Прв пат така ми се случува, бевме активни месецов за време на овулацијата, гледам немам никакви симптоми, си велам и едното да е и другото да е (или менструација или бременост) барем да чуствував некој симптом... Не знам, друго од што би можело да касни? А баш тој период на почетокот на овулацијата имав отидено чисто онака рутински преглед на гинеколог и баш ми кажа дека имам фоликул од 16мм...
Од кај ја земаш оваа фолна и колку е? Јас пред 3 години порачвав од Бугарија, па ако ми се исплати оваа да си ја земам..
Девојки тие што сте останале бремени, дали грчевите во стомакот почнавте да ги чувствувате деновите кога требаше да добиете или истите почнуваат порано или подоцна од денот на добивање?
Девојки вчера вечер и сабајле имав ситуација на бришење имав крв ама незнам од каде и вчера имав ставено влошка ставам вагиналети имаше крв на влошката,сега нема ништо се бришам нема,дали е можно да е имплантациско крварење денес ми е 11ден?
Јас имав исто само не на бришење туку на секојдневната и тоа 3-4 дена пред да добијам (но не добив) и беа неколку мали точки. Се надевам дека е имплантациско ❤❤❤
Негативен тест, ми доцни 3 дена. Немам надеж веќе, да имаше нешто ќе покажеше на волку доцнење. Многу се разочарав, кога ли ќе биде веќе? Каде грешам - еве незнам. Како и да е, повеќе надеж и среќа следен месец, а на вас останатите од срце ви посакувам позитивен тест.
Ќе биде! Не се напнувај, еве јас од обврски глава не можам да кренам, искрено тоа ми помага да не мислам. Ај да биде овој месец за двете, шо викаш?
Ќе биде за скоро кај секоја од нас на темава, после ќе неможеме да се изнапишеме во труднички. Сега ми преостанува уште да пристигне госпоѓава за да добијам нова надеж за следен циклус па ќе ја замолам вака јавно да дојде кога веќе нема ништо оти стварно станува неподнослива.