И кај мене нема ништо овој месец добив порано . Се надевам нареден месец ќе биде,имав голема надеж за овој месец.
Феминкиии здраво на сите…. Читам низ групиве и сега наидов на оваа и сфстив дека баш е за моментот во кој се наоѓам. Менструација добивам на 26,27,28,29ти ден -зависност како е расположена вештерката, а некогаш и порано ако сум многу физички активна. Овој месец добив на 29ти ден. Во средата 09ти март бев на гинеколог, тој виде два фоликули во левиот јаник, рече еве ги спремни се Четвртокот 10ти март правев тест за овулација и беа иста бојс цртите, следниот ден 11петок изутрина пак направив тест за овулација цртатс беше малку по светлс од контролната но не беше бледа. Кога се вратив од работа имав густ кремулав исцедок леплив што де растегаше (прв пат го видов тоа да излезе од меме ) вечерта имавме незаштитен однос и саботата изутрина… Што мислите, колкави се шансите да сме погодиле момент за оплодување?? Нова сум во темиве и само читам и во нетрпение сум сега… Ве поздравувам сите со позитива и ви посакувам мешиња набрзо за тие што вака чекаат како мене
Леле стварно е тешко чекањево, два дена поминаа како две недели, влегов у филм дека сум трудна готово Само што имам друга дилема, после односите во петокот не станав воопшто, дури следното утро, и имав како исцедок исушен утрината, ваљда беше сперма така ми личеше, и одма филм си напраив е нишо истекла… А за сценарија да си правам во глава многу ме бива… друго сценарио, бев одозгоре, па читав дека за зачнување таа поза воопшто не се препорачува… Страшна работа сме ние жените…
За тоа ич да не мислиш. Си оди таа кај што треба за помалку од секунда. Нема потреба да лежиш цела вечер, да креваш нозе и слично, ниту пак позата има врска. Јас на тоа не обрнував внимание, си станував одма и под туш. Како да лежам побогу, по нозе ми течеше Останав трудна петтиот месец активни обиди. Заврши со missed и од овој месец со нови сили почнувам пак
хахахах been there. Маж ти од денес нозе да ти масира од отоци, тој да мкни правосмукалка, корпи алишта и слично Имаше една стенд ап комичарка, заборавив име, трудна била и маж и нешто побарал од неа, а таа: "not now honey, I'm busy making an eyeball" така и ние
Хахахха имаш многу право… Ајде да се надеваме на позитивни тестичања, господ да не израдуваа со оваа среќа
Хахахахха како позитивно ме изнасмеа, филмот е направен почнувам да го живеам дека дум трудна Ахх пуста желба што ни прави туку кажете ми, смеам да си вежбам да си идам у теретана? Или да се чувам периодов од тежини, ради зачнувањето де
Јас немав гајле, тогаш околу цвеќињата копав, пренесував камења во кофа ептен се развреднив тогаш и еве 6ти месец сум сега.
И за тоа да ти кажам На почетокот маж ми ми замрче да не кревам голема тежина на тегови и ми ја стави мислата во глава. Мајка ми ми викаше да не седам на топло, да се облекувам и бла бла. Пресеков се и си продожив како ништо да не се случува како и што впрочем треба да биде. Значи ден пред да го направам тестот вежбав чучњеви со 40кг. После тоа не вежбав затоа што на прв преглед ми рекоа дека е ниско поставено.
Јас сум била трудна а не знаев. Во средата добив позитивен тест. А во вторникот на работа најтешката физичка работа мене ми ја дадоа, се откинав. Не само тој ден и претходните. И кога го видов тестот се плашев малку. Ама еве му благодарам на господ 19та недела терам. Сепак биди повнимателна, чувај се
Оооо што убава вест! Да си напредуваш добро и школски Сега ќе внимаваш со цвеќињата пошто мешето нема да ти го дозволува тоа