Денот на вљубените (Олаф Олафсон)

Дискусија во 'Книги' започната од Kiara, 13 февруари 2011.

  1. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    [​IMG]
    Ако сте љубители на нордискиот реализам, никако не смеете да ја пропуштите збирката раскази “Денот на вљубените“ на Олаф Олафсон. Се работи за дванаесет приказни именувани според месеците во годината.

    Приказните се тематски поврзани и истите многу вешто ги сликаат секојдневните моменти меѓу љубовниците, сопружниците, родителите и децата, емотивните конфликти меѓу истите, приближувајќи нѝ ја болката и истовремено радоста на живеењето.

    Ликовите на секоја од расказите се толку вешто насликани што секое чувство кое го пренесуваат изгледа толку хумано што помислувате дека ја слушате животната приказна на некој ваш близок роднина, пријател, колега...

    Така, на самиот почеток во расказот “Јануари“ го среќаваме Томас кој по 10 години сосем случајно ја среќава својата поранешна девојка која е тешко болна и умира. Во “Јули“ пак, еден фотограф, Магнус Тор, дознава дека е болен и токму болеста е таа која ќе го спречи да ја напушти својата сопруга и да замине на југот на Франција следејќи ја својата страст...

    Олафсон преку овие дванаесет раскази докажува дека е мајстор на дијалогот, толку вешт што силата на неговата проза нема да ви дозволи лесно да скокнете од еден расказ на друг, без да се замислите за судбината на ликовите која е всушност судбина на некој кој ние го познаваме: луѓе кои не безгрешни херои, туку човечки суштества подложни на грешки кои се сопнуваат и паѓаат, понекогаш стануваат, а понекогаш тој пад можеда ги чини и цел еден живот.

    И колку и комерцијално да ви звучи насловот на збирката раскази “Денот на вљубените“ на Олаф Олафсон, бидете сигурни дека нема да останете недопрени од јачината на прозниот дух на овој исландски писател.

    Преземено од сакам книги