@kukla21 Јас се депилирам редовно нозе,интима, стомак и раце, веѓи ми средуваат со восок и надусни. Досега не сум имала никаква мака или поголема болка можеби затоа што со години се депилирам и несакав да ставам брич. Позитивна работа од хормоните поретко ми растат влакна па место еднаш месечно сега се депилирам еднаш на месец и пол-два. Плус сега се затоплува со депилација ќе си раат подолг период
Брич не ми е комплетна опција. јас се депилирам комплет, а така нема да може да се средам. Ај уште ова малку глупаво прашање - тие што веќе сте со меше, а депилирате се, како го депилирате задникот? @Natasa. P а како одеше на преглед тие 2 месеца?
Jas si lezam stranicno, ke me fati prvo od ednata strana, pa od srugata. Ke se snajde kozmeticarkata, bez gajle. samo kazi i sto sakas. Ke ima malku poveke vrtenje okolu tebe od voobicaeno, ama toa e...
Свртена на страна Си знае козметичарката ќе ти кажува кревај нога виткај нога хахаха Инаку јас сега последниот пат прв пат задниот дел на страна свртена ми го депилираа. Предходно немав проблем да легнам на стомак затоа што не ми беше голем.
Sega go gledam ova vtorovo prasanje za mene... Znaci pred transfer si tempirav togas da se izdepiliram. Potoa, pominaa 12 dena, pa test, i za prv pregled vo 6ta nedela si bev seuste cista. Kako sto kazav, ne sum mnogu vlaknesta po priroda, a sega pak vo tek na bremenost, uste pomalku rastat. Potoa za naredno odenje imav vreme i da se stabiliziram, i da se izdepiliram za da bidam cista na pregled a mi se sobraa dva meseci od depilacija do depilacija.
И јас пред трансфер се депилирав, не дека сум којзнае колку влакнеста, ама дека таква не сум навикната, шубе ми е. Решив да одам сепак. Ќе и кажам да ме потсреди, без многу цепидлачење колку добро сум помината.
Дали се депилирате со депилатор? Не сакам да одам на депилација а со брич не го бива мислев со депилатор да се средам , сестра ми да помага
Јас првите 3 месеци се депилирав со депилатор, сега неможам да се свиткам ми смета мешко и веќе 2 месеци одам на депилација, многу побрзо и попрактично ми е отколку јас сама да се измачувам. Ако имаш кој да ти помогне тоа е веќе нешто друго. Иначе само нозе и раце депилирав со депилаторот, препуни со депилатор неможам језиво ми е.
Каде со депилатор? Доле доле?? Јас таму нема шанса со депилатор, ке умрам од болка хаха Боље опција е на депилација да си одиш...
јас нозе и раце депилирав 12 недела, препони оставив за сега 4 месец, така и ми рече докторот за препони бар 4 месец. А 4 месеци не издепилирана сега и страв ми е
И јас депилирам раце и нозе ама за интима ми е страв, штом доктор рекол така ке си почекам до 16 та недела
Од старт одам, еве сега сум 14та и закажав за во петок... јас бикче не помислувам да ставам, од депилирање изретчени ми се, дупки имам кај што не растат ич, ко искубана ми е се плашев за првиот пат, сега гајле немам...
Исто и јас во Петок закажав комплет се. 15 недела сум и ова ќе ми биде 3 пат каде ќе депилирам интима во бременост. Досега немало проблем. Плус и стомакот го депилирам.
Јас бев пред 4 недели и планирам да закажам за наредна недела, ако издржи бебето до тогаш. Многу ми е смешно што откако останав бремена воопшто не ми раснат влакната после депилација, баш како што кажа некоја членка погоре, како искубана сум, по некое влакно трчи трчи сопни се, а сепак 4 недели не се малку време кога ќе помислиш. Никогаш не било вака.