И јас денес отидов се издепилирав комплет, па си викам да прашам да не си направив некоја грешка ама со депилација си раат спас е по 2 месеци ко што ми растат споро влакнава.
Јас со бременоста станав мајмун. Волку вланка немам видено во живот. Стомакот ми е катастрофа + почнаа да излегуваат и по лицето еден кул. Стомакот еднаш сама го депилирав, ама за 3-4 дена имаше нови. Мнооогу брзо растат. Читав дека кај некои жени во бременоста се зголемува влакнестоста. Ех среќните ние, барем нема да ни е ладно Една влакнетост ќе се издржи. Нема цена за малото, само нека е добро и нека расти
Девојки кажете предлог за депилаторка што депилира бремени жени јас уште немам стална дека мојата се пресели во странство па да не испробувам. Гледам и некои користат ролни хартија за седење како на гинеколог, дајте предлог да фатам редот со време.
Јас одам во Бабор. Се наоѓа пред фонтаната во Парк, на сама илинденска пред семафорите. Чисто, хартија за една употреба.
А кога зборувате за депилација на препони мислите на плитки или длабоки? Јас цел живот се депилирам цела, влакно да нема ама сега ќе ми биде прв пат трудна па не знам како да направам...и дали топла/ладна? Докторот ми рече ладна може....
Јас одам во Аеродром. Жената според мене е многу чиста. Веќе повеќе од 5 години сум кај нејзе. Сега го префрли студиото кај бивша Стела, Хартија чиста постела, и депилира со восок за една употреба. Е сега никогаш не научив што е ладна, а што топла депилација. Нозе секогаш со оние ролоните што се загреваат. Препони со топен восок во мало котле. Секогаш си сама внатре. Дури толку години одам, не се сеќавам дека сум се разминала со друга клиентка на врата. Посветува доволно внимание. Мене ми беше малку шубе да се депилирам, па се договоривме да одам, да пробаме, ако неможам да сме живи и здрави. И морам да кажам супер поминав.
@AnonimnaDevojka јас ќе ти го препорачам студио Мисс, спроти Димитар Влахов, во зградата до Вегера. Без разлика трудна/не трудна јас со години депилирам препони (читај-цела односна бразилска) исклучиво со чист восок за 200 ден.
@AnonimnaDevojka - по моја препорака Дивајн Лики, во зградата на Наром, на ќошето од кај Рулет. Чисто - ко на лекар Хартија обавезно нова. Топла, ладна, чист восок, солидна цена, клима, сама си,.... ко мое да е го рекламирам. Јас сум задоволна.
@Ano ладна депилација е кога вадат со хартија. Кога теглат со рака, е топла. Топлата депилација е со восок кој се користи повеќе пати. Сепак пред да ти стават, поминува низ температура од 90 до 95 степни.
Јас се депилирав последно во марија бела позади рамстор (во истите згради кај кокормановска гинекологот) и сум презадоволна. Депилира со топол восок и восокот е чист, бидејќи тоа што го вади од тебе го фрла во канта. Чисто е ептен и жената е топ. иначе депилирам се, без ниедно влакно
Да. Доколку ставаат парчиња директно од паковка, чист е. Топол восок а.к.а. Путер восок. Изгледот му е како путер. Ако ставаат парче путер во топилката, дефинитивно станува збор за чист восок, прв пат употребен. *Note: Не ми беше целта да ве исплашам дека се користи неколку пати. Поминува температурна обработка од 90 до 95 степени. **Note: Цената на топлиот е повисока.
Значи трет пат ми се случва од ко сум бремена, се обидвам да се избричам на препони неможам да се видам од стомакот. Трет пат се сецнувам и на бришење имам малце точки крв. Ми побелва косата дури да сфатам дека е од бричот. А депилирање не иди во предвид. Како се снаоѓате вие шо не се депилирате? Ако има такви
Два-три пати се имам депилирано, не трпам болка. Уствари не планирам болка да трпам ако не морам. Многу стресно ми е се ежам ко ќе се сетам Жал ми е на бебчо таков стрес да му приредам