Уште од многу одамна луѓето сметале дека животниот пат на човекот се определува од денот на неговото раѓање, алудирајќи не само датумот, туку и на денот од седмицата. Затоа секогаш луѓето покажувале интерес за тоа какви пораки им праќа денот на нивното раѓање. Секој ден од седмицата има своја, скриена смисла, зад која може да се крие мистеријата на сето она што ни се случува. Понеделник Понеделник е еден убав ден. Човекот роден во понеделник ќе има добар живот, ќе биде многу сакан и ќе сака. Со убавината ќе ги импресионира сите околу него, а неговите очи ќе емитуваат неповторлива светлина, која ќе дејствува како магнет на околината. Вторник Вторник не е еден од најубавите денови. Родените на овој ден обично стануваат скандалозни, обично се богати и живеат подолго. Среда Родените во средата ќе доживеат длабока старост. Сакани се и верни, но не и богати. Но, ... парите не се сѐ во овој свет. Четврток Четврток е доста силен ден. Тој се смета за добар и за лош ден. Добар бидејќи човекот роден на овој ден е убав, со паметни очи и светло лице. Лош, зашто ќе е вечен скитник, без да успее да пушти корени каде и да било. Не сака да се врзува на едно место. Сака да оди и открива нови и непознати места, но штом ги разучи тие му стануваат здодевни и повторно тргнува во непозната насока. Петок Родените во петокот ќе успеат во животот-ќе добијат подобро образование, ќе имаат успешна кариера, ќе се збогатат, ќе живеат долго. Но ... секогаш ќе има нешто што ќе им недостасува. Сабота Ако се верува на народните верувања, човек роден во сабота ќе има гатачки способности и ќе може да гледа низ вратата на световите. Родените во сабота ќе се занимаваат со она што им се допаѓа и ќе имаат можност да патувааат, од нив можат да излезезат добри трговци. Недела Родените во недела се сметаат за среќници кои се наведени од судбината. Обично без да вложат посебни напори тие успеваат да постигнат сѐ во животот и добро семејство и богатство и слава. изворно
Ден од неделата во кој сте родени,значи... Јас сум родена во петок и да! Богами, увек, се’ нешто ми фали . Стандард шема ми е... се’ си сакам Ама, тоа препишете им го на Dreamy и El Rebelde.. или на тоа што сум си човек сепак . За долг живот не знам. Просто сумљам. Или Марс ќе ме среди или јас ќе го зафркнам и ќе се одјавам со достоинство - хемингвејски Сак мај блад вампру!!! ...Адиос хенте! Љуби вас крекачу! Мада, нема у тоа ништо достоинствено, али ми се чини ко подобра варијанта од она што марсов ми го нуди цц Во секој случај тре бизар и патетик загуба е играњето.. За богатство.. ако Сатурн да, а он ми не да! Петок и на посно мириса де Вели, стегни пантолите моме - be good! Освен ако... има една теорија де... ама сепак ништо! Пак зависи од марсот ако ми даде да проживеам до старини ... онда могуче. Није џаба. Али и сатурн е ко... пилче! Ништо од бизнисот Интелиџенте? Присутна!
Ден од неделата во кој сте родени,значи... И ја сум родена во петок и точно кажале: секогаш нешто ми фали
Ден од неделата во кој сте родени,значи... Моето тотално промашување, среќа неам, а за ова дека без напори постифнувам се хмм малце потешко ако не се борам до крај тешко...
Ден од неделата во кој сте родени,значи... Сабота Ако се верува на народните верувања, човек роден во сабота ќе има гатачки способности и ќе може да гледа низ вратата на световите. Родените во сабота ќе се занимаваат со она што им се допаѓа и ќе имаат можност да патувааат, од нив можат да излезезат добри трговци. Гатачки способности ... може да се каже имам некое шесто сетило ... викаат знам додбро да предвидам или проценам и трефнам ... ама за другите, за себе сум тапа. Занимање со она што ми се допаѓа?? Може ... еден ден. А патувања, тоа треба да се реши и оде Џулс
Ден од неделата во кој сте родени,значи... Понеделник Понеделник е еден убав ден. Човекот роден во понеделник ќе има добар живот, ќе биде многу сакан и ќе сака. Со убавината ќе ги импресионира сите околу него, а неговите очи ќе емитуваат неповторлива светлина, која ќе дејствува како магнет на околината. Jао, абре што да ти кажам веќе
Ден од неделата во кој сте родени,значи... Но ... секогаш ќе има нешто што ќе им недостасува. елај разбери се
Ден од неделата во кој сте родени,значи... Четврток.. Па и незнам баш, од она до сега и не е баш точно, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите натака
Ден од неделата во кој сте родени,значи... Јас сум родена во среда и баш ми се допадна делот ,,ќе доживета длабока старост,, Браво за Сноу се некои интересни теми и текнуваат.
Ден од неделата во кој сте родени,значи... Вторник Вторник не е еден од најубавите денови. Родените на овој ден обично стануваат скандалозни, обично се богати и живеат подолго. Па што и да не е најубав ден, важно ќе живеам подолго и ќе имам пари.. И мојата машина за перење е не најубава ама пере ко ѓавол!
Ден од неделата во кој сте родени,значи... Среда... хм Не сакам да доживеам длабока старост, тоа секогаш си го викам , верна баш и не сум , а богата си сум бе. Имам ферари во гаража.
Ден од неделата во кој сте родени,значи... Јас сум родена Сабота и баш е точно напишаното. Имам многу силни претчувства и за добро и зло... А имам приметено и многу ми се исполнува кога ќе подречам некого за нешто!
Хмм, ме замисли...можно е, можно е... Aууу и лудо ми била колешка...абе ние убавите си зрачиме и преку форум
Вторник Вторник не е еден од најубавите денови. Родените на овој ден обично стануваат скандалозни, обично се богати и живеат подолго. Па што знам