И јас исто отидов со намера малку да ме среди одоколу (плус првпат кај девојчево) ама за чудо па ептен малку ме болеше, да не речам ич и се средив комплет (плус и стомак ) и стварно споро растат.
Мене нормално ми растат, како и претходно. Баш тука читав дека поспоро растат и се израдував, ама немав таква среќа
Тоа е доказ дека секој организам е различен. Да не бев отидена на депилација колку сега, веќе ќе бев обрасната, а сега едвај имам за една тура восок да стави колку да се рече. Чист пример е и дека некои жени имаат косопаст во бременост, мене па косата ми е супер цела бременост. и ред други работи. Очигледно секој различно реагира
Јас само за првата депилација во бремеоста чекав 10та недела да дојдам заради претпазливост дека со топол восок и затоа што лежев повеќе бидејќи сум инвитро, а од тогаш наваму се депилирам на 3-4 недели, како што напишав погоре
Фала ти мила ,заборавив да пишам дека и јас сум имвитро,но како и да е ќе си почекам и депилаторката не сака да ме депилира уште сега ми рече да си почекам.
Закажав за утре депилација, прв пат во бременоста, 36та недела сум се надевам дека нема да боли има некои посебни пози за трудници, нема шанси да лежам на грб со раширени нозе со толкав стомак, како вас ве депилираат?
а има шанси да се предизвикаат контракции? дека спуштено ми е доле уште пред 2 недели и примав инекции за зреење тогаш... ама како да се бричам-партал ќе ми биде кожата после...
А зошто да не лежиш на грб? Мене само назад кога ме депилираат се вртам на едната па на другата страна, а за напред нормално лежам. Опушти си се, не е страшно
И јас се депилирав 36/37ма недела и немав апсолутно никакви проблеми плус и не памтам да ме болело кој знае колку многу, така да олабави се само и немаш гајле. Брич не ти препорачувам ем ќе те чеша ем и пак ќе ти пораснат влакната.
Jas prethodno celo vreme se depilirav i nemav problem . Vo 4 mesec mi se pojavi vena dolu i pri depilacija mi se raskrvari edvaj ja smiriv posle mesec dena . Vo 6 mesec se depilirav povtorno so toa sto go izbegnav mestoto kade mi e venata ama se raskrvarev celata ..od sekade mi tecese krv ..mi rekoa deka od bremenosta i zgolemenoto kolicestvo krv kozata i kapilarite mi stanale preosetlivi. Sega sum 35+2 i se depilirav so prasokot na lidera za depilacija ( se pravi kako krem za depiliranje ). Mi bese strav da ne se raskrvaram od depilacija pak pa da trpam pak pecenje bolki
Некој има користено крем "линеа" или слично за депилација на имтимна зона? и како оди со одмивање? или со влажна крпа?
Лидера мислиш?! Како веет крем е ефектот, само многу полесно. Се раствора прашокот. Нема мирис. И се мачка со спатула, стапче за грло. полесно оди. Чекаш 3-5 минути да се исуши. И директно под туш. Измиваш со вода и стара крпа/гаќи истриваш и се чисти одма. Практично е. Шо знам...