Во ДМ (ГТЦ) има пена за бричење на Балеа (нешто околу 200 - 250 мл) и чини 125 денари. Има со мирис на праска и класик (на двете пишува дека се погодни за бричење на интимна зона, пазуви, раце / нозе и дека се наменети за чуствителна кожа). Ако некој ја користел нека пише рецензија, баш се мислев да ја купам.
Кога немам време со брич и правам грешка се нафрлувам црвенило кој ме пече и чеша, а кога имам време со ленти за депилација. Се правам лом, наберена крв, исто и на депилација. Чаре со некоја крема некој да ми понуди ?
Пробај со шеќерна депилација. Со брич и јас порано ги отстранував, ама џабе е. Одма подникнуваат, имав ситни брунчиња, чешање. Плус погусти и поцврсти растат. Со шеќерна се ретчат и многу побавно растат. Пробај, ќе видеш разлика.
Дали имате забележано некаде бикчиња за препони (помали се од стандардната големина)? Порано имаше во Џамбо, но веќе не. Од помош ќе ми е, благодарам.
Имам пробано депилација на козметичар и ме болеше многу не подносливо мие, со брич многу ме чеша и имам поткожни влакна, сакам да пробам со крема veet што мислите добра ли е? Секој различно кажува, страв ми е
Строго бричење практикував, сега почнав со фотоепилација во домашни услови на бикини зоната. Искрено, не ми се трпи болка од депилација со восок
Јас не би пробала со крема да ги отстранувам влакната на интима. Пробај депилација со шеќерна паста. Помалку боли, а освен тоа се изретчуваат влакната. Нагласи дека не можеш да толерираш болка и замоли да ставаат потенки ленти за да не те боли толку многу. Ако и тоа ти е премногу болно, тогаш само крати ги влакната со машинка или ножички. Philips lumea?
@Aztec да, и веќе забележувам изретчување и побавно растење. Во меѓувреме пак сум со бричот но поретко, се надевам дека наскоро ќе го пензионирам Но ќе пишам за тоа во соодветната тема
Na intima dali e okej da se odi na 20dena? Glupo mi e primer imas decko, i ke treba da cekam 2meseci za ubavo da izniknat.
На депилација се оди веднаш 2-3 дена после завршувањето на менструацијата. Совет од повеќе козметичарки ми е. Значи штом ти заврши менструација, влакната се израснати и одиш ги острануваш. Потоа 3 недели си раат, па почнуваат да растат, пред да добиеш најмногу пораснуваат и тогаш никако не се депилира бидејќи боли и не се целосно пораснати, па ќе ти биде за џабе.
Шеќерната паста се прави од шеќер,вода и лимонов сок. Оваа паста се нанесува во насока спротивна од растот на влакната и лентата се повлекува во насока на раст на влакната. На овој начин влакната се вадат целосно, не се кинат, помалку боли и што е најважно подолго време им треба да израснат и се изретчуваат.