Тој ден јас се мислам дали ќе имам време уште еднаш барем да го прочитам материјалов. И нормално сум со книгата во рака цел ден, не дека учам баш цел ден туку си гледам телевизија, па малку на прошетка, па гледање у ѕид едни добри четири саати и така поминува денот А се случува и тој ден да учам нешто што не сум стигнала да го научам и претходните денови
Е јас секогаш повторувам на ден пред испит (т.е. колоквиум), никогаш не можам да се опуштам на ден пред колоквиум. Зошто?! Затоа што е проклет ден пред колоквиум! Дури и кога ќе си легнам не спијам како што треба и цела вечер во сон си го прераскажувам материјалот Доволни ми се 3-4 часа, само колку да се залажам дека сум спиела, а сабајлето не само што не ми се спие, туку одвај чекам да станам, да отидам и да го напишам проклетиот колоквиум Еднаш и не спиев цела вечер и се помина во најдобар ред, едно кафенце сабајле, миење лице и како нова А и како што ми се ставени сите колоквиуми во една недела, мислам дека откачувам таа недела. Многу јадам, малку спијам...потоа ми требаат неколку дена рехабилитација
Јас најголемиот дел од материјалот го учев баш на тој ден. Што да правам, оставав се за последен момент На денот на испитот станував порано, го повторував еднаш материјалот и тоа е тоа. И добро поминав
Дали би било паметно да се напијам дијазепам пред усен испит ? Имам многу трема а и прв усен испит ќе ми е .. Дали да се напијам пред спиење или пред испитот ?
Мене ни дијазепам ми помага ни ништо кога треба да одговарам пред професор но можеби тебе ќе ти помогне напиј се едно од 2 мг кога веќе си решила 2-3 часа пред испитот зашто сепак треба време да делува Иако јас би рекла нешто на природна база да земеш како Персен помага и ова доста само треба малце подолго да ги пиеш не знам дали имаш време за тоа.
Мене доктор ми препиша Персен, ми рече да го пијам цела недела кога имам некој важен испит или не знам, нешто сум потресена..Ама многу ме боли стомак од Персенот .. Земав само еднаш, и толку.
Нема потреба од толку потресување, да малце е страшно бар за мене да седиш пред професор и да одговараш, ама поминува брзо тоа, мене дијазепамот воопшто не ми помага , имам пиено и пак сум се тресела и плашела Но, секој организам е различен, не значи тоа дека и кај тебе нема да делува..
Не би било ако пиеш прв пат и не знаеш како ќе ти делува. Мене лично се појако од Б6 ме успива страшно и немам концентрација за ништо, а тоа најмалце го сакам пред испит. Ако си пиела и знаеш како ти делуваат онда ок.
Јас во средно имав една многу страшна професорка а морав усно да одговарам, ептен се тресев од неа и се напив дијазепам ама ништо не ми помогна Изгледа не делуваат апчиња на мене. Ако си сигурна дека тебе ќе ти делува како што рекоа пред мене, може да се напиеш, барем ќе те смири, сепак и тоа влијае на одворот. Те сфаќам како ти е, и јас имам уплав од усно, среќа сега на факултет немам
Последнава сесија што ми заврши пред два дена, релативно одлично, па и повеќе од тоа можам да каам, каде имав збиени термини за пoлагање, ми покажа дека јас солидно работам под притисок. Немаше многу денови измеѓу испитите и буквално главното што требаше да ми остане во глава беше ден два пред испитот. И за среќа успеав се ефективно да совладам, и да положам испити со 9ка или 10ка. Порано ден пред испит само повторував, сега ми дојде да учам ама она здраво да прочитам цела книга последниов пат. Стресно е не викам не, ама вроди позитивни резултати. Не дека ќе се осврнувам и понатака на ова, иаку не дека нешто којнае колку време спремам испит, ама пак ваков распоред до сега ми беше најужасен од сите. За 2 предмета имав време да ги спремам по недела до 2,ама останатите 3 буквално по 4 дена за секој. Јас викам кога се сака се` се може. И прв пат отидов на испит не спиена, ама она ни пола саат не спиена, затворив очи 15 минути и се разбудив како да сум спиела 12 саати. Лошо чувство е, не знам како не колабрирав, ама кога во помалку од 24 часа ми закажаа 2 испита,неможев да спијам од страв дека ќе паднам и нема да успеам се да доповторам. Затоа сеа неможам да се донаспијам
Сепак нема да ризикувам, и ќе терам само со нешто послабо, може Б6 или чај од валеријана... Немој да ме успие дијазепамот па ништо да не ми текне ... Може треба да пробам еднаш да видам како ќе ми делува
^ Не мораш дијазепам, една ракиичка дрмни, ќе се опуштиш... И после, многу многу мастики Ден пред испит, уф, пошандрцам. Не повторувам, бидејќи нема што да повторам, туку учам. Секогаш, ама секогаш ќе речам, ааа се ќе имам научено да повторам, и развлечкувам, ме мрзи, па мора барем дел да оставам за ден пред испит. И обично тој дел најубаво го знам.
Лелее, да фатам стварно тоа да направам Очај сум и цела тема ја напнав, ама прв усен испит ми е и плус тоа на друг јазик и не да сум испаничена Ќе видам, ако нема друго чаре ќе опнам една жолта и има да пеам на испит
Инаку јас ден пред испит т.е колоквиум ептен сум опуштена, сеа не дека имам некое којзнае колкаво искуство ама еве првава година.. Пред да полагам сметководство вечерта бев во Стоби па во Ванила , пред статистика дента бев на стаза да трчам... Незнам, ама јас неможам да се напињам тој ден, ептен ми се меша бе И не останувам нешто ептеен касно да учам, само за економија втор колоквиум останав и демек ќе решавам прашања и ниедно незнаев, се ми се измеша фрлив и книга и се и легнав да спијам. Сабајлето се ми беше на место, значи за мене само одморен мозок е мајката
Јас ден пред испит не знам главата кај ми е , најчесто имам уште малку помалку од пола до една третина од материјалот за учење , како ке станам седнувам да учам и учам додека да појдам да полагам , немам многу време за повторување пошто неретко се случува да не сум го ни доучила материјалот , цела вечер пијам многу нес кафиња со исто многу млекце , си кажувам дека веќе никогаш нема да се оставам вака и дека ако положам сега ветувам дека наредниот пат редовно ќе учам , ама наредниот пат истата приказна ,ама што да праиш ваљда у тоа ми е среќата
девојки да ве прашам,можда сум оф топик ама прва година сум,како успевате да го исчистите семестарот на колоквиуми,учите ли секој ден ? прва година сум,почнувам со ред да учам и незнам дали ќе постигнам се
Сé до оваа сесија, мислев дека ми треба минимум 6 часа сон пред испит и дека после учењето морам да преспијам, за да ми „легне“ знаењето Ама оваа сесија поради пореметениот распоред, морав да станувам околу 4-5 наутро, да учам, па да одам на испит. И зачудувачки - таквата практика се покажа како подобра. Некако посвежа бев наутро, ќе си сварев кафе, мир и тишина во куќа и маало, па полесно се учеше.
Еве сум и јас, ден пред испит. Испитот за дипломирање. Како и за време на цело факултетско образование, не се замарам. Ако не биде утре, ќе биде нареден пат. Поише се нервирам што треба да добијам утре, па заради хормониве се расправам кај ќе стигнам. А за испитите никогаш не се секирав. Добро, се секирав за услов коа ми беше. Па да си се вратам на учење сега... Или уште малку на фемина ќе си поседам...