1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилатор

Дискусија во 'Тело' започната од kate-the-great, 25 јануари 2011.

  1. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    И јас мака мачам со поткожните влакна, ма какви 90 степени залудно е , ај ќе ги почувам подолго време да ми бидат потпорасните влакната да не ми ги поткубува не бива.
     
  2. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Женски
    A pak mojata kozmeticarka mi rece samo so pavloviceva detska (ili so detska pudra za telo) no pavlovicevata smiruva crvenilo...provereno ;)
     
  3. sanny007

    sanny007 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    Очигледно никој нема искуство со стар силк про :P . Јас го нарачав па што биде нека биде :rofl: Ќе ви пишам откако ќе ми пристигне дали се за*бав или не :hai:
     
  4. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Гледам веќе спомнале за ова.. и мене ме интересира дали некој ги користел кристалните ленти за депилација.. Јас ги разгледував SmoothAway и се мислам дали да ги нарачам.
    http://bestshop24-7.com/
     
  5. shaarawy

    shaarawy Нов член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    A ovie depilatori so gi koristite dali se isti za maski oti gledam neso zenski izgled imat?
     
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.984
    Допаѓања:
    167.805
    исти се и за машки и за женски влакна си се влакна неможе друго да бидат слободно купи си и депилирај си се :D
     
  7. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Дека се делат депилаторите на машки и женски досега немам слушнато :D
    Сите ги користат,нема врска машко или женско. :D
     
  8. shaarawy

    shaarawy Нов член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    aham ok falaa :D inace posle 2 nedeli rasnat vo ista golemina ili kkao?poretki li se ?
     
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    После две недели ќе започнат да раснат. За да израснат целосно големи треба барем еден месец ако не и повеќе. Зависи и од самото влакно и од тоа како се извадени. Сите не можеш да ги извадиш од корен, обавезно некои ќе се поткинат па тие први ќе ги забележиш после недела, две.

    Ама вие машките немате гајле. Доволно ти е еднаш во месецот да се поминуваш, дури и тоа ти е многу. Ќе си видиш до кој степен сакаш да ги пушташ за следна депилација и ќе видиш отприлика на колку време ќе ти дојде. Освен ако не сакаш нон-стоп да бидеш мазен, тогаш ќе мораш на две недели.

    Инаку да, со тек на време и со редовна депилација влакната стануваат се поретки и се помеки. Ама за тоа ти треба најмалку една година редовно депилирање.
     
  10. shaarawy

    shaarawy Нов член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ok fala mnogu..a inace boli a haha....kje se trpe toa e :D
     
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Некој депилатор ама што користел и нема подкожни влакна од негО,ПРЕПОРАчАЈТЕ??
    стварно сакам да си купам ако има некој таков што посел ппдолго користење нема да бидат поткожа влакната.
     
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се шекнал депилаторот, или што е проблемот, но пред 4 дена за првпат дсе депилирав на нозете. Наредниот ден немав влакна, мазна кожата. Next day, црнки. Нареден ден, влакништа бре. Се мачев саат и пол за по 3 дена пак да имам толкави влакна? Аха, нема шанси. И зедов, со бикчето. Па тоа невозможно. |(
    Вас ви се случува ли вака или јас сум тотален изрод? 8)
     
  13. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    ^Јас се депилирам некогаш со депилатор на нозете но мене влакната почнуваат да ми растат дури 1-2 недели после депилирањето.
     
  14. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.761
    Допаѓања:
    32.868
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случило истото. :D
    Јас колку лани летото, се спремам за на одмор, се издепилирав, таман си планирав 5 дена таму и нема да имам влакна. После 2 дена, влакна. |(
    И пак со бричот.
    Шта речи, а не заплакати?
     
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Дали некој веке го користел Стар Силк Про, сакам да го напачам ама некако не ми е за верување се ова што пишува на страната. па ако има некој што го користел нека пишува.
     
  16. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    758
    Депилаторот ми е една од најпаметните инвестиции во мојот живот :)
    Стварно не се сеќавам кога последен пат сум се депилирала со нешто друго,козметичар само за интимна зона.Ако ви се верува го имам повеќе од 10 години и го убив од користење.Скапо го платив тогаш ама си ја оправда цената.Освен Braun Silkepil друг депилатор не признавам,безболен и квалитетен. :clap:
     
  17. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    И мама го има тој и е презадоволна од него. Се депилира на еден месец и супер и е. Јас пробав три-четири пати со него, страшна ми е болката, а и веднаш ми пораснаа. Кога пораснаа не се ни приметуваа, ама јас неможам да трпам ни едно влакненце и пак си зедов да се бричам на нозете. :D
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Тоа ви се случило зашто депилаторот само ви ги искинал влакната, а не ги извадил од корен. Тоа е или до самиот депилатор (има некои што се такви, не вадат убаво), или пак вие не сте убаво испраксирани, не знаете правилно да го држите депилаторот, премногу брзате итн...
    Штом веднаш по неколку дена ви израснале мора да е до ова. Ако сте ги извадиле убаво од корен сите влакна нема шанси толку брзо да пораснат. Најмалку треба две недели па да почнат да раснат. Нешто не правите како што треба. Треба да пробате повеќе пати, да се навикнете. И јас на почеток така, чудно ми беше ама сега немам гајле.

    Јас имам на Филипс и не го платив којзнае колку скапо ама одлично си ја врши работата. Скоро две години се депилирам со депилатор. Редовно. И раце и нозе. Обично на секои две недели се поминувам. Полесна работа нема. За пола саат сум готова. Ни лепења, ни шлакања, ни да затоплуваш, ни да губам време, ништо. Само еден поголем пешкир си ставам под мене и толку. Нит па болка веќе осеќам, никој не ми верува дека навистина не осеќам болка. Можам да заспијам. Поготово сестра ми не ми верува. Мисли којзнае колку боли и се' уште нема пробано. Никако да и' објаснам дека подобра работа нема од ова. Господ здравје да му даде на тој што го измислил.

    И нешто што најмногу ми се допаѓа кај депилаторите е што и најмалите, најминијатурните влакненца ги вади. Што никогаш не ми се десило со восок или со шеќерната паста порано. Со восок кога сум се депилирала порано сум морала да ги чекам да потпораснат убаво, па да се депилираш, а така не можеш да шеташ и тоа најмногу ме нервирало. Со депилаторов си немам таква мака, секогаш сум мазна. Само што ќе почнат да раснат и само што ќе почнам малку од малку да боцкам на допир одма можам да ги извадам.

    А во врска со подкожните исто немам проблем. Знае да ми се појави некогаш некое, ретко, ама тоа обично кога нема да направам пилинг подолго време. Всушност мене секогаш така ми се појавувале и порано кога не сум се депилирала со депилатор. Така што, за мене нема разлика. :)
     
    На simoncelicius, nevermet18 и najubava2010 им се допаѓа ова.
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Сакам да купам Филипс депилатор за да престанам да одам на депилација постојано, ама сакам да слушнам повеќе мислења пред да дадам пари бидејќи после тоа нема назад. И највеќе што ме премислува, може ли многу да ме боли/кубе бидејќи имам јаки влакна и да не можам да го користам? Се плашам зашто на мајка ми ѝ се има така случено кога купила и одма го продала бидејќи не можела да издржи, а исти влакна имаме. :lol:
     
  20. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.477
    И ова што е напишано има удел но највеќе е до тоа што на првото депилирање остануваат оние влакна кои не можат да бидат извадени заради тоа што кожата е веќе оптоварена заради новиот начин на третирање и отекува. Сето ова, вадењето на влакната го прави малку потешко. Затоа и остануваат половина. Тоа се средува после 4-5 депилирања.