Пробав секако и не успеав да го положам испитот,од материјалот веќе ми се лоши мислам се веќе знам на памет,незнам што ми се случува,како да и пристапам на професорката до 6ка да ми пишии и веќе да не се масирам со тој предмет
На почеток на студирањето ден пред испит паничарев, се мачев со трема, нервози и сл. После, со тек на време се тоа стивнуваше, а сега после 5 години искуство сум скроз искулирана. Читнувам нешто што не сум баш сигурна и си одмарам. Имам уште еден испит и ќе се спасам засекогаш .
Обично повторувам ден пред испит..но,ми се десило и да седнам вечерта во 2 саат и да си кажам "Е сега идеме јако..има да го испоисположам иситов"..Обично тоа се дешава додека лежам на кревет и сум со телефонот во рака..Идеме јако,идеме најјако вечерва,мора ова да го положам за да уживам цело лето,И ЌЕ ГО ПОЛОЖАМ..и пуштам јутјуб клипчиња..и вечерта си ја терам така...Ме фаќало 4 5 саат со непрочитана прва страна од планираното да го учам таа вечер..знам да бидам многу неорганизирана..И уште кога ќе искочам од полагање си викам ај ќе го положиш сигурно испитов,добра логичарка си...браво,баш си логичар jloves
Ден пред испит си се шеткам ваму таму, пијам кафенце и вечерта сакам добро да одморам, ќе си легнам порано и си спијам безгрижно. Најлесно и најздарво ми е така. Инаку ќе паничам цела вечер и ќе минувам низ безпотребни нервози и стресови. Сега за сега ми функционира ова ама ќе видиме до кога..
Секој ден стојам до 2-3 саат по полноќ, само пред испит или колоквиум си легнувам во 11 демек да сум одморена, што знам знам сигурно нема ништо ново на полноќ да научам ( така си се тешам) И воопшто тогаш немам трема, ама затоа 30 мин пред испит е јакото тие минути читам и паники ме тресат како луда. Вечерта пред испит нема да научам, ама затоа 30 мин пред испит е тогаш се учи бе лепотице. И најсериозно пред усен испит, во втор или трет семестар, буквално тогаш најдов некое делче во скриптата што сум го прескокнала и не сум се вратила на него...15тина минути пред испит го читав, се исклучив од реалноста за момент и верувале или не за тоа ме праша. Не знаете колку е убаво чувството да ве праша за нешто свежо читано, тогаш тазе во мозокот. Кога почнав да филозофирам 9ка ми пиша Затоа не паничете цел ден туку саат време пред испит. По можност тогаш учете, инаку не мора ич да читате...
слично и мене ми се случува дури и последен испит ми и никако не можам да го положам испитот.во една година 4пати ме бутна дури веќе не ми се ни оди да полагам
Ден пред испит најчесто го повторувам материјалот и ги читам тие делови кои ми биле потешки при учење.Знам дека е лоша навика..ама вечерта пред испит не спијам.И да легнам не можам да заспијам, си правам филмови во глава како ќе тече испитот, што би можело да се падне итн итн..И мн голема паничарка сум.Ако заспијам се се сведува на пола саат-саат и тогаш ми ѕвони алармот, пијам енергетски или кафе ,повторно повторувам по пат во автобус додека не стигнам до факс и тоа би било тоа.
Koga bev mlada den pred ispit nisto neucev. Sto sum naucila toa bese, den za relaksacija. Vtoriot pat koga studirav, postara, so drugi filozofii. Ucev pred ispit i panika ogromna me tresese. Mnogu negativna rabota.
Кога бев на факултет, учев и паничев цели 4 години пред секој испит. Кога бев на постдипломски, неколку години покасно, ден пред испит бев искулирана и учев. Кога полагав странски јазици, мува не ме лазеше ама учев ден пред испит. Кога полагав правосуден, учев, плачев и му викав на сопругот дека ќе паднам и ќе си умрам од мака. Зависи изгледа колку сериозно сум ги сфаќала испитите.