1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилатор

Дискусија во 'Тело' започната од kate-the-great, 25 јануари 2011.

  1. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    8.431
    Пол:
    Женски
    Мишела те читав претходно ако не се лажам дека овие на Rowenta ти изгледаат добри :)
    Јас кога појдов по депилатор, бев спремна да дадам 6-7000 за оние на филипс, што одат комплет со некои додатоци и несесер. Ама ме одвратија продавачкиве. Верувај месец дена влегував во Техномаркет, и Нептун да разгледувам депилатори и да барам мислења, и сите беа исти. Не вреди да се дадат огромни суми кога и оние од поефтините ја вршат работата. Сите ми го препорачуваа истов на Филипс што ти го имаш постирано, т.е. четири продавачки ми рекоа дека го имаат истиот депилатор и дека не се разликува од поскапите.
    Уствари ти плаќаш поголема сума за додатоците. А додатоците и не вршат баш многу работа. Демек намалуваат болка - ама тоа е индивидуално кај секој е различно. Мене многу ме боли било на кој начин да се депилирам, а имам другарка што буквално заспива на депилација ако ви се верува :D

    Јас се мислев за ваков на Rowenta, ама од сите добив мислење дека не ги бива, работат на принцип на дискови што е застарена технологија за разлика од овој на Филипс кој е со пинцети. Бидејќи подобар ефект се постигнува со пинцети а не со дискови, јас си го купив овој на Филипс, потполно истиот за некои 1800-1600 денари не сум сигурна, од Техномаркет во Сити галери :)
    Во однос на болка нема да коментирам, си кажав и претходно. Ама за овие пари не верувам дека ке најдеш подобар депилатор од овој на Филпс :)
    На почетокот не се снаоѓав, ми ги кратеше влакната, не ми ги вадеше од корен, ама со тек на време се испраксирав и цело тело средувам за помалку од пола саат. Ми остана само да пробам под пазуви, затоа што другарка ми го користи истиов депилатор на тој регион и е презадоволна :)

    Од мене имаш зелено светло за овој на Филипс :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    ДЕвојки ми треба уште едно мислење.. Ете се решив да купам депилатор, видов на мојагардероба некој добар мислам дека е Philips инаку.

    http://mojagarderoba.mk/items/alatki-za ... -depilator ете го и линкот. што мислите?
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Чудно мене ни ме штипе ни ништо, баш ко погоден за мене, дури се чудам како може болка да не осеќаш со тој претходниот филипс на мама, абе умирав, ми идеше да плачам од што ме болеше, па на крај ме пецкаше после депилација, ама ај се се трпи за убавина. :envy: :D
    А сега рај сум со овој Ровентава. :rock:
    Јас Ровента ти го препорачувам. :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И мене почна да ми застанува Филипсот. А го чистам редовно, не знам во што е проблемот. Башка приметив дека во последно време не ги вади влакната од корен, туку ги кине. Затоа после не можев да се опоравам од поткожни влакна, па последниов период сум строго на топол восок. Го имам со години, може почна да откажува.
    Сега мислам да си купам Браун депилатор. Вујна ми има ваков, одличен е

    Има милион додатоци (за нозе, раце, лице, интима), башка dual e (wet & dry).
    Ама овој ѝ е купен од Германија. Има ли ваков кај нас? :?:
    Јас само од оние малечките Браун имам сретнато (нешто слично на Филипсот на изглед).
     

    Прикачени фајлови:

    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Има такви и кај нас, Ана. Само што се прескапи за жал. Гледав низ Техно маркет и Нептун, цените им почнуваат од 10.000 ден. Преубав е и дизајнот и функциите и веднаш го посакав, ама премногу ми е скап. :(

    Ептен ме ставивте во дилема, ама пак ќе се прошетам до Нептун деновиве и ќе пресечам. И мене мајка ми ми вели дека не вредело да дадеме повеќе од 1500-1600 денари за ваква направа и најверојатно ќе ја послушам. За болката ми е сеедно, јас штом стиснав заби за интимна депилација, ова во споредба со неа е мачкина кашлица и воопшто не ме плаши. :D
    Ете се изненадив од коментарот дека Rowenta-та штипе, мојата кожа е многу нежна и тенка, ништо чудно да имам проблеми. :?:
    Ќе ве известам што сум купила, изгледа дизајнот на Philips ќе биде пресуден на крај, како и обично. :D Жена, не дај Боже да види нешто со цветчиња и срценца, па и розево ... :lol:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Ауу, повеќе ми се исплати да си го порачам по роднини да ми го донесат за нова година... Овој на вујна ми е таму купен за 45 евра, лани ми се чини. Овде ја претерале.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Да, во секој случај повеќе ти се исплаќа така. Плус ќе си добиеш цел куп додатоци, а речиси сите вакви модели кои ги гледав низ Техно маркет одеа самостојно, без никакви додатоци. А и квалитетот е неспоредлив, посебно кога се работи за Германски производи. :)

    П.С. Моделот беше на Philips, ама ги има истите функции како овој на Braun. Можам само да замислам колку солена би била цената на Braun кај нас. :^)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
  9. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Лично за себе не би купила користен депилатор. Тоа е личен предмет и за мене е во иста категорија со четка за заби. Ни на другарки, ни на мајка ми позајмувам - од чисто хигенски причини.

    Инаку, генерално сум задоволна од мојот Филипс депилатор. Моделот е Satinelle Ice Premium. Го имам 5 - 6 години, ама
    "стиска душа ". Претходно користев еден на Цептер, а и тој издржа ~7 години.

    Во крајна линија, изборот е твој.
     
  10. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Ваков е и мојот и јас сум презадоволна од него. :D :D :D
     
  11. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.881
    Јас имам депилатор Rowenta, само што не е ист како овај мојот е бел и мислам поефтин е од овај. Но да ти кажам јас сум презадоволна, и не воопшто не штипе јас имам чуствителна кожа а депилаторов ми се погоди ептен дури и болка скоро и да не чуствувам ти го препорачувам, одличен е . :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    АнаКаренина, не можам да го најдам на Амазон :$ Можеш да ми пратиш линкче од кај може да се порача онлајн ако знаеш?
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Оу, тоа појма немам.
    На Амазон најдов ваков сличен, еве линк. Веројатно го имаш видено. А долу во таа табелата со перформанси ми личи дека е првиот :?:
     
    На Nevermore му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Девојки, купив јас нов депилатор, ве послушав и го зедов овој на Philips. Се надевам ќе ме служи долго, ми се допаѓа што функции има, па и две години гаранција ми дадоа што мислам дека за цената која ја платив (1.699 ден.) е сосема во ред.

    Уште не сум за депилирање, ама за некој ден ќе го пробам. :lol:
     
    На Daydream, duffi, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. kitty267

    kitty267 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    51
    И јас го имам депилаторот на Philips и воопшто не сум задоволна пошто се додека не почнав да го користам немав воопшто поткожни сеа ги имам милион :) не знам дали е така со сите депилатори али ужасна нервоза ствара
     
  16. fashion.girl.13

    fashion.girl.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    јас имам депилатор на нео може 4-5 години го имаме дома...ама ни се расипа и никаде неможам да го најдам истиот дали некој знае каде би можело да го има??
    [​IMG] ваков е
     
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.123
    Ана ме намами со сликата од депилаторот, и после добрите критики кои ги најдов на интернет го купив.
    Денес беше првата проба и сум презадоволна.
    Предходно го имав филипс, оној со цвет.
    Нозете воопшто ништо не осетив, ептен благото пецкање koe е минимално и трае само првата минута, после ниту тоа.
    Цели нозе во еден здив ги поминав.
    Препоните со благо пецкање. Благото пецкање кое сега го осетив дури кај препоните беше смешка споредено со тортурата од филипсот.


    Горниот дел, е флексибилен и се прилагодува на телото. Посебно добар за бутовите и колената.
    Го полнев околу 45 мин. и без проблем се депилирав потоа.

    Второто е за масажа и стимулирање на кожата на лицето. Истотака презадоволна.
     

    Прикачени фајлови:

    На anuskaNESTLE, simoncelicius, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    5.851
    Јас си купив депилатор на Филипс, па розев, па со цветчици, па на акција. :D
    [​IMG]
    Се мислев и ја помеѓу Ровента и Филипс, повеќето Филипс ми го препорачаа, од искуство, а и разликата во цената беше некои 400 ден.
    За Ровента ми кажаа дека е одличен за почетници, притоа имал масажер, додатоци итн. Пресудно ми беше тоа што кај Ровента не се вадеше горниот дел, со што не може да се мие под вода.
    Наредно па импресии ќе споделам. :)
     
  19. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    И јас се мислам помеѓу овие два.
    Ако може некој што ги користел да ми препорача кој од нив би бил подобар, потраен.
    Највеќе ме буни тоа што Ровента е со пинцети а Филипсот со дискови.
    Кој принцип е подобар, дали со пинцети или дискови?
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Обратно е, Филипс е со пинцети. :)
    На претходните страници девојките објаснуваа дека подобри се оние кои работат со пинцети, а истото мене ми го кажаа и во продавница.

    Инаку, јас сум задоволна од новиот депилатор, единствена мана му е што брчи како пила за сечење дрва :D ама сѐ додека добро си ја врши работата, немам замерки.
    Претходниот ми беше потивок, но премногу бавен дури и на најголемата брзина. Овој нема мака, за 20 минути сум готова со двете нозе. :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.