Денот пред испит прво доучувава тоа што ми останало,па касно вечерта почнував да повторувам од почеток и така до сабајле па право на испит.Поготово посследната година такво ми беше темпото секоја сесија и богами се исплатеше
јас учам два дена пред испит,но онака на ладеж и после ми недостасува време бидејќи јас си се замарам со други работи и не можам да постигам се.Затоа ако на примр испитот ми е во 8,јас станувам во 5 го учам тоа што не сум го научила и прелистувам уште еднаш се и одам на испит... :geek: :geek: :geek:
ден пред испит сум на фејсбука ама после пред врата поарно не ме гледај каква сум,на пример денес полагав а синоќа правев караоке дома,значи не се замарам многу дента пред испит.
јас уште на денот пред испит имам домашна трема хаха, како луда читам а обично испитите ми се вежби бидејќи сум јазици, а за некои испити каде што треба бубење ништо не можам да научам колку мразам учење на памет!!!!
ГО спремам порано и на крај мислам дека ништо не знам, и после пак 10 ама у суштина го повторувам најтешкото, и и секако нови термини, липиди, протеини, латински некои називи.. и да, најјак филинг во автобус со колегата кога повторуваме на глас во 6 сабајле, а луѓево околу само не оговараат и прават фаци кога ќе не видат
еве сега ми е ден пред испит, го делам материјалот на лесни делови и на тешки, лесниот дел го читам уште 2 3 пати а тешкиот се обидувам да го научам,а останатите поделби на ливчиња ги пишувам за препишување ако можам, ама тешко... а денес толку беше ќе одам кај другарка на оѓин во Мичурин
Ден пред испит повторувам,но не се преоптоварувам многу.Си читкам само некаде до кај 18 часот и после тоа си се одмарам.Има ситуација кога едвај чекам да дојде времето за полагање,да полагам и да си завршам со тоа.
Изгледа само јас на денот пред испит си уживам. Пробувам максимално да се релаксирам, и да не мислам на тестовите. А потоа си легнувам да се наспијам како човек, и да бидам одморена и свежа.
Многу малку полагав на испит повеќето предмети ги поминував на колоквиуми, па имав 4 до 5 колоквиуми во една недела. Таа недела бев ко зомби. Спиење малку ноќно време, учење постојано, јас учам на глас и постојано си зборувам во себе Ќе одев ќе полагав, дома 2-3 саати да се одморам и пак нова тура. А за испит ми беше полесно зашто ако некој предмет беше исклучиво на испит тоа се случуваше по 1 во испитна сесија. Па имав доста време да го спремам и релаксирана сум пред испит. Трема секогаш имам и пред испит, и пред колоквиум и пред бранење семинарска пред се А најинтересно пред испити колоквиуми неколку недели пред полагањата кога почнував да ги спремам се ми беше интересно, на ФБ е интересно, сите серии шпански, турски секакви ми беа интересни и за прв пат ги гледав а сите знаат дека мразам таков вид серии освен пред испити , секоја емисија ми беше интересна, ма се ми беше поинтересно
Еве јас утре полагам, а денес седнав да учам. Поточно пред некој саат време, а се спремав уште од минатата недела, ама се нешто зафатена бев и немав време
Од лично искуство, на испит ненаспани - никако. Се имам зезнато неколку пати така, ненаспана на испит, не ми функционира мозокот и залудно ми било учењето.
Ден пред испит учам ко ненормална. Поточно дента спијам скоро цел ден, па потоа од кај 9 вечерта до испитот другиот ден не станувам од над книга. Не памтам последно кога сум спиела вечерта пред испит. Така сум навикната, а и пореметен ми е биоритамот поради учењето, најубаво ми е навечер, како што кажав после 9 вечерта. Нема што да ми го одзема вниманието.
ден пред испит ... уфф, тогаш седнувам да учам, ако предходно сум го учела материјалот ок, но ако ми е тоа прв контакт со материјата многу јасно паѓам и па уште после се чудам зошто )) се туфкам недела дена предходно, а ден пред испит си средувам низ соба, средувам компјутер, гледам неизгледани филмови, се средувам себе си (физички), се освен учење ! каков кретен сум ти јас значи ! и да овој ден сум најненајаденото и најненаспаното суштество на планетава
Сите предмети(вкупно 5) морам да ги полагам на завршни испити. Преку колоквиумите, семинарските, предавањата и вежбите собираме поени за да одиме на испит. Од 1ви до 15ти февруари ми трае сесијата. Секој ден си велам дека ќе почнам да учам ама книга не ми се фаќа. Ланската година поминав супер од прва ги положив сите испити и тоа со високи оценки. Ама сега, слабо некако Инаку ден пред испит, не се тревожам многу, бидејќи знам дека сум учела и не дозволувам тремата да ме совлада. Се трудам што подобро да се спремам за да не утнам. Се надевам дека добро ќе поминам и на следнава сесија.
па тие 2-3 недели кога учам сум како зомби, се ме нервира, дневна светлина ми смета..... се изолирам од надворешен свет и онака раат, сама си бубам. Ден пред испит повторувам тоа што е потешко, си легнувам во 2-3, станувам во 6 и учам дур не појдам на факултет. Е таму ме фаќаат паники, па вртам по ходници, јадам нешто благо, одвај чекам да почнам да пишувам нешто зошто си мислам дека секоја минута губам дел од тоа што сум го научила
Јас секогаш чекам 5 до 12 за да учам,така да на денот пред испит јас се решавам да фатам книга,а и се случува баш така да положам.
морам да признаам во средно бев поодговорна, пред тест бев смирена спиев само ќе повторев и толку. Сега учам доучувам тогаш сум во тесно... Сега за фискално абре полагам у 1 јас во 12 ипол читам послените страни за даночно ослободување Мајка ми се нервира и врие ама не ми збори да не се нервирам и јас.. Само за кај Арчи учам со недели за да биде океј.... Многу испити,многу стресови, тој ден доста напето и вечно НЕНАСПИЕНА СУМ! Ама серија една мора за релаксирање