Јас сега за сега си се поминувам со жилет,немам пробано со депилација поради болката. Таман сакав да одам и уште пред да закажам случајно кога бев ноктите да ги правам жената ми кажуваше што и се случило нејзе.. Накратко пред да оди на одмор ова беше, бидеќи нејзината козметичарка каде што одела редовно не била тука, на одмор била барала некој друг да ја среди, отишла во еден познат дуќан голем среден се, и закажала таму кога отишла таа новата козметичарка ја депилирала со ленти најобично. Додека ги тргала лентите чувствувала болка преголема ама ајде поминало. Послем 3-4 дена под пазувите и долу на интимата (се депилирала само на тие две места) и се појавиле модринки и тоа огромни (јас ги видов под пазувите) изгледаа како лилави кругови коишто послем тоа почнале да ги менуваат боите (кафена,зелена,жолта). Звучеше толку изреволтирано што и јас се подумав и не закажав за на депилација.
А, ти земи отсрами се и појди на депилација, па да видиш што е рај. Нема од што да ви е срам. Козметичарките виделе се и сешто, и без разлика какви сте нејзина работа е вас да ве среди, па нели за тоа и си плаќате.
Депилaција , дефинитивно, некогаш дома , некогаш на козметичар, иако почесто е на козметичар, за 10 мин си цакум-пакум готов и раат си месец дена. Кога се депилирам дома го користам овој восок, нешто ко шеќерната паста е по состав А единствено сум успеала да се избричам со розевиот брич на Венус, неколку пати и никогаш повеќе, стално треба да го правиш тоа и влакната се зацврстуваат ептен.
Кога станува збор за интимната зона, јас сум си за стариот добар брич. Не сакам восок на тие осетливи места, еднаш пробав се исфрлив цела не можев ни да се допрам, ем ми е нехигиенски и тотално непотребно. Нозете си ги депилирам редовно на козметичар, брич на нив немам ставено, меѓутоа интимниот дел си го средувам сама и тоа целосно, така да нема зошто да трпам болка и плус да ризикувам.
секогаш депилација, дома или на козметичар. Имам пробано еднаш со брич и НИКОГАШ повеќе. Но што и да правам, сепак влакната се шират, можеби се потенки и се шират, а страв ми е од трајна депилација во тој предел.
трајната депилација не е здрава за организмот така имама слушано.. иначе јас најчесто се правам со брич.. еднаш истрпив болка на козметичар и никогаш повеќе цела се нафрлав со мозолчиња алергија се и сешто
Да ти кажам право, ефектот е речиси ист, можеби со кремата си во предност од еден ден и ништо повеќе, по кратко време почнува пак да боцка, ама во однос на поткожните влакненца е раат. Јас затоа и ретко се средувам со шеќерна паста или обичен восок, кај што ми се прават премногу акни (имам многу осетлива кожа), па и поткожниве за кои немам нерви воопшто. Сум се изнаслушала муабети демек да не се средувате со брич дека се згуснувале влакната и според мене ова се едни од оние глупави муабети затоа што кај секоја е различно - да беа точни, до сега требаше да бидам орангутан. Но, моите влакненца се светли и не многу дебели, па можеби и тоа има врска, не знам. Јас си комбинирам - еднаш средувам со восок, наредниот пат со брич или крема и сѐ така во круг, па да не се подречам, ама одамна не сум имала проблеми со поткожните влакна таму.
Одоколу се депилирам, тие влакна што има ризик да излезат од гаќичките, ама повнатре директно имам страв да повлечам, се плашам да не ја искорнам кожата. Чаре не знам.
како ли ги депилирате усните и влакненцата на задникот ? се депилирам друго, ама кога ке дојде до тоа место.. смрт помош
Дома ќе се измачиш и пак нема да се направиш убаво. На козметичар е прелесно. Иначе дома сум пробала, така што ставам огледало пред мене, едната нога ја кревам и ширам, да можам да го гледам тој дел и да е затегнат. После правам обратно со другата нога. Еластична сум, немам проблем да го направам тоа, но сепак многу плеткање е, а и мора да ми се истури восок на под (затоа седнувам на пешкирче). Но, во домашни улсови ретко се депилирам на интимна зона (освен препони)..
Депилација, депилација, депилација и само депилација. Многу гадно се зафркнав што воопшто почнав со брич. Веќе години моите влакна неможат да се смират и растат како ненормални
Би ги депилирала ама пуста болка 2 пати имам пробано ама не се трпи а башка треба да чекаш да ти пораснат за да ги депилираш пак и затоа бикчето во секој момент
Нече среча поштеног човека. Почнав да одам на козметичар, фино лепо закачив инфекција и тоа беше тоа, а криво ми е ептен, затоа што навистина ми беше драга козметичарката и се привикнав на неа. Повеќе не сакам да чујам за депилација во салон. Најчесто комбинирам - еднаш депилирам, наредниот пат се средувам со брич. Си ја обезбедив Клеопатра шеќерната паста и засега терам со неа, ми прија ептен и не би ја менувала во скоро време. Си ја научив цаката, само со брич ми е побрзо некако, а ефектот ми е малтене ист - не сум премногу влакнеста, но имам инаетливи влакненца. На овој начин воопшто не ми се прават поткожни влакненца, затоа и се одлучив да ја практикувам комбинацијава.
Немам влакна, туку ливада со трева.Повеќе влакна имам таму,него на глава,а што се тешки за вадење,тоа па да не зборувам.Не се бричам,од страв да не ми се згуснат уштеееееее повеќе(ако може повеќе од тоа) а и немжам сама да се депилирам зошто не се вадат.И затоа секој месец на козметичар.Точно е дека не е сигурно,посебно зошто со еден восок депилираат мноооогу дунди ама ме среди за 15 мин и таа се нервираа и знои кога не излегуваат влакната,а не ја.За 150 Ден не се исплати да се депилирам сама,или недај боже да одам со овие влакништа
Користам само брич.Немам многу влакна,ама и тие што ги имам се темни и остри.Не практикувам депилација во козметички салон,бидејќи имам премногу осетлива кожа,склона кон иритации и црвенило.Дури и на моменти се мразам поради тоа.А мојата фризерка вели,Како издржуваш со ваква кожа Па,јас си знам
користам брич оној stick lady. Не сум пробала депилација онаа универзалната , не можам да трпам болки кога и вака со бричот за 5-10минути сум средена цела. Немам многу влакна и брзо ги отстранувам. И нема никаква болка..
дека поубаво е некој друг да те среди навистина е, но после добиената сериозна инфекција нема никогаш да посетам козметичар за интимата.... дома со брич и толку, не вреди да ризикувам
Не би одела кај некоја што прави топла депилација во никаков случај. Едноставно поради би шетала со влакна него да ми реди восок со туѓи влакна. Тоа е исто како да сум ја поканила инфекцијата на гости. Ладната депилација е најдобра, ем се фрла восокот ем и лентите. Еден месец си раат, дури и два - зависи. Јас имам чувствителна кожа, првите три четири дена ме пецка, но тоа не е нешто неиздржливо или нешто што нема да помини. Факт е дека во денешно време има козметички салони на секој чекор и секој се занесува дека знае да депилира и да те среди. Искрено, не се оди кај секоја некоја, можеби неубаво работи или не одржува хигиена на пешкири и сл. За болката, можам да кажам дека сум плашливка ама чим јас издржувам додека ме депилираат, секој може. Помалце боли на интимата него на нозете кај глуждот.