Јас пред да останам бремена се депилирав и со крема и во салон, ама знам дека го прецедуваат восокот и од таа причина си почнав да си го користам бричот...е сега знам дека направив утка зашто на мешето ми се појавија неколку влакненца па ја си го потегнав бричот и погоре и сега веројатно со влакнава ќе си имам проблем понатака, ама сега за сега нека е вака ,па боже мој , после пораѓај ќе му ја мислам што да правам, не ми се оди на депилација (МЕ ФАТИЛА МРЗА ЗА ДЕПИЛИРАЊЕ, некако ми стана полесно со брич )
I jas se sreduvam so bric,strav mi e nekako da stavam razni hemikalii dole.A depilacija ne doaga v predvid,sum stanala mn.osetliva na bolka.I cupanjeto vegi me diga od stol
Па не ме боли, можеби е навика дека стално се депилирам, незнам.. Но ке видам ионака планирам за интима да идам во салон па може и на едно се ке поминам да не се малтретирам дома.. Инаку и мене ми се појави проблем со влакненцата околу стомакот, не се многу но дека одкако сум бремена не се депилирам околу папоцето, се мислев да ги фатам со чупалица дека се малку но некако страв ми е да не направам некоја белја, зашто и депилаторката секогаш ми вика дека на тој дел несака да ме депилира Што мислите вие? Можам ли полека со чупалица или да почекам уште малку па да ги избричам? Ми сметаат само тука неколку се моткаат а другото се е средено
И мене ми се повишија влакненцата околу пупакот ама не планирам да ги депилирам пошто и јас сум многу осетлива сега..а и матичната ми рече да не ги чепкам најбитно е таму доле да сме чисти,издепилирани за де не не дотеруваат после на клиниките
I jas imam nekolku golemi crni vlaknenca okolu papokot,i ednas zedov gi izbriciv...leleee sega stanaa beter,em se pocrni,em pogusti.Se mislev da gi fatam so cupalka,ama se predomisliv i gi bataliv.Mi smetaat i nezgodno mi koga odam na eho ama toa ti e...
Знам како е исто и мене ми е ама тоа е што да правиме сега, и претходно кажав најбитно е таму да бидеме дотерани како за нас така и за гинеколозите пошто они кај папокот не не гледаат туку таму каде што ги интересира..
Леле нека не те лаже Господ да ги чепкаш , тие се повлекуваат после бременост и нема да има ни в од влакна. Јас си се зезнав и тоа со брич и сега ќе си имам проблем знам... остави ги нека помине се па ќе видиш дека нема да има ништо од влакната а во случај ако остане некое (јас бар така планирам ) ќе ги обелиш и нема да се познаваат .... поздрав
И јас се прашував за Вит кремот за отстранување влакна, затоа што не најдов упатство или некакво предупредување за трудници па си се распрашав. Од кожен лекар добиводговор дека не било препорачливо не затоа што хемикалијата ке стигне преку кожата до бебето (тоа било глупост затоа што бебињата се совршено заштитени во утробата на мајките) туку затоа што во текот на бременоста кожата на трудниците станувала поосетлива и можни се исфрлања и појава на лишаи кои после може да си останат како флекички на кожата. За депилација (топла) не се препорачува пред 12та недела, а ладната (со ленти) во секое време, иако и за ова важи дека не се препорачува за поосетлива кожа на трудници. Најнеубава опција ми е брич, посебно што во тој случај веројатно ке треба да употребуваме огледалце (од стомакот ништо не се гледа) и колење е загарантирано. Депилаторката моја ми рече дека доаѓале милјон и една трудница кај неа и ни една не се пожалила, и самата се депилирала во текот на нејзината бременост (не знам дали е за верување дека ептен си го сака бизнисот и добро го продава). Не доаѓа предвид сo прецеден восок (траги од туѓа ДНА) да ме депилира, а ладната ми се има случено да ме одере (буквално кожа да ми откорне). Јас планирам да пробам со Вит за осетлива кожа на мал дел, па ако нема ништо идеме до крај. како викаат... ризик јак...мила душа
Што се однесува до Вет кремата јас пред да останам бремена ја намачкав интимата таман се израдував дека убаво ме расчистила ама си добив огромна мака утредента кога се погледнав доле цела црвена и ме цесасе и ме пецкаше катастрофа..бев и на гинеколког и на кожен лекар ми препорачаа една крема се мачкав недела дена додека ми помина,така да бидете многу претпазливи со вет и од тогаш имам земено страв од кремиве
Сите креми што се за депилација не се препорачливи не само во бременост туку воопшто содржат низа канцерогени супстанци подобро брич зошто и така ефектот е ист само не се шлапаш со хемикалии
моментално сум во 7-ми месец од мојата бременост, ме интересира дали е практично да употребувам електричен депилатор за отстранување на несаканите влакна? дали е по практично да си продолжам во салон за убавина на депилација со топол восок или постои некоја попрактична опција!!!! благодарам
Мене матичната вчера ми кажа дека до 12 недела никако интимна депилација, а за нозе - раце нема гајле..
ne be pocekaj da stane prasuma abe depiliraj si se samo kaj nekoj ponezna jas prasav poveke strucni lica mi rekoa moze slobodno.pa i jas si se depilirav sega i se e ok fala mu na boga.
хеххехе не не никако прашума, тоа не дозволувам никако. само се плашам да не биде нешто затоа прашав. Ви благодарам
јас наредната недела сум на контрола ,а после тоа треба да одам и за брис да ми зема , и дефинитивно ке одам на депилација ,мака мачам со бикчињава масакр се направив, кога го прашав докторот уште на почетокот ми рече слободно оди на депилација само гледај таму да се условите како треба мислеше на хигиената , сум одедла и претходно за чистота немам збор , по сите салони гледам го претопуваат восокот немам полесна опција сега ке идам и после сум месец дена раат
Јас пред да останам трудна се депилирав со електричен депилатор на раце и нозе а за интима си идев во салон.. Е сега одкако сум трудна, некако ми е неубаво со електричен депилатор, имам чувство дека тоа би му сметало на бебето да го слуша звукот и да го дрма телото, па комплетно си идам во салон.. Инаку, мислам дека не е проблем, само малку понежно и помали траки да се ставаат.. Бев сега во 37 недела и мислам дека и толку ке ми биде, си се средив комплетно, па здравје кога ке се породам планирам да продолжам со стара шема како предходно.. Инаку за интимата си користам восок за еднократна употреба, барем си знам дека е чист, макар што и оној другиот верувам дека од температурата се прочистува. Но што си е сигурно, сигурно си е.. Така да не се плашете, слободно кој може да трпи нека си иде слободно