Јасно ми е дека не е како аналгин само не ми беше јасно од каде покачувањето на вредноста на тсх за кратко време. Фала во секој случај
Девојчиња. Да се пријавам дека сум 10дпо и уште малце се ближи денот на (не)добивање и мене се повеќе и повеќе ме фаќа возбуда, дај Боже само да е на арно. Од симптоми немам некои баш, глава ме болеше неколку денови, некои пецкања ги имав во јајници неќни кога станав од спиење и тоа. Редовно си пијам фолна, веќе и сум при крај со тегленцето. @Viktorijaaa5 @АнаМаријаД како сте ми мили, има нешто новичко кај вас? Ве гушкам сите, дај Боже да си видиме сите 2 црти во овој женски месец, имајте убав ден.
Комуницира ли некој со @*Лаванда* ? Знаете ли како е? Ја нема одамна па барем да знаеме дека е сè во ред...
За жал немам никаква информација девојки. Пишевме нонстоп до пред некое време, имаше обврски па неможеше редовно да ми пише и наеднаш ја снема. Натака ништо не знам, камоли да знаев. Ми фали и мене премногу, преблиски бевме, контакт цело време. Се надевам дека е добро нашето Лавандуле и дека е со позитивен тест. @*Лаванда* ако нѐ читаш од некаде мила, знај дека ни фалиш премногу, таква личност како тебе не се заборава, врати ни се!
Мис ју @*Лаванда* Се надевам се' е океј, а ти кога сакаш врати се. Не знаев кај да прашам, ако спамам избришете. https://cdn.shopify.com/s/files/1/0...SO_E1940_3D_render_800_2000x.jpg?v=1591628494 оваа ја зедов, метилирана фолна. Некој ми реплицираше по темава дека метилирана била препорачувана кај установени генетски мутации, јас неам испитувано ама ја зедов за секој случај. Ќе штети некако? Може требаше обична да земам. Мислење?
Кај мене нема ново ништо, градите ке ми пукнат од болка, чекаме денот на недобивање, па ке видиме, праќам гушкии
И јас оваа ја пијам мила, никој не ми спомнал дека е метилирана, само пофални зборови слушам за неа. Некоја поискусна да ни каже?
Јас пијам метилирана на Now, нема врска што е метилирана, ја прашав докторката ми рече нема гајле и да е и да не е , ама во случај да имаш генетски мутации се пие метилирана а и да немаш не штети ништо ако ја пиеш, така да пијте си ја нема гајле
Кај мене ништо,никаков сомптом ни за добивање ни за недобивање, како ќе биде така,здравје Фолна пиете по препорака или?
Нема врска тоа мила, знаеш колку останале трудни а немале никаков симптом? Надеж имај секогаш, немој никако да се разочаруваш и да мислиш негативно! Да, по препорака на мојата докторка и нормално, феминките тука. Бев во Јануар на генеколог за пап и онака да ме види на ехо дали е сè во ред и тогаш и кажав дека планирам бременост и веднаш ми рече да си ги земам ПреМама, ама јас веќе ги почнав на Соглар, да ги допијам па може и да земам ПреМама. Ти пиеш? И ако да, кои?
Не пијам затоа и прашувам кои пиете и дали по препорака наредно на прашам матичен па да видам што ќе каже.Пијам Pregnacare traing for a baby такво таблети веќе неколку месеци.
Прочитај на нив, сигурно содржат фолна. Сите витамини за пред и во бременост содржат колку што треба фолна киселина.
Баш бизнис Дафи. Мене докторот пред да забременам ми рече да почнам со Фемибион, ама не пиев. Кога останав бремена ми вика, пиј Премама. И сега тие ги пијам, ама ко ќе се породам ќе прекинам со пиење, нема потреба.