So bikce se sreduvam sekogas pred pregled ednas se sluci ne znaev deka dotamu ke otide so eho se zasramiv I ne se povtori.
Јас вчера бев на депилација, комплетно цела сум средена. Искрено срам би ми било таму да ме средуваат...
Чекајте бе жени, од кого да се срамам поради влакна? Од гинекологот? Зачи јас не гледам што е срамно да се има влакна. Мислите дека жените во години кога одат на гинеколог се тасмосани долу? Не. Во нивно време никогаш немало мода на бразилска депилација. Сепак влакната си имаат одредена улога, и ако имаш влакна не треба да асоцира на нечисто. Сега модата е да си тасма по цело тело, па дури и мажите претеруваат со депилирање. Мене не ми е срам ни да ме бричат во болница, но бидејќи знам дека еден ист брич се користи за повеќе жени, и знам колку чеша уште наредниот ден (а ако имаш епизиотомија ич не е згодно), само поради тоа ќе се издепилирам пред пороѓај.
Значи со депилација не ми иде никако. Восок и шеќерна, топла и ладна не поднесувам се исфрлам комплет. Само брич или крема. Ама сега зошто бремена и мешко почна да ми смета си земав од Лидера прашокот, викам ај да го пробам мора да се потсредам малку у четврток на преглед сум. Супер е, брзо и лесно, ама немаше да бидам јас ако не напраев беља. Случајно од препон отишло кај шо не треба и сега си се мачам со изгорена кикирика. Ах бе салце мое, мрсни бутки, желе мозок... Пазите се. Јас само да си се пожалам.
Не би ти препорачала а и не ти е потребно тоа , ако се проаѓаш со бикче нај убаво одкако ќе се измиеш стави си бебешка пудра или бебешка крема колку да ти се смири кожата ,сепак нај осетливо место е интимниот дел . Јас се проаѓам со епилатор на филипс и сум презадоволна , ама дека сега отечена и од мешко не можам да си ја видам "тетката" па си идам на депилација за интима
Здраво девојки Депилаторката кај која си одам еднаш ми спомна дека не ги депилирала во првите 3 месеци за секој случај, а инаку со поголем стомак трудници и доаѓаат. Јас минатата недела направив тест и е позитивен, а закажав сега за во сабота депилација. Дали да правам интима што мислите? Да не е нешто ризично? Поздрав
Прво честитам и со лесно Депилацијата не се препорачува повеќе заради ризикот од инфекции. Јас сепак не се депилирав првите три месеци. Матичната ми рече не, специјалист ми рече не, ама таму беше и ќерка му која е на специјализација и она рече може па он додаде “јас по старски, сега по ново гледаш може “. Значи нема единствен став па останува на тебе.
Јас се депилирам од сам старт. Првиот пат бев 6та недела кога се депилирав. 10 години идам кај истата козметичарка, така да и верував во поглед на инфекции. А го депилирате стомакот?
Исто, и јас само што дознав дека сум трудна, а имав закажано веќе и се издепилирав. Нареден пат бев по 2 месеци, дека со шеќерна депилација, па одам поретко и така уште терам. Депилирам сѐ, и стомак, ама ниско долу.
Зошто мила да "фатиш породилно"? Имаш кнап 6 месеци стаж или? Да ве прашам нешто скроз банално ама ме мачи. Како се средувате за вагиналниве прегледи? Па јас едвај успеав во 30та недела сега не знам дали ќе можам (скоро 35та) ...а камоли сега кога ќе зачестат прегледите
Откако ми зема последни брисеви матичниот, не сум имала вагинален преглед, а тогаш маж ми ме среди со бикче, па чекав да пораснат влакната еден месец и во 38ма недела си бев на депилација во козметички салон. Уште сум си раат, а уште 6 дена до термин, таман да избегнам бричење на пороѓај. Откако ќе влезеш во 9ти прегледите би требало да бидат еднаш неделно, но ако е сѐ нормално па и немора да те проверуваат вагинално. Се надевам ќе ги избегнеш, зашто секое брцкање рака е и изложување на бактерии и инфекции.
Не ве советуваа против депилација? Или имате некој сигурен козметички салон? Мене ми е шубе од инфекции и со бикче се средував цела бременост. Синко направи магично да "оќелавам" по телово, за моја среќа, ама секако не целосно ))
Најсигурно си е дома Ама јас цела бременост одам на шеќерна депилација, така и планирам околу деветти месец.
Си одам на исто место 15 години и дури и кога не сум бремена секој пат интима депилирам со чист восок, за еднократна употреба. А и така ретко одам, минатата бременост два пати, а оваа само еднаш се депилирав. И јас оќелавев Нозе ни еднаш не издепилирав цела бременост.
Женски мене ми рече докторката да не одам на депилација уште од почетокот Но само поради инфекции да не фатам...Но не ја послушав одам секој месец,навикната сум да се депилирам цело време веќе 10 години може одам кај моја козметичарка си има нејзин салон и презадоволна сум никогаш сум немала лошо искуство од кај неа...Малце ми беше шубе дека го прекршувам зборот на докторката,но резултатите од пап и брис ми се чисти така да си продолжувам со депилација па се додека можам,ако можам здравје и до 9ти ќе одам Неможам да трпам влакна грдо се осекам,многу ми се изретчени од депилација и супер ми е...А за болка баш напротив воопшто не ме боли,цела се депилирам сегде освен на мешко...баш девојкава што ме депилира вели дека сум поопуштена од било кога според мене грдо е со влакна да се оди на преглед или на порагај, а чувај боже да ме бричат таму некои на самиот чин ова е мое мислење во секој случај секој си има свое..позз
Јас се плашам од депилација во салон, предходно одев секој месец ама откако сум бремена се средувам сама. Ленти вит до каде што можам да издржам, останатото го подскратувам со машинка. Го депилирам и стомакот со ленти, многу повеќе влакненца имам сега отколку пред да останам бремена.. Ова е за сега, кога ќе порасне уште повеќе мешко не ми се верува дека ќе можам сама да се средувам..
Се депилирам еднаш до два пати годишно, само за на одмор, иначе исклучиво бричење. Ми се погоди одморот во 6тата недела (само што дознав), и отидов на топла депилација без многу мислење. Секако ме боли бидејки одам ретко, ама овојпат ме болеше МНОГУ. Не само што кукав додека тегнеше, него и ќе заплачев на крај. Имам уште еден одмор на околу 16та недела, ептен сум на мисла дали пак да се депилирам. Не се грижам за инфекции и слично, поише ми е од стресот додека лежам таму. Ми препорачаа да пробам шекерна депилација, дека било подобро. Мислења?