Мене матичната ми ги препорача Vital Pregna, бидејќи и кажав дека пробуваме. Па деновиве здравје кога ќе сум во можност ќе ги земам.
Hello my ladies! Еве ме мене со случувањата денес - некои болки во половина и бодежи во јајници. Се измерив и температура 36.6 - ама се мерев вечерта, а знам дека навечер се покачува температурата, ако грешам, слободно нека ме поправи некоја дама. Тест нема да правам сѐ додека не ми доцни (секако, ако издржам). Се наоружав со тестови - да не ме мислите. Небаре ќе снема тестови за бременост. Туку, оставете ме мене. Како сте вие, како ви врват деновиве? Имате нешто ново да пријавите? Знам дека секојдневното пишување на некоја овде не ви е ,,cup of tea,, ама ете, мојата пуста радозналост сака да знае што ви се дешава во овој период на исчекување. Многу сте ми тивки некако, ко да ќе биде затишје пред бура, па после како ќе паѓаат позитивните тестови како капките дожд надвор! Ве гушкам поддршко моја, и да знаете дека бебушките кога-тогаш ќе дојдат, а ние ќе бидеме пресреќни и во труднички ќе си пишуваме секој денннн! .
@DaisyDoo , @BayernKa , @SunnyHoney како сте ми дами? Одамна не сте пишале апдејт, и јас како најдосадна на темава, сакам да знам дали има нешто ново и дали сте ми добри? Ве мислам да знаете и ве гушкам сите - од прва до последна!
Јас правев хистероскопија на 16.февруари и сега чекам да добијам во среда па да се консултирам со гинекологот дали ќе може веднаш месецов да правиме инсеминација.
Здраво мила, јас ќе чекам месецов на 14ти да добијам, па после тоа да се пуштиме на работа зошто претходниот месец бевме на антибиотик ради бактеријата што ја имавме и не смеевме да имаме незаштитени... Фала богу од една доза се излечи и извадивме чисти резултати после 10 дена од антибиотик, но кога го добивме резултатот дека сме чисти и смееме да пробуваме мене ми беше 15 ти ден и мислам дека ми беше помината овулација па затоа овој месец не се надевам воопшто и чекам да дојде па од нареден месец со нови сили Ајде ти да не израдуваш сега месецов па да повлечеш нога за сите нас Гушкањеееее
Што да кажам освен желба за бременост огормна.Можам да кажам дека имам константно како предменструални болки за време на овулација и после овулација овој месец,еве повторно се појавуваат.Да, пазевме на плодни денови со желба за бејби.Константно имам како грчеви во долниот дел на стомакот,чуствувам подуеност,дали можеби овој пат ќе има позтивен тест?Јас сум нестрплива
Јас сум утнала ден, требало на 9ти да добијам, не на 8ми, така да ако се држи до новиот циклус ќе добијам денес. Грчеви, болкички имам, така да кај и да е ќе добијам. Ама месецов и очекувам.
Ееј @QweenSM само што се вратив од гинеколог, отидов мислејќи дека ќе уловам овулација. Ништо. Завршила. Денес или утре требаше да биде по мои пресметки... Така да ништо и овој месец како и последните не знам колку. Чекам од тебе убави вести
Еј мила, ти благодарам што ме мислиш денеска е денот, црвената сеуште ја нема на повидок. Тест нејќам уште сега да правам - само за да не си го расипам убавиот ден, убаво ми е тргнато. Секогаш има шанса го знам тоа, ама последните менструации цели ми беа улави, знаеше да ми задоцни 2/3 дена. Ќе почекам и ќе ви кажам за некој ден, стискајте палци мили. Се надевам ќе дојдам со убави вести и ќе ги повлечам сите, ајде Боже усреќи нѐ сите.
Феминки среќен празник најпрво! Овој месец бевме активни пред и за време на овулацијата. Овој месец малку покасно овулирав, а исто и менструација ми доаѓа отприлика на 30- 31 ден а некогаш знае и ден-два порано. Една недела пред менструација секогаш имам ПМС симптоми и секогаш болки во градите. Овој месец треба да ми дојде во следниве 2-3 дена, но проблемот е што овој месец не чувствувам никакви ПМС симптоми, немам воопшто никаква болка во градите а еве веќе денот за доаѓање се приближува. Тест сеуште не сум правела, ќе почекам до крајот на неделава. Ме интересира дали некој се најдел во ваква ситуација и дали ако случајно сум останала бремена до сега ќе се појавил некој симптом или сеуште е рано. Секогаш имам редовна менструација, никогаш вака не ми е било.
Јас немав баш никакви симптоми , а бев бремена . Можеш да си земеш Self clear ако не ти се чека тој ќе ти покаже ако има бременост.
И кај мене месецов изостануваат симптоми за добивање. Почнаа денес, односно сега, како пецкање струја во градите, како жештина во стомакот и прееска дури и во јајниците. Ама јас месецов не верувам дека сум забременила, пред се бидејќи испуштивме плодни денови според календар, а и такво ми е чувството, не знам, сигурна сум дека овој месец нема ништо. Здравје следниот ќе одам на преглед на канали а сопруг на спермограм. Минатите 4 циклуси ми поранија, овој утре е денот за добивање, па веројатно и ќе добијам, до тогаш не се замарам и се понашам нормално, денес си испив дури и 2 чаши узо и чаша вино, а сега ќе вежбам стомачни.
Ќе чекам до крајот на неделава, потоа веднаш земам тест Највеќе ме плаши немој некоја циста да ми се појавила па од тоа да ми касни, свашта ми се врти низ глава