Не мора да се депилираш, секако се препорачува стомакот кај трудници да биде покриен кога си на плажа. Кремите не се препорачуваат поради хемикалиите што ги содржат.
ами некако ми е страмно ваква да одам и на гинеколог дај помагајте што да правам или некој друг крем ми препорачајте
jaс дур бев трудна со истиве прашања се замарав и само се чудев како ке знам шо ке е,ама добро велеле дека ке знајш кога е време сама се бричев таму долу и дури немав време да се огледам како сум се дотерала абе боже мој уште малку ке дојдев страфта мачка кога се видов.... на риги кај сум фатила кај не...
Си барав мислења за бременоста и налетав на оваа тема.Според мене таа кремата Veet и сличните на неа содржат доста хемикалии и не смеат да се употребуваат тогаш,ни на стомак,ни на интима или слично. Бричењето е најсигурно во овој период,навистина можеби е подобро дома да се средите и со помош на мажите,наместо набрзинка тогаш да ве средуваат.Е ако нема време нема како.И за прегледи ако ви е срам,можите со брич.Тие какви ли не виделе па сеа за две три влакненца некогаш и да не сте издепилирани чудо големо.Депилирањето со восок(на интима)е индивидуално,но сепак пошто знаете како се стегаме и мускулите се напрегаат,особено ако тогаш сте почувствителни,може да се предизвикаат спазми,а недај Боже,може да се предизвикаат и предвремени контракции(ако е во покасен период од бременоста),затоа е ризично,особено кај тие со патолошка бременост(таму е скрос забрането)Кај оние кои се оттрпнати и не чувствуваат болка многу,можеби можи да се употреби.Само внимавајте,поради разните хормони чувствителноста се менува и повишена е болката.Сепак да,и за инфекциите е страшно.Бремените се податливи на инфекции и затоа не се препорачува.Сето тоа самата бремена си одлучува на сопствен ризик.Докторите треба да предупредат во секој случај
Пред бременоста редовно се депилирав со топол восок. Сега во бременоста само со бричење некако најсигурно ми е .На прегледи гледам да бидам средена иако сама не ни можам супер да се средам СтомаЧето ми смета и користам огледало ( не е лесноо ) Ми остануваат уште неколку недели до крајот и планирам сама да се средам не сакам таму во болница А за понатаму повторно со депилација ´раат ке сум си
Јас се мачкав со вет кремата за депилација и сега пак ми пораснале ќе треба деновиве да се средам и јас сум при крај со бременоста па не би сакала во болница да ме средуваат, дома си е дома
Лав23 среди се со брич тоа ти е моја препорака, покрај што имам читано дека со кремите е штетно бидејќи содржат разни хемикалии, се имам консултирано и со мојот гинеколог. Иако не сум бремена таа не препорачува во никој случај со крема.
Интимна хигиена во бременоста Женски дали знаете некоја специјална крема за депилација на интимата?Сакам да се спремам пред порагај. јас пред да останам бремена еднас се намачкав со веет и добив кожна алергија кај вагината и во бутовите.,, и од тогаш веке немам користено крема туку идев на депилација, али сега незнам што ке правам, пошто ептен сум осетлива доле и нема шанси за депилација сега.Кажете вие како се издепилиравте пред порагај?
Интимна хигиена во бременоста леле цеки со веет никако имам и јас направено таква белја ама одамна беше,чекав да ми помине воспалението скоро 2 недели...аууу ужасно ми беше земи си крема за депилација што има во неа камилица или невен. на афродита се убави,сум ги користела за депилација на интимен дел и навистина се убави (само внимавај има и обични на афродита,без камилица,пишува на пакувањето) Провери прво на внатрешната страна на подлактицата дали си алергична Треба да ставиш доволно дебел слој и подолго време да чекаш за да почнат да делуваат (подолго од тоа што пишува на упатството) потоа многу добро да се одмиеш ама само со вода или со чај од камилица а не со гел.
ајде да ја активирам темава , читам различни искуства ,јас во претходната бременост без да се распрашам до душа, се депилирав со вет кремата на интимните делови ,а со депилатор нозете, дури и кога ми пукна водењакот дома вечерта во 12 и 30 по полнок се мачкав со кремата се средив нели и право на клиника а сабајлето во 5 се породив фала богу немаше никаков проблем, тоа е значи мое искуство не дека така препорачувам , сега откако останав пак бремена а и претходно идам на топла депилација и раат сум,вака со брич па и со кремата брзо ми растат и жива мака имам, на последнава контрола го прашав докторот дали може да продолжам да се депилирам со восок тој рече слободно само да е во добри услови се мисли на дезинфецирано, инаку од кремата не се исфрлав ама од бричот рани се правам се зависи и од типот на кожата , кај козметичарката што идам е стварно чисто ама сите бре го претопуваат восокот тоа ми мати памет ....
Интимна хигиена во бременоста Фала ти Роза... баш до сега ја читав темата депилација во бременоста и целата се збунив некој вика боле со брич некој депилација незнам што да правам но сега кога видовдека си ми одговорила некако ми олесни пошто многу е полесно со крема.. а баш ке ги побарам во аптека леле фала многу.. поздрав
Интимна хигиена во бременоста некои не практикуваат крема за депилација во бременост, јас до сега два пати додека сум бремена сум ја користела и не сум имала проблеми мојот доктор ми рече ако не сум алергична и немам сомнителен исцедок дека може да ја користам ама не многу често. ти најдобро прашај го твојот доктор дали смееш да ја потребуваш. а навистина е практична за разлика од депилацијата малку мешето смета ама со огледалце се завршува работа
Интимна хигиена во бременоста другарка ми беше на депилација со топол восок и за три дена се породи. И јас планирам почеток на 9-ти да отидам на депилација со топол восок, не знам, некако така ми е посигурно, со кремиве немам искуство мислам дека одма ќе добијам алергија. Во бременоста 3 пати се депилирав во салон, и мислам дека ќе си останам верна на мојата депилаторка. Таман после новогодишните празници нема да има мн гужва низ салонот, ќе си се средам на раат
штом до сега си се депилирала и сега не би требало да имаш проблеми Мене ми е мноооогу болна депилацијата со восок на интимен дел,затоа ја одбегнувам и наоѓам други решенија Убаво кој може да ја издржи,после ќе бидеш раат подолго време
И јас сакав да прашам за депилацијата.. До сега одкако сум бремена се депилирам исклучиво во салон, а пред тоа кога имав дома време се депилирав со електричен депилатор, што не го користам одкако сум бремена бидејки прво не ми е згодно зашто треба да сум свиткана и се укочувам, а плус незнам колку е веродостојно но имам слушнато дека не требало да се депилирам со него зашто му сметало на бебето.. Но гледам дека некои и во бременост го користеле па може да си дозволам барем сега пред нова година да пробам и со него
јас цело време сум со брич, затоа што имам многу осетлива и сува кожа, и мислев дека откако ке останам бремена ке имам мака за средување особено кон крајот, ама нее така дали дека цело време се бричам и имам фатено некој ред немам ич мака, ете вчера сум се направила тасма, денес бев да ми земат бриз, само мажето е тука да контролира да не промашам нешто
морам да ви кажам патронажната сестра што беше кај мене дома, кога ми објаснуваше шо како, ми рече дека можам да си земам крема за депилирање и да си се средам, ако сакам, знаќи дозволено е а