среќа, рече повторете уште еднаш, урологот исто.
Дојдов само да си кажам дека месецов се откажав од обиди, кукавички Наеднаш ми се јави некој страв и сега (ден после овулација) ми е криво. Инаку овулација на 23ти ден, втора менструација ќе ми биде оваа после спонтаниот. Ваљда и ради него е волку касно. И минатиот месец ми беше на 25ти ден. Следен месец нема да се откажам
Девојки, пред скоро една недела испитував хормони и како што напишав и тука ТСХ ми беше 4,25. Во меѓувреме почнав терапија, но ми предложија да испитам и антитела. Антителата се во ред, но ме загрижува тоа што ТСХ скокнало на речиси 5. Како е можно и покрај терапијата да се качува?