Veet е исто како со брич, пак јаки влакна ќе имаш.. Јас се депилирам со топол восок на козметичар, издржливо е, пред една недела прв пат со шеќерна паста ме депилираа и издржав, не боли многу. Е сеа за кремиве, имам ги пробано повеќето, имаше Веет, Силк и некои други, за на раце, нозе немав проблем а на интима само на препон што ставив ми испоцрвене и ми настанаа ситни брунчиња.. Така да не знам стварно.. Не знам за друг начин. и јас дома имам депилатор, сум пробала многу боли. Не за џабе рекле депилација на суво не бива
Јас сакав сега од 4ти месец да одам на депилација, ама поради ситуацијата што крварев, не се осудувам да одам. Се средувам со бикче и тоа едвај, пошто сега не можам да клекнам и да се средам за минута, полека прво едната нога крената,па другата. Не се гледам. Кај се фатам таму, после со огледалце ќе се ѕирнам ако сум пропуштила нешто. Ако сега ми е тешко ,се чудам како ќе се поминувам онаму 7ми,8ми месец
Mene genekologot mi rece da ne se depiliram na intima a se depilirav tamu postojano,depilacija mi rece pri kraj vo 9ti mesec sega maka ke macam so bikce
Да прашам само денеска имам депилација претходна кога ја имав не ми с ени познаваше стомаче а сега не знам како ќе ме депилираат позади како да легнам на стомам дали е проблем ?
Не, не, како на стомак, на страна ќе се свртиш, ќе те намести таа што ќе те депилира. И јас планирам штом влезам во 9 ти да се издепилирам скроз и да си бидам раат за пораѓај. Ама овие влакна пусти не растат како што растеа, на 15 Декември се депилирав дома сама со депилатор и еве 2 месеци од тогаш имам скрооз малку влакна тук там и еептен бавно растат, ако можам до 10ти Март да издржам(ако не се породам дотогаш) и да одам тогаш белким за 3 месеци ќе порастат убаво
Имам едно прашање можеби е глупаво и не е за тука ама ајде незнам кај да прашам... Како се средувате долу пред пораѓај да не беше ситуацијава ваква си одев на депилација и си немав мака ама сега не работат козметичаркиве а и да работат не би одела...Почнав да користам брич ама неможам секој трет ден со бричот цела се искаспив а и ако ме фатат болки или ми пукне водењак како ке се средам или таква подпорасната ќе треба да одам...
И јас незнам што да правам , си одев редовно на депилација , сега нема шанси да одам а не знам како да се средам , со брич и со креми ич не сакам брзо растат густи цврсти и треба на 4 5 дена да се поминувам . А сама дома со восок не сум пробала до сега да се тегнам.
Пробав дома со восок ама ем не гледам ни кај мачкам ни можам да тргнам ми смета стомакот не можам да се наместам никако а и боли осетливо е местото ептен цел а со модрици бев
И јас сум со бикче нонстоп посебно сега на крај како зачестија прегледите. Се касапам на слепо, не гледам ништо од стомакот само гледам крв капе во кадата Огледало стајте си во када, јас немам. Сакав да си купам ама со ситуацијата ич не ми текна. Не знам по маркетите дали има.
Ставам огледало ама ми се заматува од пареата од водата макар што не се капам со жешка и морам да се вртам да биди на светлина оти промашувам па ми остануваат и стварно ме фаќа нервоза Ексик веќе нека се породам
Ај да прашам тука, со оглед на ситуацијата со корона, идете на депилација во салон? Јас не сум била се средував со брич(прв пат у живот) ама веќе сум голема нишо не гледам и мачно ми е. Знам за породување треба фино да си среден. Не знам дали да посетам козметичар ми е страв.
И јас исто како тебе, последниот пат кога се спремав за преглед го викнав маж ми 7 ми сум, а до 9 ти...И мене ми е шубе на депилација сега да одам
3 пати досега бев на депилација, слабо ми растат. Но претходно со години се депилирав и продолжив и во бременоста. Брич/бикче со години не сум користела, за никаде, дури ни за аксили. Носам заштита, носи и таа, дезинфицираат пред и после мене и тоа е.
Не се стегам, воопшто. Со години одам кај истата козметичарка, другарка ми е. Многу внимава и става потенки ленти да не се стегам. На меше не ставам ленти, немам таму влакна. Бебе досега не изреагирало.
И мене ни е страв на депилација ради короништево! А фино си одев претходно. Со бикче умрев. Ај што не гледам веќе, па се ме чеша, па не можам убаво да се дофатам Многу се мислам што да правам. Претходната бременост без проблем си одев. Сега...
Ја па ни претходно не одев толку многу само пред одмори или така се дома со ленти. Еднаш лудача многу ме изгоре на интима со жежок восок и по нозе раце бев изгореници и уплав иам од тогаш. За бикче сум испраксирана е сега пред пораѓај и ја не знам како ќе бидам средена... и добро ако имаш да си се пропуштил или не си стигнал да се средиш што ти прават?
Ќе се средиш со огледало. Нема да гледаат 2 3 влакненца дали си пропуштила. Моето дело помина, уште не знам како изгледаше ако ептен си зашумена ќе те средат они ако не стигнеш сама