Се се надевам и јас дека ќе ми растат помалку влакна ко што кажувате тука Одам редовно на депилација, ама не ја сакам бре! Не и не!
Сигурно е хормонски, јас и претходно се депилирав ама си растеа нормално. Сега е вака, јас пак се надевам вака ќе остане и понатаму А напротив, косата многу ми се згусти и брзо ми расте, луди хормони
Јас вчера цела се издепилирав, и освен што бев по осетлива на интимниот дел, другото се беше ок. Раат ќе бидам месец дена. 21 недела сум
Ќе одам другата недела јас и планирам да го издепилирам ама не скроз цел туку малку околу папкот некои потемни што се. Сум била и два пати во текот на бременоста претходно и тогаш го депилирав. 19+5 сум денес.
Да, комплет секаде ме депилира и околу папокот.Сега помалку ми растат и ќе ми биде трет пат депилација пред пораѓај.
Јас се депилирав и на стомакот, и тоа во 9ти месец пред пораѓај, ама девојката што ме депилира ме депилира веќе 10 год, па имам доверба ( не дека тие што не ги знаете можат да направат нешто погрешно) ама онака си посигурен.Инаку може да се депилира стомакот слободно.
Mene mnogu, mnogu, poslabo mi rasnat vlaknata vo bremenosta. Edna ubava rabota koja molam boga da mi ostane i posle bremenosta. Kakvo samo olesnuvanje I zasteda na vreme..
И јас исто се депилирам целосно секој месец. Нозе, раце, интима и стомак. Во однос на болката не осеќам голема разлика, можеби дека се депилирам од почеток брич немам ставено па сега веќе ми се изретчени. Сега во бременоста уште помалку ми растат па ќе видиме од кога ќе се породам како ќе биди
Супер значи може и стомакот . Мене сега во бременоста доле на препони ми се изретчија и побавно растат ,а на стомак па се појавија немав ич . @fana секако не цел , само на средина каде што има влакна . И јас до сега 2 пати сум била , но не го депилирав стомакот ,а сега сум 31 недела па малку страв ми е , ваљда бебе не осеќа
И јас се секирав дали осеќа, и и кажувам на девојката што ме депилира - а бебе осеќа ли? И само ми се насмеа, демек не се секирај Инаку најинтетрсен момент, морам да го споделам околу осеќањето - 10 дена пред да се породам бев во театар, леле мислам бебе ќе излезеше од стомак, од гласната музика, после ми беше мн.криво, ама ете не знаев а и никој не ми кажал, ниту јас можев да претпоставам
@ada21 и мене исто во бременоста ми излегоа повеќе на стомак.. иначе јас цел го депилирам, еве утре сум на депилација
Јас меше не депилирам. Никогаш не сум ни депилирала. Немам влакна на него, не знам вие што депилирате. Не знам женски до толку влакнести на стомак.
@kukla21 Немав и јас скорс мазно ми беше , сега ми се појавија во линија на папокот , не се многу ама не сум навикната . А и не ни мора да се депилира .
Се депилирaм и сегa целa ќе се депилирaм и пред пoрaѓaј. Е пoсле пoрaѓaј не знaм кoлку би чекaлa зa дa се издепилирaм.