здраво да ве прашам дечко ми сака да се помине со обична машинка за шишање/бричење бидејќи нејќе депилација па ме интересира дали би почнале да му растат погусти влакна со машинка и каков ефект има со неа ?? благодарам
Здраво, ме интересира дали е добро за прв пат "долу" со брич? Страшлива сум за да пробам поинакви нешта а и имам нежна кожа башка мислам и дека сум сеуште мала за депилација а и мајка ми не ми дозволува. А лето неможам да си облечам купаќи се ми се гледа.. Ако може некој да ми каже инструкции како да се обидам каква крема да ставам пред,после етц
За прв пат ти препорачувам со брич.Како што викаш,дека имаш нежна кожа и не би требало да одеш на депилација.
Никако со брич,само ќе ти се згуснат,ќе ти растат дупло побрзо и кога ќе растат ќе те чешаат премногу!!
Девојчето убаво си кажува дека и мајкаи не и дозволува депилација пошто е мала. Така да нека и се објасни тоа чим бара инструкции за бричење. Јас ниеднаш не сум била на депилација на интима од причина што ми е страв, имам препонска операција и ради раната ми е страв со восок тегнење, некоја беља да не напраам. Плус имам многу нежна кожа осетлива на инфекции и си имам проблем со тоа така да во домашни услови се средувам со брич само. За инструкции не знам посебно. Пред да почнам со топла вода убаво се мијам за да се отворат порите, нанесувам гел или сапун или крема веет зависи што имам и со бричот си вршам работа. Прво од напред па усните и меѓу нозете и на крај накај анусот. Мазно чисто после тоа си ставам Нивеа крема не прегибните делови да не ми се ствараат брумчиња и толку.
Девојчето има 16 години,не дека е мала за тоа.И јас имам препонска операција која што е зарасната години наназад и не би сфатила како би се направила инфекција на нешто што е оддамна зараснато. Мој совет до тебе е да отидеш,нема ништо да изгубиш сигурна сум.Само што ќе бидеш месец дена на раат,ќе ти се оретчат а и ќе имаш мирна глава а најмалку инфекција да фатиш.(ако посетиш салон кај кој што се користи восок за една употреба) Јас иако имам 21 година,да ме види мајка ми дека се бричам има да ме убие,она беше таа што и првпат ме убеди да одам на депилација.
Последен пат се направив со брич. Си го повратив мајчиното млеко што го имам цицано Се нафрлав на препони ко ненормална. Уште неможам да се опоравам. Нејќе да ми текне уште еднаш, ќе зафрлам и брич и се!
Можеби си правела груби движења со бричот. И мене ми се случувало така, но во последно време еве не знам колку пати сум се поминала со брич па не сум се нафрлала со бубулички и црвенила, а имам многу осетлива кожа.
Никакви груби движења немаше. И мојата кожа е препрепреосетлива, па ќе барам друго решение дефинитивно, ме чешаат препоните ептен..Еве денес прекина малце.. Ќе почекам уште некој ден и ќе пробам со крем или нешто друго, не се брзам
Па веќе долго време само се депилирам доле. За брич не сакам да слушнам. Освен што се нафрлувам и многу чеша. Со депилацијата сум раат цел месец и плус ми се изретчени влакната. Колку почесто одам, толку помалку ме боли.
Пробај со оваа крема од афродита 50 мл , специјално е наменета за интима, лице и пазуви.Немој да купуваш на веет.
Ме интересира дали има и други креми од истава фирма? Дека на камилица сум алергична и не сакам да ризикувам
За колку време од прилика е мазна кожата со кремата од Афродита? Колку време ке бидам раат без влакна? Бидејки до сега немам користено крема за депилација и незнам
Има креми , ама колку што се сеќавам сите беа на база на камилица .Денеска си купив јас и кога се намачкав имаше иста миризба како веет што мирисаат , а и имав благо црвенило.:/ Така да земи си веет , немој да ризикуваш со оваа.Само биди претпазлива кај малите усни кога ќе ставаш од кремава.И секако прво стави мала количина од кремава , па по 5 минути измисе.Ако во следните 24 часа ти се појави црвенило и чешање немој да ја користиш кремата.
Имам 12 години и сакам да си ги отстранам влакната,но незнам како.Сакам да пробам со брич,но сеуште незнам..Што да направам?
Зошто на 12 години имаш потреба да ги одстраниш влакната од интимната зона? Ако ти е за на одмор, разговарај со мајка ти, отидете заедно да ти направат депилација само на бикини зоната.
Јас се средувам со брич, не ми е тешко. Сум била на депилација али не ми прави ништо разлика. И вака и така.
После депилација со крема, пример со Veet, растат повеќе и поцврсти влакната, исто како со брич или си растат исто како и пред тоа?