Јас го имам оваков Филипсов, и сум задоволна. Нема иритација на кожата, влакна се меки кога растат, а не како после бричење кога се оштри и дебели. Не може да ти растат како со бричот, сепак ако ги вади влакната, а не ги сече(кине) нема врска јачина со тоа. Лично мислам дека секој депилатор врши работа, потребно е само да додека се депилираш го држиш депилаторот под прав агол и секогаш да одиш во спротивен правец од растот на влакното. Исто би ти препорачала да се депилираш веднаш после туширање, тогаш порите се отворени и уште полесно е. А за болката, мислам тоа е индивидуална работа, мојот праг на болка е релативно низок, мислев никогаш нема да издржам колкава кукавица сум, ама ете кога од прв пат успеав цели нозе да издепилирам од прва, секој може тогаш
вчера за 8ми март и купивме на мама депилатор бидејки сама си го одбра тој поклон али прва ја почнав да го користам е сега сакам да прашам послем депилирање што да ставам на кожата,некој гел или бебешка пудра или нешто друго? и дали може да се депилирам на препоните со депилатор?
После депилирање стави бебешка пудра. А,за на препони јас не би пробала,многу боли таму нежно е местото. Ако веќе пробуваш скрати ги ептен влакненцата за да не те скубе многу и пробај на мала површина за да видиш дали ти е поднослива болката.
Јас се мачкам со бебешко масло и поубаво ми е отколку со бебешка пудра само, ем ја омекнува кожата ем ја смирува многу повеќе него ли пудрата. Пудра ставам некогаш откако ќе се намачкам со маслото во случај да ставам повеќе па да ја сузбие мрснотијата. Иначе и павловичева исто е добро да се става.
Спојлер Го имам овој депилатор веќе 6 месеци,но никако да соберам храброст да го пробам.Инаку многу е тивок не е ,,гласен" . Таман соберам храброст и само што фати неколку влакна одма го гасам.Многу ми е низок прагот на болка . Ако знаете некој совет за побезболно депилирање ќе ви бидам многу благодарна.
мислам дека би било најдобро со некое млеко, ептен хидрантно. Хидрантноста на кожата помага да не дојде до ураснување на влакната што знае да биде случај при употреба на депилаторот. Може да се депилираш и на препоните, се е до тоа колку што можеш ти да издржиш, пробај па види. Јас па на јутјуб ги гледав девојките ладно се депилират под пазувите, се уште собирам храброст да пробам и јас, ама баш би сакала да ми успее. Ама ми треба уште многу психичка припрема за тој чекор :geek: Е па најдобро после туширањето, тогаш порите ти се отворени и помалку боли. Исто влакната кога се пократки, помалку боли. Јас и сега кога почнам со депилирање стиснам заби на тој прв фат, па испрекидано се депилирам и не земам депилаторот па да го влечам како брич, туку некој центиметар, па го дигам, па пак некој центиметар па го дигам, додека ногата да отрпне малку (белки ме разбра ).Тоа е мојот начин, после тоа се навикнуваш, треба да се опуштиш само и не е страшно. Инаку, некаде имам прочитано девојките земат аналгин пола саат пре депилирање, ама немам пробано и не знам колку е ефикасно, вероватно е повеќе ефект на психа, демек помалку ги боли, мада лично мислам дека тоа не ти е потребно бидејќи навистина после некоја минута не е страшно. А и придобивките од депилирањето се вредни да издржиш некоја минута додека да навикнеш. Секој нареден пат ќе е полесно.
За тоа со аналгинот и јас прочитав некаде и се согласувам дека е повеќе на психичка база. Инаку мноогу ти благодарам за советите ,ќе соберам храброст некако и ќе пробам . п.с Спојлер додека да соберам храброст ќе се распрашам за некој трик/совет плус .
И јас денес си зедов депилатор да ги искористам последните денови на оној попуст во Лукоил со некои купончиња што знам мажево ги собирало тие , важно 500 денари поевтин ми излезе него ли од друго место. Сега ќе чекам да ми пораснат влакнава па да видам како ќе оди , од болка не се плашам , се плашам да не не ги влече од корен . туку само да не ми ги кубе Иначе го зедов овој Philips hp 6420/00 Спојлер
Луѓе се депилирате ли мишки со депилатор? Јас се ојачав да пробам и само едната ја издепилирав едвај, преееемногу боли. Ми се вцрве целата и ме подболува, не знам што ми требаше тој луксуз бричот екстра си ја вршеше работата. Се мислев и интима да почнам со депилатор ама после ова со мишкава се предомислив. Иначе го имам овој депилатор, Philips hp 6402 веќе може пола година. Ако некој се мисли за него да го купи нема да погреши, депилаторот е прва лига, си ја работи одлично работата, од корен ги влече влакната. Ич нека не ве лаже некој дека не боли, со било кој депилатор боли ама не е страшно, додуша индивидуално е кој колку поднесува болка. И ако ви е од помош приметив дека помалку боли ако се дипилирам после туширање одколку онака да седнам да се деипирам, тогаш е многу поголема болката. Кај мене време на депилирање со него е на секој 3 недели. P.S. Аnastasijaki со здравје да си го користиш депилаторот, мислам дека нема да те разочара бар мене Филипс ко марка што и да сум земала никогаш не ме разочарале.
На упатството треба да пишува дека не е пожелно под пазувите и на интимните места да се депилирате. Демек, некои жлезди ќе се оштетеле а исто и препоните. Немој на интимните места да се депилираш. Инаку, депилација на нозе боли ли? На рацете веќе два пати се депилирав и не боли, но за нозете не сум сигурна... Лични искуства со болката кај нозете за време на депилација?
Ваков беше мојот прв депилатор кој го имав порано. Одличен е, постарата верзија на депилатори појаки се некако, поиздржливи. Е, сега немаш некои додатоци, ама со додаток или без, секако си боли. Сега имам депилатор кој го нема кај нас, демек со него болката е најмала, ме чинеше скоро цела плата, одличен е, ама пак боли !
Ми треба малку помош девојки На план сум да си земам депилатор или од филипс до 1800 или од ровента. Прочитав дека треба под агол од 90 степени да се депилираш и нема да ти излезат поткожни влакна?Бидејќи прочитав и дека тешко се справуваат некои со поткожните што им излегле....е сеа тоа малку ме исплаши.Дајте убедете ме и кажете ми некои решение за поткожни да не се предомислувам
нема што да се плашиш за поткожните, треба добро да ја хидрираш кожата после депилирање (тоа спречува урастање на влакната) и евентуално од време на време да направиш еден добар пилинг на кожата, да си ги триеш нозете со некоја пилинг крема , со тоа сунѓерчето за бањање и убаво ќе излезат влакната, после само ги издепилираш и толку. Исто така, другарка ми решава проблем на враснати влакна со бричење од време на време, па може и тоа да ти биде солуција ако имаш многу ураснати влакна. Јас се депилирам и досега немав проблем. Не може да знаеш додека не пробаш, мада мислам дека ако убаво ја хидрираш кожата после депилација нема да имаш проблем. А тоа за под 90 степени депилирање е едноставно најправилно депилирање бидејќи на тој начин најдобро се вади влакното, од корен, а не да ти го сече. Патем и во упатството ти пишува да го користиш под тај агол.
јас се депилирам и под пазувите и интимата со години наназад со депилатор (посебно под пазувите едно 7-8год.) и досега никаков проблем.
Индивидуално е, кај некои излегуваат, кај некои не. Да го имав овој памет сега, никогаш немаше да купам депилатор
Јас си го купив овој на Силверкрест од Лидл , тој на Ремингтон катастрофа за ништо не го бива , сега овој неможам да го пробам на нозете зашто немам влакна моментално ама на раце го пробав некако болно е