Пред некој ден го купив Филипс оној без додаток ии денес за прв пат го користев амаа болиии Постои ли нешто за ублажување на болка? Зошто неможам да издржам одвај ги издепелирав до колена..
Јас до пред неколку месеци се депилирав со восок и секогаш го имав истиот проблем, морав да чекам да ми пораснат влакната за да се депилирам. На крајот попуштив и сакав, не сакав морав да започнам да се депилирам со депилатор. Откогаш сум презадоволна и на повеќето делови од телото се депилирам со депилатор на неколку денови и не оставам веќе како ни влакно да ми порасне, а да не се издепилирам. Инаку го користам депилиратор од Rowenta Колку што знам не постои такво нешто. Инаку многу е нормално да има болки, зашто сега си го земала и претпоставувам дека не си се депилирала некогаш со депилатор или пак си се депилирала ама не било често. Сепак мораш да издржиш за убавина, ќе видиш со текот на времето болките ќе се намалуваат. Истото и кај мене беше во почетокот
Спојлер тоа е мојот , задоволна сум , за болење и не ме боли толку баш , ко на пр. поболни ми биле некои менструални болки , ова некако повеќе пецка
Jас сум задоволна, го имам подолго од година, редовно се депилирам со него и ме служи одлично. Mене не ме боли премногу, после првата минута се навикнувам на болката и не е страшно
има и од 5000ден. има и од 1000 и нешто. читав на темава и сум малце во дилеми, ама сепак мислам дека филипс од 1800 ќе земам. основно прашање ми е на колку време растат влакната и дали можам да се депилирам на препоните? фала
Го имам овој на philips hp 6402, задоволна сум. Ма се заљубив во него. Цена: 1.899 ден. За болка боли ама ништо страшно ко што преувеличуваат, се навикуваш брзо. •21 ротирачки дискови за депилација •2 брзини •Главата може да се пере со вода •Четкичка за чистење (кај мене немаше) •Гаранција: 2 години
Го користам овој веќе 3-4 години, до пред некое време ги депилирав само рацете, а сега почнав и нозете. На почеток боли ама после се привикнувам
Исти имаме Првиов го користам само за интимна депилација, а вториов за раце и нозе, и ептен сум задоволна и од двата А за болката, јас се привикнав веќе и не ме боли како на почетокот, ама може понекогаш секундарно да осетам болка, на почувствителните места
И јас го имам овој, некои 4-5 години веќе, и не сум имала проблеми, не се расипал или нешто слично.. Задоволна сум, и јас како Еленаааааа, после првата минута се навикнувам на болката. А повеќе го користам за рацете
Се депилирам со депилатор на БРАУН многу години и сега знаете како ми е можам сама да се депилирам и кафе да пијам... не боли воопшто само ги осеќам влакненцата како излегуваат Девојки фрлете тоа бричот боли неколку пати после е супер, нема болка и да... раат си подолго време.
кај мене 2 недели само е лошо што не ми ги потфака сите мал процент ги кине и за недела морам пак да поминам минимално
Јас го имам овај и еве сега прв пат се депилирам со него, а и воопшто со депилатор ми е првпат. Ми требаше психички да се подготвам на рацете супер поминав само малку пецкање осетив никакви болки. Ама нозеве неможам бе ме боли сакам убаво да си ги средам ама незнам како ќе издржам А имам и прашање до тие што го имате депиаторов. Дали имате некои додатоци? Во упатството си пишува дека има а кај мене нема ништо такво. Само депилаторот, полнач и четкиче.
Јас го имам истиот. Тоа е основниот модел затоа ги нема додатоците, а упатството се однесува на сите модели од таа серија. Не се откажувај , стисни заби и издржи. Нареден пат ќе те боли мн помалку и како што повеќе се депилираш се помалку ќе боли (барем кај мене беше така)
Вчера го купив овој депилатор, пробав на некои делови од рацете да поминам со него и добро го сече влакната,не боли, и сега затоа се мислам дали ќе врши работа не треба да има некаква болка. Јас чувствувам масажа а не болка ама ги вади влакната сепак. Сега ако ми растат пак исто како со бричот тогаш би требало да земам некој посилен баш ќе видиме