Користам депилатор на Филипс откако изначитав овде дека можеш да си уживаш со недели решив и јас да пробам но не испадна како што очекував. За 3 дена влакната почнаа да никнуваат. До сега се депилирав со топол восок и не ми растеа по 3 недели. Во што е проблемот??
Веројатно ги поткинуваш влакната. Не би требало за 3 дена да растат ако ги вадиш од корен. Прочитај го добро упатството, во која насока да одиш и под кој агол да го држиш депилаторот.
Можеби не ги потфаќаш сите зошто депилаторот е со мала површина, а со него треба да поминеш поголема површина. И кај мене се случува истото и затоа никогаш не се депилирам само еднаш. Првиот пат поминувам низ целата површина, но најчесто кожата останува иритирана или отекува и некои од влакната не се ни познаваат за да можеш да ги фатиш. Затоа чекам неколку дена и повторно ја повторувам оваа постапка. Некогаш поминувам и трет пат бидејќи влакната ми се светли и ми е тешко да ги забележам па се случува да остане по некое но тоа е до нас што сме перфекционисти , инаку се толку светли што освен на допир, не се забележуваат.
Имaм депилaтoр aмa ѓaбе, кoжaтa ми е мнoгу нежнa, oдмa се нaфрлувaм,црвенa сум не пoминувa ни сo кремa ни ништo
А, иначе може да се набави во сите продавници за бела техника: Сетек : http://setec.mk/Small-domestic-appliances/Personal-and-beauty-care-products/Hair-removers, Нептун: https://www.neptun.mk/index.php?route=product/category&path=31_136_52, и многу други.
Јас имам едно од Цептер има веќе 7-8 години мајка ми го купила и го користела па сега јас а за цена не знам јас мала сум била ама уште е живо,топ е како ново
Можеш од било која продавница за бела техника да си купиш, а цената варира од продажното место и од марката на епилајзерот. Јас имав епилајзер од Beko и го користев 5-6 години, ама нешто најверојатно му ослабна моторчето, па зедов еден друг од Rowenta, ама за ништо не чини, наместо да ги корне тој ги кине влакната, па сега се мислам пак да земам од Beko или од Philips.
Цените најчесто почнуваат од 1600 денари па нагоре, во зависност од тоа дали и колку додатоци вклучува сетот. Често ги има и на акции, па пред да се решиш за модел, разгледај ги сајтовите на Нептун, Сетек и останатите салони за бела техника. Јас имам пишувано многу во темава за мојот Филипс депилатор, имам позитивно искуство со него трета година по ред, но факт е дека треба многу да се внимава за да не ти се појават поткожни влакна. Три години немам употребено восок при депилација на нозе и раце и можам да кажам дека влакната ми се доста изретчени и доста потенки.
Исто и јас како и Мишела веќе трета година со ред презадоволна од мојот Филипс депилатор.. Мојот го зедов 2000 и нешто ако добро се сеќавам со додаток масажер но тој не брка некоја голема работа.. Го користам на рацете и носете, откако го зедов немам користено восок и можам да кажам дека ни на крај памет не би посегнала по восочна депилација повторно.. Прво не е хигиенска, второ некои влакна не ги вади од корен туку ги „кини" и истото е како да сум се избричала.. Депилаторот дефинитивно е најисплатлива инвестиција за која вреди секоја девојка да даде пари без грижа дека ќе бидат залудно потрошени.
Мишелке за колку време почнуваат да ти растат влакната? Размислував и јас за депилатор, ми здосади да се бричам секој втор ден на нозе, ама ме предомислува тоа што сепак за неколку дена пак ќе израснат и пак треба да ги депилирам со депилаторот. Па некако исто ми доаѓа. И од поткожните влакна ми е страв, знам дека така најмногу излегуваат. Додека се бричам немам ниедно поткожно ни на нозе ни на раце. Ама затоа кај препоните и интимата што ги депилирам имам и премногу. Најосетлив ми е внатрешниот дел на бутовите, тука после депилација имам четири дена црвенило и брунчиња. Тука само неколку пати сум се депилирала, само за пред одмор и со шеќерна е исто. Затоа и одложувам и се предомислувам за депилатор..
Да ти кажам, @kjukli, се депилирам кога-како, најчесто зависи баш од тоа како сум го држела депилаторот и дали ги поткинал или ги извлекол влакненцата од корен. Кога се поткинати, подникнуваат за неколку дена, а вака кога успешно ги вадам од корен, знае да ми трае и до две недели, па и повеќе. Не сум многу влакнеста и имам светли влакна по телото, па депилаторот ми е одличен засега. Видов мака со поткожни додека да се привикнам, ама навика е и кога ќе се научиш, научено е. Го користам единствено на нозе и раце, еден период и под пазуви, ама прекинав кога ми се изретчија влакната и таму. Интима не се осудувам да депилирам со депилатор, таму само со шеќерна, бидејќи со восок кожата ми станува пуздер. Не е исто како со брич, кожата е помазна и понежна, а поткожните влакна се во зависност од позицијата на држење, но и самата кожа. Мене со брич ми се прават многу повеќе поткожни влакна отколку кога се потфаќам со депилатор. На рацете сум супер-сензитив и таму секогаш ми избиваат мали бубулици, ама минуваат по еден до два дена од депилирање, сега кога ставам Мелем и тоа ми е мачкина кашлица.
Депилаторот треба да се држи секогаш под 90 степени во однос на површината од кожата која ја депилираш, инаку во спротивно само ќе ги поткинува влакната и нема да ги вади од корен.
Jaс имам на Филипс купен пред 7 год, уште трае да не го подречам. Како и да го држам вади од корен се . Раце , нозе ,интима , се со помош на него. Го чистам со алкохол 100% за дезинфекција , исто и се отвара за да се исчисти со четкиче .До сега не ми направил кожни проблеми. Исто така и сестра ми го користи , за 2000 ден. од прилика , мислам најпаметна инвестиција ни е.
И јас имам на Филипс. Како тоа внимаваш да не се појават поткожни. Јас мислам лом се напраив само од него, на нозете ај така така..ама рацете катастрофа ми се и престанав да го користам, на рацете само восок,на нозете некад и брич. Имам другарки што мака немаат. колку му се само мазни рацете и нозете а јас кутра... :/
Па кажав малку погоре , внимавам на положбата на депилаторот додека минувам по кожата, за да ги извади влакната од корен и да не ги поткине. Бидејќи, од поткинатите влакненца кои не можат да ја пробијат кожата се прават поткожни влакна. Кожата по рацете ми е многу нежна и мазна, на нозете имав делови кои ги зафркнав од немарно депилирање набрзина, ама со пилинзи и повремени паузи ми се средија и сега немам мака. Депилаторот ми е најчиста работа, многу мразам шлакање со восок или шербет. Да има како би депилирала и интима со него, ама засега ја одбегнувам таа опција. Немам храброст до толку.