Јас не знаев дека ќе биде царски и секако си се депилирав доле и жената што ме депилира ми кажа дека специјално доаѓале девојки и пред царски кои имаат на стомачето под пупакот влакненца да ги средат, вика се да биде чисто мазно и ми остана во меморија муабетот
Женски првпат бремена ќе одам на депилација. Минатата бременост некако успевав да се средам со брич, сега не можам да стојам на нозе, не па да се бричам. Како проаѓате со голем стомак? Ваљда нема да ми се изиритира кожата, посебно кај што ми е првиот рез. Планирам со шеќерна паста, ама цела сум во прашалници.
Да ми препорачате салон по можност во Кисела Вода за депилација на интима пред пораѓај? Да е хигиенски и педантно и никако да не е претопуван восокот. И какви искуства имате со депилација со шеќерна паста, дали е побезбедно и помалку боли?
Studio sense sum idela jas a koj ti garantira deka vosokot ne e pretopuvan I da gi prasas nema da ti kazat
Јас кај што одам во Ѓорче, со посебен ме прави. Не ме лаже, не знам зашто некој да лаже.. апла пред мене го фрла.
Здраво , како ги решавате влакната на стомакот ? Дали може и тие со восок да се депилираат , зашто некои ми викаат дека било мн осетливо и не требало … а јас сакам да ги средам Благодарам
Кој те лаже дека не требало, не е ни осетливо во споредба со интима. Сосем безбедно е. Кога одам на депилација си кажувам и стомакот да го фати, веќе трет триместар. Ако имаш козметичарка што работи хигиенски со восок за една употреба нема нешто што не смееш да депилираш
Има козметичарки со толку нежени и лесен фат што нема ни да осетиш дека ги поминала на тој регион и нема да остави никакви последици. Чист восок за една употреба, искусна како мојава и немаш мака со влакненцата таму кои во бременост знаат да букнат и каде што вообичаено не се очекува да никнат. Не се грижи се решава се. Распрашај се убаво за искусна козметичарка која е педантна и работи со восок за еднократна употреба, чак и што имаат различни врсти восоци во зависност кој дел го депилира од телото.