Јас не видов од кремите ништо поразлично од бричот. Исти се. Еднаш купив, пробав неколку пати додека ја истрошив целата тубичка и исто ми беше. Пробав и на нозе и на интима. Мислев дека барем малку разлика ќе видам. Само плус пари давање ти е ова. Почнуваат одма да раснат како со брич. После два дена ќе боцкаш. Е сега за густината и цврстината на влакната не можам баш да ти кажам зашто јас кремиве ги користев многу краток период. Ама еве и да речеме дека не ги зацврстува, од друга страна пак сигурно не ги проретчува. Кога ќе видиш, најдобра варијанта ти е депилација. А да ти кажам и некако скептична сум за овие креми од причина што ми се многу сомнителни во состав, особено на интимната зона ако ставаш. Сепак пробај ако сакаш, нема ништо да изгубиш.
никако со крема,другарка ми на интимната зона ставила крема кожата си ја изгорела и гинекологот микажа никако такви креми за интима
Бев на депилација пред две недели со ладен восок и сега ми е подникната. На вас толку брзо ви никнат влакна?
Различно е кај секоја жена,девојка. Исто е и депилирањето на нозете и интимата.Јас кога одам на козметичар не правам бразилска,туку само кај бикини зоната(па за на плажа бе ).И забележав дека ти влакна растат побрзо и се малку погусти.Мислам дека треба да се депилираш секој 3 недели. Колку понабрзо се депилираат,толку повеќе се губат и поспоро растат .Па така 3недели се доволно П.С. Јас сум многу влакнеста
Откако го имам депилаторот, со него ги депилирам препоните и околу, а останатиот дел од интимата го бричам. И не, не боли воопшто со депилаторот.
Јас не сум многу влакнеста а и многу бавно ми никнуваат влакна, на 7 до 10 дена се бричам и тоа е, после бричење користам бекутан млеко, депилација не сум пробала.
Досега се бричев но сега сакам да пробам со восок..Можете да ми ја кажете цената на готовиот восок што се купува во тегличка и се стоплува и каде да го најдам?
Провери во специјални продавници за опрема на козметички салони. Ако не најдеш никаде, има и Силк восок, т.е. гранули во лимена кутија и се топлат на истиот начин. Убаво излегуваат влакната, но не станува збор за некоја голема милилитража. Јас си купив восок од специјализирана продавница за фризерска и козметичка опрема. Цела лименка од околу 800 мл. за само 250 денари. Цело лето се депилирам со овој восок, а уште не е потрошен ниту до пола. Па и мириса на зелено јаболко, уживам додека го топам.
Бидејќи имам многу густи и цврсти влакна, кога се бричев имав многу поткожни, кожата ми се упропасти. Плус на секои 2-3 дена ми растеа. Имав пробано сама да се депилирам со депилатор или со восок, но не можев, едвај до половина ја вршев работата. И ете конечно се одлучив да се делипирам на козметичар, денес бев за втор пат, и се чувствувам прекрасно! Уште еднаш не би се бричела на интима.
Последниов пат кога требаше да се откачам од глупавите влакна,требаше да одам на гинеколог,а не можев да отидам на депилација, морав да се избричам. Имам цврсти влакна и поприлично густи па никаква депилација во домашни услови не доаѓа во предвид. Ама после бричењето сите светци мислам дека ги видов. Чеша ли,чеша. Постојано раката ми беше таму. Како некој манијак,ама не се издржуваше. Така да кога немам можност за депилација,подобро да одам со потшишани влакненца (истрижани) отколку да земам брич во рака
Јас овде со брич поминувам. Неколку пати се имам депилирано. Еднаш поминав со депилатор и ми се раскрвари кожата. Од тогаш веќе не! Со брич ниту ме чеша, ниту ме боли.
Јас сум за депилација.Пред една недела бев на козметичар за прв пат и до сега сеуште не се никнати влакната,сигурно еден месец ќе си бидам на раат а можеби и повеќе од еден месец,затоа што на мене ми се ретки и споро растат.Пред тоа пробував сама да се депилирам,ама побрзо растеа некако а и со брич исто така имам пробувано.После тоа многу чеша и затоа отидов на козметичар
Големи, црни и густи се моите влакна во интимниот предел. Ако не ги отстранам за две недели осеќам како шумата да ќе ми се запали. Со депилатор имам пробано, ама што не иде не иде. Боли корне, а и пола од влакната остануваат внатре бидејќи како волна се... Вака, три пати неделно го тргам бричот дур се капам, ама после мирна глава, лакше се дише.
Јас пак со косилица си проаѓам доле, зашто пробав со брич и не одеше некако а и мн сакам флизурки да и праам, мн ми е фенси така.. се шегувам, си се депилирам јас си одам на козметичар!
Каде го купуваш восокот ако не е тајна? Сакам да пробам сама дома, доста ми е од фрлање пари по козметички салони :-/