1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилатор

Дискусија во 'Тело' започната од kate-the-great, 25 јануари 2011.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.477
    Од каде да знам, не работам во продавницата за да ти го кажам одговорот. Зависи што ти пишува во гаранцијата, тоа и ќе го направат. Сигурно ќе направат повеќе отколку кога би стоел расипан во фиока.
     
  2. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Неможеме ни да претпоставиме колку влакна имаме се додека не пробаме да се издепилираме со депилатор, ова е дефинитивно! :D Луѓе бре ова не е нормално колку боли... :worried:
    По мое мислење слободно може да се воведе како казна за некое кривично дело, кај машките особено... :D :D Ако направат нешто незаконско, да земат да ги издепилираат колку што можат повеќе. Уште еднаш нема да им текне :D
    Иначе одамна си го имам купено депилаторот, само ретко кога собирам храброст да го употребам. Па и црвенилото на нозете после тоа... |( Ај, со бебешка пудра се средува некако :wasntme:
     
  3. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Ви се појавуваат ли поткожни влакненца од депилатор?

    И дали го користите за под пазуви??? :)
     
  4. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    мене ми се појавуваа многу подкожни кои многу ме нервираа и затоа го баталив,сега само со восок,а под пазуви никогас не сум го користела затоа незнам да ти одговорам :)
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  5. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Не сум единствена значи :) Треба може и јас да го баталам :)
     
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    Се појавуваат, и тоа многу поткожни влакна поради депилаторот.

    Да, јас го користам и за под пазуви. Не боли воопшто.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  7. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    И мене не ме боли и изретчен ми се многу. Иначе прашав за под пазуви затоа штто сите ми се чудат како можам, си викам валда не сум фрик :)
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Значи, со депилатор кога депилирате влакна после одреден период се појавуваат поткожни. И додека се среди кожата ќе поминат месеци. Џабе и пилинг ... поткожните се тука. А за под пазуви не знам како се нафаќате?? :^) Ни восок, ни депилатор не е добро, поради жлездите.
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    91.212
    Пол:
    Женски
    Мене поткожни ми се јавуваат буквално од се, без разлика дали е восок, брич или депилатор. Заради тоа освен кога ептен се брзам па поминувам со брич речиси секогаш се депилирам со депилатор. Толку сум уходана што за некои 20тина минути се поминувам цела. Јас депилирам брк (само од него не се нафрлам таму), раце и нозе. Ги отстранувам и влакненцата на прстите :wasntme: :$

    Го имам со години еден на Филипс, ваљда оној што се води како "основен", го има често низ темава. Го купив некои 1600 ден. и не зажалив.

    Правам редовно пилинг ама кај мене проблемот со поткожните мислам дека не е до начинот на депилирање туку од што ми е премногу сува кожата.
     
  10. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Јас одамна купив депилатор. Се обидов неколку пати да се депилирам, но боли.
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Девојки имам прашање. Веќе од поодамна се мислам да си купам депилатор, едноставно ми заштедува време и пари, јас мразам кога малку ке ми потпораснат и не сакам да чекам цел месец ко грмушка.
    Е сега, јас никогаш во живот се немам бричено, затоа ме интересира дали тоа ќе ми ги поремети влакната, или како да се објаснам поубаво дали ќе го има ефектот од бричот или? пошто слушнав дека има такви депилатори со чупалици и дека се слични на восок, односно не ги сече влакната и туку ги куби

    Многу ме интересира ваше мислење пред да се нафатам да купам таков..Не сакам да ми растат повеќе и погусти, да е така ќе се бричам не сакам да го изреметам редот до сега цел живот сум се депилирала па сега да ѓи уништам влакнава
    Фала :D
     
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    Мене влакната ми растат по една недела, независно од местото.
    И, морам да се пожалам дека на рацете ми се многу погусти сега кога се депилирам, отколку порано. Да, долги ми беа влакната, но светли, тенки, и не беа густи.
    На нозете ситуацијата е иста како порано, скроз исто ми е со брич и со депилатор.
    Под мишките, исто ми се згуснати и потемни.
    Сеедно е дали користиш депилатор или брич.
     
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Јас ваков депилатор имам, од декември започнав со депилатори и такви чуда и засега само под пазувите ги вадам влакната и многу ми се тенки, речиси ич немам и ги вадам после 4-5 недели, споро ми растат. :rock: Инаку со депилаторов ич не боли да се депилираш за разлика од еден мама што го има со него почнав, па овој си го купив за мене, само што многу споро ги вади влакната иначе болка нема воопшто. 8)
    [​IMG]
     
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Не изгледа не се изјаснив, влакната ми се многу меки и лесно се вадат, нејкам со депилатор да ги згуснам или да ми растат често туку од практичност сакам да си купам депилатор да не чекам цел месец за да ми пораснат и да идам на депилација
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    И јас се мислам каков да земам овој пат. Имав депилатор на Philips од времето на Адам и Ева :D , не бев којзнае колку задоволна, ама бркаше работа за депилирање на брзина или кога немав восок.
    Немам многу јаки влакна и не ми растат брзо, се депилирам одвај два пати месечно, најчесто на три-четири недели, но ужасно ме нервира периодот измеѓу кога чекам влакната да пораснат доволно за да можам да ги извадам со восок. Не ни имав намера да купам нов депилатор, но ете, ми досади од восокот. :)
    Се мислам меѓу овие два - Philips ми е поубав на изглед и некако ми е поженствен, а овој Rowenta ми изгледа застрашувачки, но воедно и некако подобар од овој другиов.
    [​IMG][​IMG]
    Разликата во цената е мала, ама некако се сомневам во квалитетот на Philips.
    Еве ја читам Дрим како го фали Rowenta депилаторот, па некако повеќе и повеќе си мислам дека би го купила него. Некое искуство плус е добредојдено во секој случај. :)
     
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас од Филипс не сум задоволна.
    Сега баш имам проблеми, застанува постојано. Штом најдам Ровента, веднаш ќе си купам.
     
  17. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Јас имам philips,малку поразличен од овој на сликата.Го користам 4-5 години и сум ептен задоволна од него.Немам користено некој друг за да можам да споредам и да направам разлика,ама можам да кажам дека убаво ги вади влакната и за многу брзо време успевам да се издепилирам. :*
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    И да си купиш. Јас веќе кој знае колку време се депилирам со депилатор и е најбрзо, најпрактично и секогаш лесно достапно. Нема да ти се згуснат и зајакнат, напротив како и со секоја друга депилација ќе омекнат и изретчат.
     
  19. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Јас го имам овој депилатор веќе три години и сум презадоволна
     

    Прикачени фајлови:

  20. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Ги имам и двата модела. Само да си знаеш, штипе тоа Ровентата. Ако имаш тенка и нежна кожа може партал да се направиш.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.