1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ден за ембрио трансфер & Natural Killer (NK) Cells тест

Дискусија во 'Бременост' започната од DTN, 22 јануари 2020.

  1. DTN

    DTN Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    1.006
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.
    Би сакала да споделиме искуства во врска со две теми поврзани со ин-витро (IVF):

    1. Одредувањето на т.н "open window" - или најпогоден ден за ембрио трансфер. Различни искуства се достапни online и секако зависат од различни фактори. Mоето лично искуство е следно, би сакала да ги слушнам и вашите:
      • Прв ембрио трансфер закажан на 14ти ден од циклус. Трансфер на 2 замрзнати ембриони.
      • Втор ембрио трансфер закажан на 17ти ден од циклус. Трансфер на 1 замрзнат ембрион.
      • Двата трансфери неуспешни (негативен b-HCG), имплантација не се случува.
    2. Natural Killer (NK) Cells тест. - Дали некој има искуство за овој тест, за кој веќе проверив дека не се изведува во Македонија (најверојатно во Софија, но каде поточно се уште сум во потрага). Кратко кажано - постојат истражувања кои ги поврзуваат високите вредности на NK cells со засилена имунолошка реакција на организмот да го "нападне" или одбие ембрионот. Најдов неколку истражувања за случаи како мојот (unexplained reoccurring implantation failure), каде што сите дијагностички/морфолошки/хормонски/генетски резултати се во ред но имплантација не се случува. Во случаите каде што се детектирани високи вредности на NK cells, пациентите се подложуваат на соодветна терапија за нормализирање на нивото на NK cells пред следниот IVF обид и одреден процент завршуваат со успех. Сепак се работи само за неколку истражувања и постојат поделени мислења за улогата на NK cells во целиот овој процес.