Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ден Браун

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Strumfeta93, 18 октомври 2011.

  1. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Документарецот за Загубениот симбол кои работи се точни и кои не.
    Сепак Ден Браун си е Ден Браун и ако не беше некој автор нема книгите да му беа едни од најчитаните.
    http://www.youtube.com/watch?v=vuqwz4flCaI
     
  2. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Немам прочитано некоја книга од него ама го имам гледано филмот ,,The Da Vinci Code“,според романот ,,Кодот на Да Винчи“.Интересен филм.
     
  3. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    3.922
    Пол:
    Женски
    Омилен писател ми е, сум ги прочитала Кодот на Да Винчи, Загубениот симбол и Ангели и демони, сега ја читам Точка на измама и сум воодушевена од неговата интелигенција, информираноста за тие древни организации како Масоните и Илуминатите и мислам дека може многу да се сфати од неговите книги за животот и поттикнуваат на размислување..Истотака сметам дека може многу да се научи за градовите во кои се случуваат дејствата, некои знаменитости за кои нема толку детални и точни информации на википедија и плус некои зборови на латински јазик за кој мислам дека е жално што веќе изумре..Најмногу ми се допаѓа тоа што отворено ја кажува поврзаноста на горенаведените организации со владата и државата и дека моќните луѓе се тие кои го контролираат светот и им ги замачкуваат очите на народо и го лажат како мало дете. И после толку гледани видеа на јутуб и толку прочитани вести уверена сум дека сеуште постојат такви организации (како сакате наречете ги ) и дека сее дел од една голема измама, игра во која пиуните сме ние а коцките ги држат оние со позиција и длабок џеб.
     
  4. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа стилот на Ден Браун.
    Ги прочитав Кодот на Да Винчи, Ангели и демони и Загубениот симбол. Ми се допаднаа сите три книги. Но, во моментов не би читала некоја негова друга книга. Се заситив. Интересни описи, многу податоци,неизвесност до самиот крај... Јас ги доживувам како обичен роман/трилер, комерцијална приказна кој не може да влијае на моите религиски и други убедувања.
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eminil

    eminil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    130
    Браун...прво ја прочитав загубениот симбол а потоа кодот на да винчи и двете ги одолговлекував од проста причина што не сакав да ги прочитам пребрзо. Незаменлив стил, одлична тематика, добри настани, уште подобри ликови, прецизно избрани зборови :x . Читам горе многу негативни критики за кодот на да винчи. Мислам дека самиот бил многу свесен што пишува и што издава потоа. Точно е дека на почетокот на книгите има наведено дека делови од нив не се вистинити, и има наведено извори не знам точно дали на почетокот или на крајот од каде се информациите. Од сите негови книги има многу што да се научи (секако кој е заинтересиран за таква работа) и верувам дека нас не би ни текнало толку да седниме и да пребараме за многу од информациите што ги има во нив така да бидете му благодарни на човеков што барем ве натерал на тоа. После некое време налетав на некоја си друга книга демеееек вистината за кодот на да винчи така нешто од некоја си женичка. Книгата беше скроз негативна и читам читам читам жената упорно нешто ме убедува во кое што ни самата таа не верува. Очааај блага веза немаше книгата. Штета си викам за женава. А што се однесува за згубениот симбол од кога ја прочитав книгата симнав нешто мислеќи дека е филм, испадна дека е документарец така нешто објаснување и можам да кажам колку што се сеќавам 99% од информациите во неа се точни. Филмот за кодот на да винчи добар е колку што можи да биди во тие минути, се создава онака појасна слика за настаните не е лош. Мислам дека филмот ангели и демони е подобар се гледа од него дека книгата многу ветува. Зад добриот коњ прашина се крева .. така некако а хаха . Како и да е се гледа дека си ја знај работата човеков барем отворил многу прашања за дискусија и тие што критикуваат, пишуваат можат само да му се поклонат за стилот и напишаното. Искрено мислам дека е писател што премногу венсува од себе во книгите, што стварно ретко се наоѓа денес. Читајте го ако е ваш стил, никаде не ви напишал дека мора да верувате во него. (y)
     
    На elimkd, Lella и sparkle.q им се допаѓа ова.
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Убави книги, штом ми паднат в раце, не се одделувам од нив. Лесни за читање, многу сликовити, како филмови се :). Не ми се допаѓа само затоа што сите книги се врз основа на некои документарци што сум ги гледала на Discovery Chanel. Човеток буквално како да гледал документарец и одма после две-три истражувања на интернет пишува книга над 500 страни.
     
  7. antigona7

    antigona7 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Ги имам прочитано:
    Ангели и демони
    Точка на измама
    Кодот на Да Винчи
    Инферно
    Ми се допаѓа бидеќи секоја книга му се базира на многу истражувања. Неговите книги се чист вистина напишана на многу умешен начин.
    Периодов ќе ги дочитам и останатите негови книги...
     
    На sparkle.q му/ѝ се допаѓа ова.
  8. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Не го сакам oвој автор, ни сличните на него како Никола Спаркс, Пауло Коељо и што ти знам кои таму. Од едноставна причина: кич, штунд и комерцијала! Немам на што да им се дивам во нивните текстови. Ги имам дома некои од нив, седат во фиока, никако на полица! Сум ги добила на поклон од некои роднини, комшии за родендени, матури, апсолвентски, дипломски и слични на нив пригоди. Слушнале луѓето дека ја сакам книжевноста и мислат дека секоја испишана хартија (особено онаа во поголемите маркети, што ми е многу смешно) е книжевност! Епа драги мои, не е! Прашајте го било кој книжевник! За мене на пример е штета да го читам тоа и да губам време и очи, кога можам да прочитам нешто друго. Таквите како Ден Браун, секој може да ги чита и разбере, па и да напише такви текстови (велам текстови зошто не можам да речам дела, не се дела, не сакам да ја сквернарам и потценувам уметноста со нив). Ова не е само мое мислење, ова е нешто што сум го научила за книжевната уметност на факултет од професори, книжевноци, и е факт исто како што е факт дека земјата се врти околу сонцето а не обратно. Вие читајте си го Ден Браун, тоа си е ваше јас немам ништо против, само сакав да кажам што е квалитетно а што не е, од книжевен аспект.
     
    На Sofia* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Книжевните дела се фикција! Тоа значи дека она што е напишано во книгата е реалност во самата книга но не и надвор од неа. Ако некој напише дека е според вистинска приказна или дека е измислена тогаш ја губи уметничката вредност. Ете за пример ќе го земам "Хазарски речник" од Миодраг Павиќ. Авторот напишал две верзии на книгата: машка и женска. На почетокот авторот пишива откако ќе ја прочиташ книгата, првиот вторник што доаѓа да одиш на плоштад (бидејќи нели секој град има плоштад), во одреден час, имаше наведено, не се сеќавам во колку часот пишиваше, и ќе сретнеш да чека друг исто со книгата, па нешто неочекивано ќе се случи меѓу вас. Исто пишува дека тоа издание што го читаш не е оригинал, зароа што оригиналот бил проколнат, и кој го прочитал умрел веднаш по читањето. Во книгата се раскажува за хазарите, народ за кој историчарите не се сигурни дали постоел некогаш. Павиќ се што пишува за нив измислил, затоа што историски нема многу за хазарите и нивната култура. Па никаде не напишал дека се што кажал за нив е лага. Дечки, се подразбира дека е лага, ако не беше лага немаше да се вброи во роман, туку ќе беше историски текст. Зарем на секоја бајка треба да пишува дека е лага иначе ние нема да знаеме?
     
  10. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Го читав во еден период кога бев расположена за лесна литература која успева да ве отргне од суровата реалност. Не ме воодушеви нешто посебно. Според мене најлоша од сите книги што ги прочитав му е онаа за која најмногу се зборуваше - Кодот на Да Винчи а најоригинална приказна има Ангели и демони.
     
  11. sparkle.q

    sparkle.q Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    15
    Ден Браун.. човеков е ЛЕГЕНДА. Почнуваќи од „Дигитална тврдина“ , „Ангели и демони“ , „Точка на измама“ . „Кодот на Да Винчи“ , „Изгубениот симбол“ и се до неговото најново ремек дело „Инферно“ , типов ме остава без зборови секој пат. Книгиве ми се препрочитани неколку пати. Кога излезе Инферно, кај нас не беше стасана па ја порачував од кај една другарка која беше во Америка да ми ја купи и да ми ја прати, ете до толку не ми се чекаше. :lol:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Ја имам прочитано само Кодот на Да Винчи, секоја чест за таа книга. Феноменална е. Мислам дека е мојата најомилена книга, се мислев која е подобра, дали таа или Опасно блиску од Линвуд Баркли, но сепак Кодот на Да Винчи ми е книга на прво место. Верувам дека и другите книги му се добри па имам во план да побарам нешто друго од него.
     
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    @moon1 не знам како можеш Ден Браун да го ставаш во ист кош со горенаведените. Не дека јас не ги читам горенаведените, од сите имам по нешто прочитано. Но и тројцата пишуваат да не ги наречам романтични бљувотинки, иако оние на Гијом Мисо ми се допаднаа.
    Ден Браун е далеку од таквиот жанр, во неговите книги е главно историја на уметноста во комбинација со наука.
    И сите што викате лага било, не е лага туку теорија или пак обична претпоставка, самото име кажува - фикција, нешто фиктивно, не постои, вие одберете си дали ќе верувате или не. Фактите кои се точни ги пишува на почетокот.
     
  14. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Фикцијата не може да се дефинира како нешто што не постои зашто фикција е нешто што постои, фикцијата е реалност внатре во делото, но не надвор од него. Фикцијата е еден друг свет. Ако речеш дека не постои или дека е лага тоа е исто како да негираш дека постои друга планета (или свет) освен Земјата. Зошто? Оти е надвор од неа? Како што за нас постои време и простор, така и во делото постои фиктивно време и фиктивен простор кои течат и се одвиваат различно од нашите. Значи тоа е еден друг создаден свет, исто како што е создаден и нашиот, а нешто што е создадено значи ПОСТОИ. Не ги изедначувајте поимите фантазија, лага и фикција. Сите три постојат, имаат свет и творец на тој свет. Можеби и ние сме фикција создадена од некој што го нарекуваме Бог, а бог да има некој друг свој свет во кој живее со уште многу други богови кои исто така создаваат фикции и светови, па дури и се истоветуваме како да сме ликови од дело, велиме: судбина, како чкртнал господ така ќе ни биде, од пишаното не се бега... итн. Што значи тоа? Не значи ли дека Бог напишал дебел роман и го создал нашиот свет? Тогаш и за нас некој може да каже дека сме измислица, не постоиме. Но факт е дека ние постоиме и се што човек може да си замисли - постои. Сигурно сте го гледале детскиот филм со светот фантазија кој полека се руши затоа што сите освен едно дете, престанале да веруваат во фантазијата, па детето се обидува да го спаси тој свет. Ако некој не го гледал, нека го погледне, ќе сфати што постои а што не.
     
    Последна измена: 14 ноември 2015
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    @moon1 ептен избега од темата значи. Тука зборуваме за тоа дали во романите на Ден Браун има лаги. Има, она што во неговите романи се случува, не се случувало во вистинскиот свет. Не експлодирала никаква антиматерија над Ватикан, ниту пак се случила полициска мешаница како во Кодот на Да Винчи, уште помалку пак една третина од светов стана стерилен како во Инферно. Тоа провелкува дека и фактите во овие книги кои не се дадени како вистинити на почеток не значи дека се точни.
    А за тоа дали самите ние сме фикција, не би почнала да зборувам бидејќи ми е трошење време :D Ти ако сакаш верувај си и во пишани судбини и во паралелни универзуми, јас сум сигурна дека тоа не постои.
     
  16. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Тоа што го напишав не е моја теорија, тоа е теорија на книжевни научници. Тоа со бог е само една хипотеза, компарација, можност, а не тврдење. А за тоа дека ова дело е лажно, а она вистиито тврдам дека нема такво нешто и дека ниедно дело не може може да биде ни лажно ни вистонско. И да е напишано според вистинска приказна пак не е вистина, туку е фикција слична на настан од реалноста. Барем за книги не може туку така некој да речи дека тропам глупости. Јас сум дипломиран книжевник, и само сакав да споделам нешто од она што сум научилa. На факултет имав предмет со име: теорија на фикција и кога некој дава неточна дефиниција за нешто што е во моја област, дури и може да се каже дека должност ми е да исправам и да кажам како е. Само сакав само да ви ги проширам некои хоризонти. Се извинувам ако тоа ти смета. :)
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Во ред, изгледа сум те сфатила погрешно. Бидејќи темава е за Ден Браун, мислев дека зборуваш за неговите книги. Инаку, сигурно си во право за тоа што е фикција, штом имаш стручни познавања од таа област. Благодарам што ме поправи, иако сепак овие филозофии некако не ми се поклоопуваат. Нема врска, ајде било-поминало.
     
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите коментари и не ми се верува дека има негативни за Ден Браун
    Имам неколку другарки со кои ги разменувавме книгите и дискутиравме
    Прекрасни му се книгите, полни мистерија и неизвесност, толку многу може да се научи за ренесансата, за уметноста.
    Ги читав неговите дела со компјутерот пред мене пребарувајќи ги уметничките слики и објекти
     
    На Aleksandar1212 и one_girl им се допаѓа ова.
  19. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Ги имам прочитано "Ангели и демони" и "Кодот на Да Винчи". Прекрасни се и двете, поучни и многу ми се допаѓа начинот на пишување на Ден Браун. Планирам да ги прочитам и останатите негови книги.
     
    На zokipoki.1 и elimkd им се допаѓа ова.
  20. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Ден Браун никаде во своите книги не пишува дека ликовите и дејствијата што се случуваат и што ги опишува во книгите се вистинити, туку дека организациите, институциите, науката, цртежите и монументите кои се споменуваат во неговите книги се вистински.

    Не сум некој познавач на литературата за да одредам дали ова дело има вредност како уметничка творба, ама вака лаички ќе кажам дека стилот на пишување му е едноставен а книгите имаат повеќе информативен карактер и се полни со интриги и мистерии кои го задржуваат вниманието на читателот и пред се, се лесно разбирливи за читателската публика. Мене лично ми го задржа вниманието, особено со загубениот симбол и можам да кажам дека многу ме заинтригира тематиката што ја обработува во книгата па после барав по Интернет и други информации околу масоните и гледав документарци.