@Abel Јас имам користено некој од овие Philips депилатори на целосно израснати влакна на раце и првата минута ме болеше многу, после се привикнав и океј ми беше. Прашањето за под пазуви ми беше дали е општо безбедно, зошто многу не препорачуваат било каква депилација таму, заради жлездите, доста е осетлив тој дел. Инаку, јас би ги фатила два-три дена после бричење со депилатор, дур се уште помали, ваљда нема да боли толку. @SunnyGirl2 Другарка ми депилира интима со депилатор, ама само горниот дел и препони, делот кај усните не. Она е задоволна вака, дури повеќе од шеќерна/депилација со восок, убаво и ги фаќа влакната а и веќе и се омекнати и не ја боли. Јас искрено не би се осудила, зошто имам уште трауми од депилација со восок таму, Господ го видов од болка.
@blueeparadise Затоа ти викам дека мора да пробаш, дали е безбедно стварно поим немам, знам жени кои сто години се депилираат само со депилатор, ама тоа е до влакната, ако имаш силен корен и јаки влакна, све боли, нема бегање ти си ја знаеш најубаво кожата и силината на влакната, не знам дали вреди да инвестираш во депилатор кој има незнамкакви спешл додатоци, кога пак е истото, имаат некакви додатоци за ладење и евентуално помала глава да има за тие специјални делови. Знам дека имаше и некои депилатори кои може да се користат под туш (може измислувам, така нешто ми се мота по глава, дека имаше некои што се користат на влажна кожа кога се отворени порите), и тука опциите застануваат. Ако ти е ептен фрка, прашај си ја матичната или разгледај опција ласер.
Јас имам многу лошо искуство со депилатор, на нозе од него ми се направија многу поткожни влакна, се измачив со пилинзи, лосион за тело од еуцерин, и на крај престанав да го користам на нозе и ми се подобри ситуацијата. Од квалитетен брич воопшто не ми се прават поткожни. А за на раце немам никаков проблем со депилаторот дури немам ни болка али моите се светли и не се јаки можеби затоа
Се прават поткожни точно, затоа мора обавезно редовно пилинг, јас така ја решавам ситуацијата, и тоа квалитетен пилинг со некоја ексфолирачка киселина, и редовно. Сум приметила дека особено летно време кога е топло (или повеќе се потиме) имам повеќе мака со поткожни. Мене ми е идеална комбинација депилатор и депилација со восок или шеќер, да има рамнотежа.
Јас користам депилатор за раце и нозе и за под пазуви имам Филипс и сум прилично задоволна. Иако до висок ми е помазна кожата но не секогаш имам време и нерви за со висок с вака за 10 минути ми се средени нозете. Еднаш неделно се депилирам со депилатор после бањање.
Здраво девојки. До сега имам одено на депилација и најчесто користев брич, меѓутоа имам темни влакна (најмногу на нозете и препони) и сакам летово да имам мазни нозе каде што ќе можам да облечам кратки панталончиња кога и да ми текне, без да планирам и бричење однапред. Сакав да ве прашам, откако ќе се издепилирате со депилатор, колку време сте „слободни“ од влакна? Дали се проратчуваат со тек на времето?
Тоа „слободни“ е индивидуално и зависи колку брзо ти растат влакната, кај мене со депилатор е горе долу колку и со восок. Јас немав проретчување со тек на време.
И јас го имам истиот ама кабелот ми прекинува и сецка, ваљда е знак дека треба нов да земамЖенски ве цитирам за да ве прашам Дали овој е понова верзија на тој што го имаме ние? Или ако не кој би бил?
И мојот прекинува ама можеш да земеш само нов адаптер или ако имаш некој кој се разбира да го исече тој дел и да го залепи. Многу едноставна поправка е, 5 мин. Обично се расипува на почетокот веднаш до адаптерот па ако веќе некој го средува, можеш да кажеш. Претпоставувам дека и да земев нов пак истото ќе се случеше затоа што тој дел од кабелот е осетлив.
Сакам да помогнам но навистина не знам каде би можело да има... Може да има по продавниците каде што продаваат нивни производи, ама капитализам е, не верувам, сакаат да купиш цел комплет, не само кабел Втората опција е ако знаеш некој електричар евентуално.
https://www.facebook.com/profile.php?id=100081803706978&mibextid=ZbWKwL Јас од тука го зедов, го пробав само треба нежно триење затоа што ако притисниш посилно ја иритира кожата. Мене од секаква депилација ми се иритира. Разлика од брич е тоа што прави пилинг на кожата, после тоа ептен е нежна, иначе горе долу иста му е функцијата со брич