Tие што се депилирате со крема, кажете која би ја препорачале.. А исто така и за ленти, пример вие кои ги користите?
За првпат се избричив неодамна, не ни помислував на депилација зашто не толерирам болка, ама се изнамачив, многу е напорно а и неможеш да стигнеш на сите места и баш се да извадиш. А и за неполни 2 дена, повторно растат влакната, добро, што е и нормално за со брич. Ама, сепак задоволна сум, иако може во иднина да почнам и со депилација во козметички салон.
Јас со брич почнав и си терав. Пробав со ленти Силк, ама не бива, не излават, од што ми се цврсти влакната. А ич нејќам со брич, ем црвенило ми се појавува, ем брунчиња, ем целата се искасапам. АКо почнам со крема да ги отстранувам ќе ми се изретчат ли и нема ли да ми бидат толку цврсти? Па, потоа да продолжам со ленти? Што велите?
Старбакс, јас отсекогаш ја средувам интимата со Veet кремата. Пробав и со ленти и со тој рол-онот на Галафарм и ужасно ме болеше бидејќи и моите влакна се цврсти , па си продолжив така со кремата за депилација. Немам пробано со ленти, првенствено заради стравот од болката, а некои промени во однос на ретчењето на влакненцата и немам приметено. Ама дефинитивно е привремено решение за спас од истите. Само, внимавај, да не случајно си алергична на кремата па да си направиш проблем. А ако продолжиш да си се средуваш со брич, спомна дека ти се случува да се искасапиш, па би ти предложила да си пробаш со Venus бричот - ќе немаш шанси да се исечеш, јас го користам кога сум во тесно и немам крем на пример, па не сум се исекла до сега. Или пребрзо го влечеш, не знам до што друго ќе да е.
Јас сама се депилирам со шеќерна паста која сама ја правам, само пастата ја тргам со парчиња материјал. стварно супер оди за 1 сат готова си сум, другарките ми се чудат како можеш цела зона да ја издепилираш. Епа ете можам. Само глупаво е тоа што влакната многу брзо ми растат.. по недела дена, се гледа како никнуваат. Само кај мене е така?
Sum probala i so bric, no sum se isekla. A so depilacijata mnogu boli. Najdobro e so krema za depilacija. Najmalku boli.
Јас досега практикував бричење.. и дури сега ја гледам најголемата грешка!! Од сега па натака со сигурност ќе практикувам депилација..и покрај болките и срамот сепак сум решена да го направам тој чекор.
депилација строго. се депилирам од 6 одделение и многу ми се изретчени влакната, но пред мислам има година дена два три пати се избричив незнам ни јас зошто и малку ми се згуснаа но сега пак ги депилирам и изретчени се и тоа многу. поздрав
Исклучиво депилација. И да немам пари, и да ми е срам, и било што и да е не би земала брич во рака за интимната зона.
задолжително депилација, и да не сум при пари бољи нозете ке ги избричам ама доле само за 150 ден ке си се издепилирам раат!
мене ми е срам мн на козметичар до сега сум пробала сама со крем восок и брич ама со брич мн ми се густи и остри ... сакам да пробам на козметичар знам ке ме среди и ке сум на раат ама срам ми е мн ми се густи буквално и така затоа мие мн срам незнам како да се пресрамамммммм