https://www.gentdeal.com/products/sensa-light-bhair-remover Верувате ли во ова реклама? Што мислите дали навистина така функционира? Дали некој има искуствто со ваков депилатор или сличен? Вреди ли да се нарача?
Ова не е депилатор, мене ми изгледа како машинка за бричење, ама дезенот е женски плус има светло да видиш што бричиш. Дали вреди? Не знам, спореди со цени на машинки за бричење во други продавници па сама одлучи.
Ова е обична машинка за бричење и дефинитивно може да се најде поевтина. Не ми изгледа дека е епилатор, кај нив обично ставаат дискови или по ново пинцети, за да ги влечат влакненцата од корен. Ова според додатоците, најверојатно ги сече, т.е. ги порамнува со кожата. Пак ќе кажам не сум сигурна, ова вака лаички погледнато и прокоментирано.
Каде можам да најдам вакво само поевтино? Многу ми е илјадарка за ова. Во нептун и сетек проверив нема на лагер. http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/static/p/mk.html?personal-care/implements/p/4641-7
Фемина22 го имам истиот прееезадоволна сум. Најдобра инвестиција дефинитивно, но ме интересира дали ги депелираш и препоните со него. Јас од врат надоли тотално, само од пусти страв на препоните немам допрено Го користиш за нив само депилаторот или имаш купено некое дополнително делче?
истиот го имам година време го имам дали пола ги ваде од корен се друго го кине да е до мен ене е бидејки предходно имав на браун и супер бев со него сега сум у потрага на браун кај ги има
Preporacajte mi nekoja masinka za otstranuvanje vlakna dali nekoj gi poznava onie na Severin I Able,pregeska vidov ro Ramstore.
Ме занима дали ваков депилатор исто депилира и кај машките?? Еден од предлозите за поклон за другар е, но не знаеме дали ќе му служи.
Овој депилатор многу ми се погоди. Го земав есента и почнав да се депилирам, малку ме пецкаше на почетокот бидејќи прв пат користам депилатор и не знаев како да го држам. Откако го прочитав упатството веќе немам чувство на пецкање. Скоро 2 недели сум мазна, го користам за нозе и раце. А за интима пробав од страна и многу боли, па се средувам со шеќерна. Под пазуви не сум пробала, страв ми е па си се поминувам со брич тука.
Nema braun za zal. Mene mi se rasipa brqun silk epil 7 kupen pred 7 godini sigurno. I kupiv philips od skoro 6000. Nema dopirna tocka, i mnogu sum razocarana. Naviknata na braun ovoj samo zivci mi vadi
Blage veza nema braunot so filipsot ama nemozam da najdam braun sea epilator od aliexpres ke si poracuvam da vidam dal ke go bide
Кога се депилирам на нозете со депилатор ми излегуваат многу поткожни и повеќе не го користам. Е сега сакам да одам на депилација, без разлика каква, но се двоумам дали ќе биде исто. Си мислам дека ќе ми излегуваат пак, зошто и со дипилација се ваѓаат влакната од корен. Дали имал некој ваква ситуација и што препорачувате?
Редовен пилинг и внимателно со аголот под кој го држиш депилаторот додека се депилираш. Гледај главата да биде поставена под прав агол во однос на влакната. Така поретко ќе ги поткинува влакната. Непосредно пред секоја депилација прави некој погруб пилинг и ќе се намалат поткожните со тек на време.
@Mishela, имам и со пилинг пробано и дополнително со луфа се поминувам додека се туширам и пак ми се прават поткожни. Не знам дали би ми била истата ситуација ако пробам да се депилирам со восок. Ќе му дадам шанса уште еднаш со погруб пилинг и ако не бива ќе го баталам. На рацете не ми се прават, ама нозете ми се лом. А ептен ми е здосадено да се бричам, барем летово да го искористам депилаторот.