море девојчиња не можам за џабе купив депилатор. ме боли страшно некако едната нога до пола ќе ја издепилирам,ќе плачам,ќе врекам ама ќе биди ама на втората не можам да поднесам па мавам бикче не знам зошто восок не ме боли а ова е страшно да не има некој депилатор кој не нанесува голема болка како да го касат пчели
И јас бев иста на почеток, на секоја минута, две - престанував со депилирање. Викав, пискав, многу ме болеше. Неколку пати и јас го баталив депилаторот, почнав со брич. Сите ми викаа да издржам првите неколку пати со депилатор, колку да се навикнам, после лесно ќе било, ама мене не ми се веруваше. Си мислев, што има врска тоа дали сум навикната или не, кога вади од корен - мора да боли. Ама стиснав заби, и еве, сега воопшто немам маки при депилирање. По се изгледа - се навикнав. Пробај еднаш, два пати, ќе видиш дека малку по малку ќе се навикнеш. Со депилаторот влакната откако ќе пораснат не се оштри како со бричот. Голем плус според мене. Штом јас издржав и се навикнав на депилатор, верувај - секој може.
И мене на почеток ме болеше многу и го баталив, со години си стоеше у фиока дури мака ми беше за парите што ги дадов.Но после мечка страв мене не,почнав полека полека редовно со него да се депилирам и после неколку пати мислам дека се привикнав па прекина да ме боли.Сеа повеке ме скокотка отколку што осекам болка. Се е до навика,така да пробај неколку пати стисни заби и ке видиш дека после некое време ке престане да те боли. П.С да не заборавам, треба влакната да ти се кратки така барем мене помалце ме боли.Кога се долги ги кине и може и да не ти ги вади од корен а и поише боли зашто ги тегне.
Немате проблем со поткожни влакна со депилаторот?Јас си купив и се депилирав неколку месеци ама после мака видов со поткожни влакна едно по едно ги вадев со пинцета...Сега депилаторот само за рацете го користам...
me interesira dali nekoj go ima koristeno ovoj epilator ? http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... kBIsULCSV0
12masima snow олку го зеде депилаторот? дали убаво го испроба и дали си задоволна [/quote] 1500 од Нептун и 2 години гаранција Кога останав јас жива добро е значи сите можите да издржите Одпрво боли,пецка.. ама ќе се навикне човек Ете сега и за рацете почнав да го употребувам, па ќе видиме како ќе се покажи за во иднина
Според мое мислење ова не вреди да се купува, можеби е ефикасен, ама со оглед на тоа што работи само со гел, што ќе правиш откога ќе ти се потроши? а башка што не е многу количински... ако си за депилатор, убаво разгледај ги претходните мислења на темава, и тој депилатор што е најмногу препорачуван....... пробај
сигурно работат така што гелот после се купува само од кај нив или можеби го има во аптека зошто ласерските третмани се праат со ваков гел , мене ми е тоа што КАО се работи за трајна депилација и ова е ласер ама никој изглеа го нема користено и неможам да слушнам мислење
Јас го имам овој на Браун повеќе од 5 год. и презадоволна сум, ич не ме боли и супер ги вади влакненцата. Но сепак зависи од тоа колку ти се густи, тврди / меки и сл. Јас имам светла коса и влакненцата ми се меки и бели...
JAS KORISTAM OD ,,BRAUN,,-ZELENIOT I SUM PREZADOVOLNA,PORANO GO KORISTEV EPIL LADY AMA SO NEGO BOLI A I NE E TOLKU EFIKASEN
што да му напрам јас на мојот некако овие сечилата (како се викаат они што кубат влакната) ми пожолтеа по секоја употреба го полевам со ракија или го оставам 10тина минути и сега гледам пожолтеани се. Што да му направам?
Девојки како сте задоволни од депилаторов? Има некоја од вас со тенки, светли влакна да ми каже искуство со него? Фала ви.
Другарка ми го има црниот од твојот пост, а јас го имам овој и двата се ОДЛИЧНИ, јас сум презадоволна, а и другарка ми. Впрочем немаат некоја голема разлика. Само црниот што има плус додаток за осетливите делови и затоа е малку поскап, се друго им е целосно исто. Инаку ако се мислиш дали да го купиш мој совет ти е веднаш да си го земеш небитно кој и двата се одлични.
Дечки да не знаете негде низ Битола каде можам да го поправам депилаторот.. Се работи само не вртат тие што кубат
Најефтините мислам до 1 000 ден се,јас веќе 2 години употребувам Филипс 1 800 го земав од Нептун ама мн подкожни ми излегуваат на нозете
Конечно и јас си купов депилатор Скоро го зедов овој сега за сега задоволна сум. Само што нема четкичка за чистење на влакната,(мислам дека некои депилатори имаат) или овие на филипс немаат или пак заборавиле да ја стават во кутијата.
Мислам дека немаат четкички. И јас имам ваков сличен и во мојата кутија немаше. Ама мислам дека има упатство за миење. Го вадиш горниот дел и само под млаз вода и готово. Ама не претерувај, немора на секое депилирање, нема да ти се заглавуваат влакненца, многу ретко, сите паѓаат при депилирањето.