Така е, меѓутоа не дека ми останало некое влакно туку ко кај касап да сум била во секој случај најбитен е бебуш, ќе се навикнам на бикчето очигледно, фала на одговор. Поздрав
Се сеќавам има и една крема на биквата Л.. не ми текнува како точно се викаше, таа наводно е безбедна за бременост ,можеби е понежна од бикче, пробај.
Девојки здраво. 7ми месец сум и до сега редовно се депилирам, но неодамна ми се појавија испуштени вени на препоните, дали има некоја со такво искуство? Незнам дали смеам да одам на депилација...
Освен veet има ли друга крема за депилација на интима, јас прашав и за veet матичната чече може ама страв ми е некако, има ли некоја крема безбедна за трудници?
Женски да ми препорачате шеќерна депилација некаде ,козле ,тафталиџе ...... јас одев во александрија пред да останам бремена ама некако не ми се оди таму , ги менуваат девојчињата цело време и има некои што се погаѓаат модрици ми оставаат од што грубо депилираат
Читав дека како често после депилација во бременост се јавуваат испуштени вени. Дали би отишле на депилација некаде низ салоните, со каков восок депилираат и како се изведува целата постапка? Некој искуства со ова?
Јас се депилирам со топол восок ама на интима со топол за една употреба чист во посебно канте и откако ке ме депилира го фрла. И во првата бременост се депилирав и сега. Ни инфекција ни вени ништо немав
Јас баш вчера се депилира, на нозете со ладен восок, а на интима со топол за една употреба. Салонот кај што одам е чист. Е еднаш пред бременост што отидов во еден салон, стварно беше ефтино ама толку беше нечисто и после депилација се нафрлав целата, 2 месеци ми требаше да си ги оправам рацете и нозете
Дајте некој совет како најбрзо и најлесно да средам интима? Козметичарката ми откажа во последен момент, од бричење врска си немам, а имам преглед во четврток. Некој добар брич да ми препорачате или некоја друга техника? Цел живот се депилирам, стварно веза си немам
Не прави таква грешка само таков совет можам да ти дадам врти у друг салон сигурно ќе најдеш некаде само за интимна депилација
Ве молам предлог за салон за депилација во аеродром или центар, да имаат искуство со депилирање трудници, нормално да депилира интима со чист восок и да не е многу скапо? Ме интересира интима како депилирате ?Стоечки? До сега кај што идев не сум баш задоволна. И до сега немав стомак.Више сум со стомаче па незнам како би ме депилирале позади и интима коа неможам да лежам на стомак
За позади странично ќе легнеш барем јас така се депилирав бремена а напред нормално лежејќи , зошто неможеш да лежиш?
Јас одам овде повеќе од 10 години. Козметички салон Доменика - 071678607 Жената работи ептен педантно. И цело време работи со восок за еднократна. Салонот и е кај што беше порано слаткарата Стела