Значи депилација под пазуви,без ралика дали се прави со депилатор или восок е многу штетна за лимфните жлеџфи. Не си играјте со животот, бидејќи последиците ќе ги добиете после неколку години.
Се согласувам. Откако прекинав со користење на депилаторот, поткожните почнаа ... Неколку месеци никако да се средам. Препорачувам поретко користење на депилатор.
Jas vekje nekolku godini koristam depilator na philips se depiliram na noze i race pa nemam problemi so podkozni vlakna isto odam i na depilacija za preponi i pazuvi skoro 5-6 godini i premnogu sum zadovolna vlaknata skoro gi nema izretceni se i so e najbitno bolkata e mala vo momentot na kubenjeto posle 1 sek. posle isto ko da ne bilo nisto
jas na philips go kupiv 1800den. od neptun ama pred nekolku godini. sega neznam kolku se odprilika valjda tuka nekade
1600 денари се сега. Туку, да прашам јас нешто. СЕ имам депилирано веќе 4 пати, но влакната не растеа многу. А сега, откако се издепилирав пред една недела, влакната ми станале, јаооо, како на нозете кога не ги бричам еден месец. Дури и згуснати се... Ви се има случено ова, или јас сум изрод?
И мене моментално ми се случува значи исто е и кога ги депилирам со депилаторот и со крем(на рацете) по неколку дена боцкам и потпораснати се,што многу ме нервира и на неколку дена ги поминувам,се си мислам деп. да не ми кубе.
А тебе ти се појавиле откога си престанала да го користиш? Мене ич не ми одговараше, ги кинеше влакната и поткожни ми правеше, имам чуство дека уште ми се останати под кожа,а повеќе од две години како не го користам.
Да, откако престанав со депилаторот. Додека го користев ретко да се појави поткожно ... Ме чуди што уште не може кожава да ми се среди. Затоа депилатор веќе не!
Мојот депилатор нагло престана да трга влакна. 5 мин. на едно место за 2 влакна да истави. Го проверувам вака, се супер е, пинцетите се во ред... Што може да му е ? (Иначе го користам долго време и супер си беше)
Девојки планирам да си купам ваков електричен депилатор, зошто со ленти веќе не можам да чекам на секое да ми пораснат па после да ги вадам, вака ова од корен ги вади и подруго е. Какво да купам да ми препорачате некое квалитетно??
Се зезнав и тоа ептен со депилаторот што го зедов, леле па тоа не да боли, го зедов првенствено за рацете, ма ни раце ни нозе не можам да издепилирам со него, само што го допрам до кожа болката во глава ме мава ми се чини И сега ете така ми седи дома скрос нечепнат
Девојки дај препорачајте ми некој убав депилатор, по можност да не били толку. Аман ми се вика веќе од брич, ме мрзи секој ден да се бричам.
^^Секој депилатор си боли ,нема избор тука Стварно многу боли,затоа си барам јас друго чаре да пробам.
Јас имам Филипс, задоволна сум, еве оваков. Мене повеќе ме боли кога ги депилирам рацете, неголи нозете. На рацете дури и крв пуштив, па посебно делот од внатрешна страна на лактите, лелееее многу боли. Ама па многу поспоро растат влакната него на нозете. и еве веќе сум стасана за депилација, се припремам психички веќе два дена И плус прв пат боли најмногу, ама само додека не пројде некоја минута, и додека кожата не отрпне, после веќе вооптшо не е страшно. И поента е да се опуштиш, тогаш не боли толку. Јас се депилирав извесно време и онда имаше период кога морав набрзина да завршам работа па се избричив, еднаш, па и уште два-три пати, па затоа првото следно депилирање ми беше ужасно и кожата ми беше многу изиритирана. Веќе наредниот пат со депилаторот беше супер и секој нареден пат е полесно. Само да не се зезнам пак со бричот. Мене ми се допаѓа кожата после депилаторот. Нежна ми е, и ако е малку изиритирана, многу бргу ми поминува. Влакната и кога растат се меки и неосетни, за разлика од кога растат после бричење. Патем, чисто информативно, на колку време да ги депилирате нозете. Мене некако на секои 10 дена ме фаќа за депилација, и тоа ми е кратко време, ама пак подобро отколку брич
Лелеле Океј женски, фала ви. Ќе го пробам јас овој на Филипс. Јас кога почнав да ги депилирам нозете,ми траеа околку 15 дена. Така да, не сме многу голема разлика.А еве, мајка ми кај што оде, по цели 2 месеци нема влакна. Навистина ми е чудно како 2 месеци не растат?
^^ Па како старееш се помалку имаш влакна, мајка ми кога беше помлада имаше црни јаки влакна, сега скоро и да нема ниедно што се вика... Инаку депилаторот боли да, ама после 3-4 депилирања стварно веќе не е ништо трагично. Јас се депилирам со депилатор од 7-8мо одд и освен тоа што некогаш некои влакна ги кине, друга замерка немам. На депилации по салони не одам, со восок ми е малтретирање, со ленти никогаш не ми стигнуваат за убаво да се издепилриам и секогаш треба да се дочупам на крај.
Јас го имам овој од Ровента, веќе неколку години го користам. Болката е индивидуална работа, јас не осеќам баш болка кога се депилирам, туку нешто како пецкање и тоа само на почеток. Тие топчињата се демек као масажери за намалување на болката.