1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилатор

Дискусија во 'Тело' започната од kate-the-great, 25 јануари 2011.

  1. Madalina

    Madalina Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    И јас редовно користам депилатор за нозете, рацете и пазувите, и општо мислам дека е најдобро решение за отстранување на влакна, со тоа што некогаш се бричам помеѓу депилации ако ми се појават поткожни влакна или нешто такво. Мојот депилатор е Philips satinelle ice, ок е, ама додатоците воопшто не се корисни според мене... Иначе многу е сличен на другите Philips satinelle депилатори, така што во иднина мене ќе ми биде најбитно колку дискови има депилаторот, а не какви додатоци доаѓаат со него!
     
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Пред неколку дена го земав овој

    2_14_1.jpg

    Првичниот резултат е супер. Е сега, јас цел живот се депилирам со восок, односно одев на депилација на козметичар додека живеев во МК. Арно ама, со оглед на овдешниве цени мораше да се бара друго решение :) Никогаш не сум обожавала депилација со депилатори, се си мислев дека многу поткожни ќе ми се направат, нешто што на пример ми прави кога се бричам на нозете. Сеуште немам ништо подраснато, така што ќе оставам простор и шанса на депилаторов да се покаже и докаже :D Депилацијата како процес добро се заврши, само да видиме дали ќе ми се направат поткожни влакна или не. Ако не се направат, ова е моето доживотно пријателче :D
     
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Девојки планирам да си земам депилатор,и изборот ми спадна на овие два:
    [​IMG] [​IMG]
    Едниот е на Rowenta и со пинцети,другиот Phillips со дискови.
    Koj e подобар? :D
     
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    5.851
    ^ Јас го имам на Phillips и предуслов да го земам беше главата (или како и да се вика) што се вади и можам да ја мијам.
    Го користам од летото и до сега ми е извонредно нешто. Во однос на вадење на влакната, сум задоволна.
    Ги вади сите, макар и оние кои ми се малку поголеми.
    Јас после депилација со восок, било топол или ладен имам изиритирана кожа. Не е ист случајот со депилаторот. Исто и доста ми се изретчени влакната. Дури и се осмелив препоните да ги поминам.
    Бидејќи сум почетник со депилатори, ми го препорачаа на Rowenta. Горниот дел бил со топчињата кои масирале, така да немало многу болка да се чувствува и сл., ама сметам дека направив добар избор.

    Дури и се занесов ошто со муабетот. :D
     
    На sweety90 и Marossa им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    @Marossa , на иста дилема бев и јас кога требаше да купувам депилатор. На крај се одлучив за Philips и како што минува времето, убедена сум дека не погрешив.
    Разлистај наназад низ страниците, некоја ги имаше објаснето разликите помеѓу овие два депилатори, а како што ме држи сеќавање - Philips-от е подобар ама мислам дека тој беше оној со техниката на пинцетите, а Rowenta е со дискови и мене во Нептун ми кажаа дека дисковите биле веќе застарена технологија. Мислам дека истиот муабет го водевме и во темава.

    Нејсе, да се вратам на муабетот - јас сум презадоволна од депилаторот, со години депилирав нозе со восок и раце со депилатор, па кога ги фатив и нозете со депилаторот и не ме болеше нешто многу како што опишуваа тука некои од девојките. Од август навака редовно отстранувам влакна со него, па на нозете речиси и да немам, растат колку да се каже дека имам и многу ми се тенки и светли. На рацете е иста ситуација, а препони и интима освен со восок или со шеќерна, не се осудувам со депилатор. :D
    Јас гласам за Philips, презадоволна сум, одлично си ја врши работата и многу лесно се одржува затоа што главата се вади и лесно можеш да ја исчистиш темелно.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. g.girl95

    g.girl95 Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Jas se depiliram so Rowenta no mi se pojavuvaat mnogu potkozni vlakna dali toa e do depilatorot ili od site depilatori e tka? I dali znaete sto da mackam za da nemam takvi ranicki od potkoznite vlakna?
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Пробај да правиш пилинг пред да се депилираш. Така полесно ќе продрат поткожните влакна и депилаторот ќе може да ти ги фати, па ќе ги избегнеш досадните ранички.
     
    На g.girl95 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Девојки го користам депилаторот од Браун 7 години и не ми направил проблем, но последниве 2 3 недели ко ќе ги депилирам надусниците ми се вцрвенуваат и ми се направија 2 големи акни :xод што можи да се прават? Никогаш не сум се вцрвенувала ни пак ми се направиле акни и сношти се депилирав а денеска уште сум црвена. Дали е до депилаторот или? Иначе со депилаторов ги депилирам и нозете, да е расипан нема да депилира. Секогаш сум се депилирала и сум излегувала,а сега ....:|
    Главата никогаш ја немам измијано не знаев, да не е до тоа?
     

    Прикачени фајлови:

  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Луѓе и јас си ги издепилирав нозеве со Ровента депилаторот ама ми се појавија многу поткожни влакненца ;(;( Што да им правам ?
    Инаку и на раце се депилириам со депилаторов ама таму ниту едно поткожно немам :\
     
  10. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.238
    Допаѓања:
    10.354
    Пол:
    Женски
    @Anna-Banana направи пилинг на нозете или на целото тело, така сите поткожни влакненца ќе излезат на површина и после пробај пак да се издепилираш.
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    134.537
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Jас ваков имам. До колената можам да го користам без проблем ама над колена не можам да ја поднесам болката од него. СО ленти не ме боли толку многу и можам да ја издржам болката, затоа над колена ленти користам.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Тетка ми има ваков депилатор и еднаш ме издепилира и не чувствував болка.
     
  13. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Rowenta EP7530D0, Депилатор, Боја Бела, 24 Дупли пинцети, AIR PULSE воздушно струење за безболна депилација,глава за бричење, Ротирачка глава, Ротациони дискови, Брзини 2,Масирачки дискови, Подвижна глава, Депилација под пазуви, Воздушно струење на воздухот за безболна депилација, чистење на главата под вода, Четкичка за чистење, светло, Торбичка
    Дали некој го има баш овој? импресии?
    [​IMG]
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас само поминувам во темава да ви кажам дека 7мицата од Браун депилаторите е многу намалена, зашто годинава излезе 9ка. Јас пред нова година сакав да си ја порачам 5ката, таа ми одговараше според цената (беше околу 70 евра). Сплет на околности испадна да не можам, па ајде викам ќе почекам некој месец. И сега ми испадна за истата цена да ја земам 7цата :rock:
    Еве линк од мојот, купен е, при крајов на месецов треба да ми стигне. Обавезно ќе напишам целосен review тука :) Макар што јас го имам пробано (пишував лани во темава дека истиот го има вујна ми), на рацете кога се депилирав имав чувство дека ги галам со чешел :D Никаква болка не чувствував. Јас научена со филипсот, од него многу ме болеше. Ама од браун не. И ете решив да инвестирам во убав депилатор, се надевам дека ќе ми се погоди.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Леле Ана, што ми правиш вака, сега сакам и јас да си го набавам. :D

    Мене кожата ми е пре, преосетлива, сум пишувала милион пати за тоа и убедена сум дека ваков депилатор ми е спасот.
    На нозете немам гајле, ама рацете се друга приказна. Не ме боли, мала и тапа болка чувствувам само на прегибите кон зглобовите и на понежните места каде кожата е потенка, ама затоа мака мачам со црвенилата и акните потоа. Не ми помага ниту бебешка пудра, ниту гелови од алое.
    Како да ми стана кожата имуна на нив и кога ниту сокот од природното алое кое си го имам дома не ми помага, не знам каде да го барам чарето. Можеби се тешам, ама навистина мислам дека овој депилатор е најбезболен.
    Баш пиши што и како кога ќе го добиеш, да си ангажирам некој со време. :wasntme:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не знаеш колку ми беше криво што не можев да си го купам за нова година, ама после си реков ајде за 8ми март :wasntme: А толку време го сакам, ете и 9ка излегол :D
    Мене не ми е чувствителна толку кожата, а баш козметичарката ми кажуваше дека имала неколку девојчиња што ѝ доаѓале за депилација (со топол восок) после тоа цели пликови им излегувале :( Вика: Со ништо не може да им се смири кожата, сѐ и сешто сме пробувале, едноставно им е преосетлива. Не знам дали пробале со депилатор како ќе им биде.
    Обавезно ќе пишам во темава, откако целосно ќе го испробам - со сите додатоци :D
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    многу си ги запустив нозете откако почнав да се депилирам,многу бе поткожни влакна ми растат сега незнам како да си ги вратам мазните нозе?
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.124
    Јас го користам депилаторов на Браун повеќе од пола година и од мене само пофалби.
    Најпрво го користев со лентите за мало навлажнување на ногата но потоа видов дека сувата депилација е уште подобра.
    Без разлика дали е подколено или над нема никаква болка или надразнување на кожата. За препоните се осеќа минимално благо пецкање кое споредливо со другите е смешка.
    За рацете е истотака одличен.
    Не ми се појавуваат поткожни.

    Го полнам 40-60 минути и потоа го користам. Не е за употреба при паралелно полнење и депилирање. Но едно полнење е доволно да се поминат двете нозе. Има ламбичка па е олеснета прегледноста и веднаш се приметува доколку се испушти некое влакненце.
    Кај мене е паковање со електричната четка за масирање од која сум истотака презадоволна.
     
    На Annath, AnaKarenina и Mishela им се допаѓа ова.
  19. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    296
    Морам да прашам дали знаете некој ептен тивок депилатор, кога го користам мојот rowenta мислам дека сите комшии ме слушаат, а поготово ми паѓа срам кога сум на одмор, нели во тие собчиња се се слуша...
    А да, и дали вреди да се фрлат 300 евра за ласерски депилатор?
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    После некој месец употреба, дојдов во темава да пишам рецензија за мојов депилатор :)

    Braun Silk-épil 7
    [​IMG]
    Прво да напоменам дека претходно имам користено депилатор, модел Филипс, така што знаев што ме очекува. Си ги знаев сите предности и мани, бев спремна и на болката. Само што со Браун останав изненадена колку брзо одеше депилацијата, без да се стегам. Милион пати беше помала болката.

    Е сега, малку повеќе околу предностите на употреба на депилатор - ако нешто најмногу мразам кога е во прашање депилацијата е тоа што сите влакна не растат во исто време. Ќе отидам на козметичар, ќе ме среди тип топ, а после една недела ќе ми се појави тук таму по некое влакно и ќе ме извади од такт! Депилаторот ми е дома, можам да го користам кога сакам, па штом ќе го видам и најситното влакно - веднаш преземам мерки за брзо отстранување :D После пилинг и туширање - врц, врц, и завршена работа.

    Иако реков дека ќе пишам кога ќе ги искористам сите додатоци, два ми се сè уште неиспробани, бидејќи не ми требаат. Еве една слика за да појаснам
    [​IMG]
    Тоа горе десно е shaver head, значи не е додаток, туку е цела глава. Се вади основната, па се става оваа. Со главата доаѓа и еден додаток. Колку што читав, служи за кратење на подолги влакна пред да ги депилирате. Јас само знам дека може да се користи и за кратење на косата, како машинка :)

    Основната глава јас ја користам за раце и нозе. Има како мали монистри нанижано на неа и многу ми се допаѓа бидејќи е ротирачка, па лесно можам да ја движам околу колената, зглобовите и слично.
    [​IMG]
    Што се однесува до последните два додатоци кои ги користам - едниот е за депилација на лице, другиот за интимна. Искрено тешко ми беше да се убедам да ги издепилирам надусниците со депилаторот, зашто јас користам восок, со тоа сум навикната, па ми беше страв да не направам некоја беља. Ама ништо не ми бидна, многу побрзо завршив работа со депилаторот :)
    Влажните марамици се употребуваат пред депилацијата, за побезболна да биде. Јас право речено не почувствував некоја голема разлика.
    Во однос на поткожните влакна - со Филипсот многу ми се појавуваа, дали не ги вадеше скроз од корен, туку само ги поткинуваше, не знам. Гледам дека и со Браунот ми се појавува тук таму по некое, ама ништо страшно, лесно се средува тоа со пилинг, со пинцета или во краен случај игла.

    Сума сумарум - презадоволна сум од депилаторов. Дизајнот е прекрасен, не знам колку се гледа на сликите ама има светкавци во проѕирниот дел. Многу фино е изработен, до најситен детал е внимавано, секое копче, секое делче. И многу убаво „лежи“ на рака.
    Батеријата трае околу 45 минути, мене тоа ми е сосема доволно. Некогаш се случува да не го наполнам откако ќе го користам, па со полупразна батерија да се депилирам, единствено тогаш ми се исклучува. Ама брзо се полни, помалку од 60 минути, така што не е ништо страшно.
    И морам да кажам дека сијаличката е закон! Ептен е практична, многу полесно се гледаат некои помали и посветли влакна.

    Лесен е за користење, лесен е за чистење и одржување, башка wet&dry е.
    Ако после огромниов пост некој има некое прашање, нека ми пише слободно :)
     
    На simoncelicius, Haritiela, Annath и 9 други им се допаѓа ова.