1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилатор

Дискусија во 'Тело' започната од kate-the-great, 25 јануари 2011.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Зарем неопходно е кожата да отече? Јас сум во план да почнам да користам депилатор, а досега со топол восок се депилирав, не значи тоа дека кожата е веќе навикната на депилација? Уште немам купено и страв ми е џабе пари да не дадам..... :?:
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Тоа е на почеток, додека да ти се навикне кожата. Немај гајле. :)
    И да ти подникне за скоро, ќе можеш да го фатиш пак со депилаторот.

    Мојот се расипа, доста беше стар, па се мислам каков да земам. Не би купила Филипс, некако и не бев баш многу задоволна.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    ^
    Кај мене не отекува, само брумчиња ми излегуваат. :)

    Да, и мојот е Филипс, ужасен е, не го препорачувам. :)
     
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Лелеее, е сега баш ме збунивте. :worried: Па јас ако земам баш Филипс планирав да земам.... За брунчиња јас би требало да немам гајле, немам осетлива кожа. А дека ќе можам да ги фатам тазе подникнати знам, тоа е нешто што највеќе и ми се допаѓа кај депилаторите, додека пак вака морам две недели да шетам подникната. |( Ем пари да давам нон стоп..... Па кој го препорачувате тогаш вие? Очигледно од искуство до искуство е различно, штознам....
     
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    ^
    Нема везе дали имаш осетлива кожа, и мојата не беше осетлива, но од овој депилаторот веднаш ми се исфрлија. Понекогаш и по 10тина дена си стојат. Ужасни се.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Нема да знаеш додека не пробаш. Секоја една различно вика за депилаториве. Мене на почетокот малку ме болеше, сега воопшто не ме боли. Ама ич. Црвенилото ми поминува по ден, два, исто како и со восокот. А ми растат по две-три недели. Јас сум ептен задоволна, се спасив со депилаторот.
    Инаку на Braun имам. :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Тоа со брунчињата мислам дека има големо влијание како го држите депилаторот додека се депилирате.
    Ако е под некој чуден агол, ги кине влакната и во самата пора си никнуа брунче.
    Не знам, барем моето искуство беше такво. Инаку, јас следно би купила депилатор на Ровента. Не знам зошто, ама некако најпривлечни ми се. :D
     
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    Не знам за другите, но таков од Браун има другарка ми и навистина е добар. Неа првпат ја болеше премногу, но потоа полека се навикна на болката.
    Додека не пробаш, нема да знаеш. :)
     
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Ее тоа викам и јас, илјада луѓе - илјада искуства, не е кај секој исто. Затоа баш и ми е страв да не дадам пари за џабе ама нема што, мачка во вреќа ти е тоа. :lol: Или сум се спасила или сум скинала парите, трето нема. А колку е тој на Браун?
     
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас имам на Филипс и сум презадоволна. Баш за мојов имам слушано позитивни коментари. Ама зависи и многу од кожа до кожа, зависи од искуството, некои ќе пробаат еднаш, ќе ги здоболи и крај, не сакаат да слушнат веќе, ќе замисли дека боли и оди убеди ги дека не е така, а зависи и од толеранцијата на болка итн. На некој му одговара еден, на некој друг. Додека не пробаш, нема да знаеш. Ама ако кожата и претходно била навикната на редовна депилација тогаш нема да има проблем. Мене болката со депилатор не ми е поголема од болката со восок, напротив, помала е. Ама секој различно ќе ти каже.

    Едно е сигурно, јас со сите што сум разговарала и што си користат редовно депилатор, никогаш не би го замениле депилаторот за восок. Ако еднаш се навикнеш и стекнеш искуство со депилатор нема ни да ти текне на восок. Лепења, шлакања, губење време, пари давање и пак на крај не си 100% задоволен, кај фатиле, кај не фатиле, па кратките не се извадиле, па ајде за две недели подникнале, па шетај така нервирај се... - никад више. Маки невидени се тоа. Подобро нешто од депилатор според мене нема. Чиста работа. :)
     
    На Rose96, A-j-a, DoReMi и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Со депилатор се правев лани, а оваа година многу ме боли и неможам да издржам..
    Сега само со крема :D Кај да е ќе почнам пак да го користам, па ќе се навикнам ..

    А ме интересира, дали и на бутовите е убаво со депилатор да се правам ?
    Јас со вит кремата пробав и ми се направија мозочиња, кои уште ми стојат :worried:hock:
     
  12. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Многу поткожни влакна растет :^)
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно, со одбар пилинг и поткожните се мачкина кашлица. :D
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  14. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.477
    Lovely93 нормално е отекувањето додека ги вадиш влакната и не е толку забележително. Не станува збор за некое значително влошување на изглед ако од тоа се исплаши :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Епа вака девојки, јас денес купив депилатор на Rowenta. :) Ви благодарам на сите за советите, признавам придонесовте за да се одлучам да купам. :)

    Денес прв пат и се издепилирав со него, нозе и раце. Ми требаше малце време да соберам храброст, признавам. :D Пробав, видов дека скубе што е и нормално (не постои такво нешто како безболна депилација), но е сосема издржливо и исплатливо. На почетокот ми личеше како да не вади, па малце се исплашив дека не е ефикасен, ама сфатив дека јас не сум ни поминувала убаво од страв. :D Исто така, пред тоа си направив и од домашниот пилинг, поздрав до Daydream за советот и рецептот. :*

    Го земав од Сетек, 1200 денари, имаше и поскапи но кога размислив и сфатив дека депилатор е депилатор, и самата продавачка истото ми го кажа и плус ми кажа дека и самата го има овој, а и плус беше последен (изложениот ми го дадоа), си викам зашто да давам повеќе пари, и овој еднакво ќе си ја заврши работата. И така и испадна. :)

    Ми се појави мало црвенило бидејќи сум тазе депилирана, но ништо страшно така ми се појавуваше и од восокот. Имам и мало чешање, ама верувам дека и двете ќе поминат за еден ден. Сума сумарум, јас сум презадоволна уште од прв ден (а претпоставувам дека кога ќе се навикнам ни волку нема да ме боли), со што можам комотно да им кажам збогум на козметичките салони. Преубава работа, фала ви уште еднаш на сите на советите и препорачувам депилатор на оние кои се двоумите како мене до вчера. :) Поздрав. :hai:

    П.С. Да додадам дека една депилација на нозе ми кошташе 600 денари, што значи дека јас со две депилации во козметички салон сум си го купила депилаторот со кој ќе бидам секогаш тазе издепилирана. Епа поубаво здравје. :D
     
    На RainBow, sweet-bebufce и Daydream им се допаѓа ова.
  16. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    луѓе дајте помогнете ми не можам да се одлучам каков депилатор да си купам. има еден на Браун 950 ден, Ровента околу 1300 ден и Филипс 1700 ден. се мислам помеѓу ровента и филипс. вие што мислите
     
  17. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Јас го имам овој од филипс и многу сум задоволна

    [​IMG]
     
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    Мене ми откажа депилаторот, а го имам само 6 месеци. Така да, втор пат кога ќе купувам, нема шанси таков од Филип да земам.
     
  19. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.477
    Сите производи на Philips имаат гаранција. Заедно со гаранцијата однеси го во продажниот салон од каде што го имаш земено.
     
  20. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    И ќе го однесат на поправка или што? :?: