јас сум 18 та недела и уште не сум се осудила да одам на депилација некако ми естрав кога ќе ме кубат таму долу ќе се стегам... а јас би те советувала да почекаш да помине уште некоја недела... за контролата избричи се... или шо знам ти си знааеш најдобро како се осеќаш
Јас пред да бидам бремена го депилирав цел интимен дел во салон за помалку од 10 минути. Не чувствував никаква болка. Ама откако останав девојчето што ме депилира самата кажа дека нема шанси да ме депилира и ми рече само бикче и нормално секоја употреба ново. Искрено, решив да ја послушам затоа што сепак таа е професионална во таа област. Знам и многу трудници што се депилираат, ама сепак мојот совет ти е да си се подружиш со бикчето наредниве месеци.
фала ти за мислењето и ќе те послушам пошто и во паника сум.имав и претходно проблеми па и јас ќе почнам да се дружам со бикчето
мене ми рекоа само првите месеци не, а после може. истото ми го кажаа и во салон и во ГАК на преглед докторката ми потврди. Како и да е, јас прв пат во бременоста во 8 месец се издепилирав. И еве пак пред некој ден бев, за да не ме бричат во болница
Девојки јас сум скоро 6-та недела и што да правам со влакната? Воопшто не сакам да се бричам, последниве 10 години освен под пазувите брич никаде немам ставено. Дали може со VEET крема кај препоните и усните да се издепилирам? А подколена да одам во салон? Може да ме посоветувате
никако тие креми многу мирисат разни хемикалии и киселини кожата е многу осетлива поготово таму долу за време на бременоста.. најдобро е да си почекаш да го поминеш првото тромесечие после да се депилираш.. како и да е запознај се со бричот ќе ти заврши работа... јас решив да се исчувам овој месец и да одам на депилација... ако не се предомислам
Јас бев на депилација во петти месец (и тоа за прв пат) и ќе одам пак средина или крај на осми па кога ќе ми се приближи терминот пак. А може и само во девети Не беше мн болно и најважно,не фатив бактерија оти од тоа се плашев
jas do sega deka tamu so bric si se fajkam, nekni ja prasav doktorkata za depilacija mi rece ako podnesuvas bolka moze, za nedela dena pravam puni 5 meseci pa moze ke se odlucam na toj cekor no samo na nozete i mal del od preponite strav mi e celosno da ne zakacam bakterii, a i so bikot bas ne mi odese deka me boli meseto koga se vedam edvaj oblekuvam corapi em sega koga sum uste mala, tek koga ke narasnam ne znam kako ke bide
и мене тешко ми оди наведнувањето морам да седнам да си облечам чорапи или обувки.. нека ни се здрави и живи бебушките нека растат тие.. а ние лека полека колку можеме ќе си се средуваме... јас оваа недела ќе одам на депилација (планирам ).. па дали ќе се предомислам не знам...
Јас толку време се чував за депилација ама вчера бричот и Се сум избричила. На слепо. Се водев според сеќавање од претходно Поселе земав огледало се прегледав, се досредив каде што требаше и сега дишам. Ептен ми пречеше. Белопрање се лепи, ме чешаа влакната,дури и приметив некои брунчиња кога се бричев. Сега се е како што треба. Само треба одржавање и можеби ќе одам на депилација пред да се породам ако го погодам терминот
И јас се бричев со помош на огледало. Цело време ми беше страв како ќе успеам да се средам. Маж ми не сакаше да ме среди. Му беше страв.
Мене ми е незгодно од мм ми. А ме прашува дали сакам он да ме среди, ама не можам бре, срам ми е од помислата а он си нема гајле
Девојки а рацете и подколениците може да се издепилираат со топол восок? Барем таму да се средам или и таму не смеам?
Сега за сега можеш само таму, понатаму,кога ќе влезеш во 5ти месец можеш и на интимните делови. Но не со креми Веет и сл. Оди на козметичар каде што хигиената е на високо ниво
Вчера правев муабет со една акушерка. Ми потврди дека ист брич за сите користат и ми препорача депилација. Јас до сега сум се депилирала само по препони, ама бразилска не. И сега ми е страв дека ќе ме боли. Доста ми се јаки влакната. Сега за сега си се бричам со огледалце, тешко ама се снаоѓам некако. Само не знам дали ќе успеам кога ќе ме фатат болките. Маж ми да го терам нема шанси. Он на лице се сече на три места од едно бричење, мене лом ќе ме направи. Плус некако не ми е соодветно. Па планирам колку толку сама да си се средам и плус да си понесам нов брич од дома ако треба корекции Акушеркава рече дека може да се понесе.
Kako mozi da bricat so ist bric, pa infekcii i bolesti mozi da mu prenesat na trudnicite, gospodiii ccc. a ako imas vlakna ( ne zboram za dolgi za pletence da vrzis tuku onaka kolku noktot max) vo sho e problemot? ne e higienski, nesto mu smeta na doktorite pri poraganjeto ili sho e makata? oti vo vremeto na nasite babi sigurno ne se poragale depilirani Jas za sega se depiliram, pa duri mozi taka ke teram. A ko ke dojdi za pred poraganje, zdravi zivi ke se bara care, togas ke mislam
додека бев бремена се депилирав со вит крема, пред да се породам дека бев царски, пред тој ден се средив цела, се избричав и отидов... а додека да ми дојде закажаниот датум, штом подникнам малку, одма се бричев, за да не се случи некое изненадување затоа мамички, редовно бричење, за да не ве бричат таму