Па незнам каде можеш да најадеш , но истите како што кажа Victorya МОжеш да ги испереш ..... но ако те мрзе ке најдеш некој материјал (нерастрглив) и ке си напрвеш ленти Поздрав
се бричам од причина што не можам да чекам да ми пораснат а + тоа депилацијата многу ме боли не можам да ја издржам се депилирам само пред одмор и тоа по цело тело
Здраво девојки прочитав некои од мислењата.сакам да правам деплиација на интимната зона..но се довумам дали крема за депилација Veet или брич....не знам дали може да дојде до иритација на кожата со кремот бидејќе сепак е хемија Позз
јас се депилирав со шеќерната паста по рецептот на Лилит точно пред еден месец, и утро си ги извадив само 10тината влакненца што ме пораснале... луѓе раат е вака.
За да видиш дали ќе дојде до иритација или не, ќе ставиш малку од кремата на дел од едната рака. Ќе почекаш 3 минути и после тоа ќе ја отстраниш кремата (така пишува во упатството). Доколку ти се појави црвенило и почне многу да те пече, значи дека не треба да се депилираш со кремата. Јас се депилирам на интимната зона со таа крема и задоволна сум. Влакната ми растат за една недела.
само што си ја подготвив шеќерната паста по инструкции од јутуб моментално се лади, па одам да се измазнам wish me luck ќе пишам по операцијата
Брич не ставам доле па што сака нека биде! последен паткоа го направив тоа се исфрлив цела, рани ми се направија и бев спремна да идам на лекар! Се унаказив! Зашто бричење кога за два дена ќе нараснат нови, а депилацијата е едноставна и подолго време си на раат
Само храбро !!! Ја последен пат сама со топол восок се средив. Се испотив убаво богами, кај топло кај пусти страв зошто до сега само препоните сум си ги депилирала сама,а цела интимна зона не, ама добро поминав Инаку порано со крема ги правев,последно време со топол восок на козметичар ама иако викаат дека го фрлаат сепак мислам дека го враќаат назад, судејќи по реакцијата на кожата откако ќе се вратам од таму и сега дома кога се средив!
Бричот не ми е по кеф ама баш за никаде да го користам јас се депилирам со ладен восок сама.. боли многу ама со брич нема шанси!
Кремата е добра али само за неколку дена амо ти треба За два три дена почнуваат да нараснуваат влакната пак, и коа ќе видиш е слично нешо со бричот Не се нафаќам сама да се депилирам, незнам како имате храброст, хха едноставно немам срце сама да повлечам ахахаха
леле ова ми беше дефинитивно задњи пат што пробувам сама дома да се депилирам... прво кај ја утнав смесата, па ја преварував, па се издепилирав `пола` пола нејќеше, дали ми беа кратки влакната или поима неам шо беше, битно пола стан го ушљакав со шеќер, на крај почнав да си правам фигури со неискористената смеса ама и тие утрото ми овенаа
Долго време се депилирам сама, си се навикнав веќе.....ама сега во последниве 2 - 3 месеци почнаа да ми се појавуваат многу поткожни влакна и мозолчиња Чаре, знае некоја од вас?!
мислам дека не треба да практикувате креми ..знаете ли кој хемиски супстанци ги содржат? ризик е и од инфекции . јас се депилирам од 1 година средно ..и веќе ми се мн изретчени и меки ...раат сум по месец.не с езамарам
вака сега....... незнам во која група да се ставам пошто се депилирам (значи само препоните и делот над вагината....а кај усничките се бричам....многу боли таму) ....е сега проблемот е во тоа што кај препоните ми се појавуваат мозолчиња кои и кога ми поминуваат ми останува црвенило...речиси исто како и таа мозолка да не ни поминала.... многу се нервирам бидејки неможам да си облечам купаки....изгледа како цела да сум во мозолки на препоните...... ... ...мозе ли некоја да ми препорача нешто ...некоја крема...маст....било што..... иначе забележав дека и на нозете од колена па нагоре го имам истиот проблем....мозолки кои и кога ке поминат(а обично долго време траат)...гној ,поткожни влакна....и после ми остануваат црвени дамки девојки ке ви бидам благодарна ако ми дадете совет
Што се однесува до интимниот дел...чим веќе се депилираш над вагината и препоните незнам зошто не се издепилираш на усничките ...тоа се само две три лентички плус и искрено мене најмалце ме боли таму. А што се однесува до црвенилото...ти сама се депилираш или на козметичар?Ако се депилираш сама мислам дека треба да прекинеш а ако се депилираш кај козметичар-пробај смени го...може до восокот е.Јас кај првата што почнав да одам ми се појавуваче стално едно огромно поткожно што болеше и изгледаше како црвена голема бубулица,ја сменив козметичарката и сега сум мазничка Нормално некогач ќе се појави по некое внатрешно ама не како тие страшните што ми излагаа...А исто знам козметичарката ми рече дека зависи од влакното и кожата колку ти е чуствителна.
се депилирам сама со шекерна паста....и плус сега во последно време со депилатор....ама сега со депилаторот ми се појавија уште повеке....незнам што е проблемот..... најмногу се нервирам бидејки ми стојат тие црвени флеки или не знам како да ги кажам.... да не знаес некоја крема или пак јас нешто треба да сменам....help
И јас имам такви флеки, како црвени точки, значи после депилација или брич обавезно ми се прават и ми остануваат после секоја мозолка или поткожно влакно. Пробав со крем за избелување на флеки, ама не видов некој посебен ефект, или пак можеби не ја користам доволно долго време за да се види ефектот, не знам. Ама веројатно таква ни е кожата, осетлива. Освен тоа, секако на интимните делови е понежна и послаба отколку на другите делови. Изгледа нема друго чаре освен да се прифатиме такви какви што сме.
Епа ти кажав Кејси,козметичар е лекот,барем за интимните делови,а нозете можеш и дома(плус ете и пари ќе заштедиш)ама за "доле" воопшто не треба да се жалат пари зошто незнам ама барем мене мн ми е невкусна гледката да сум цела исфрлана или со црвенило на интимниот дел. о депилатор(ако мислиш на машинката)никако не смееш на интимниот дел,таму кожата е осетлива,ниту па со брич,па за два дена се појавуваат црвени точки и седат со денови и чеша...катастрофа!И зошто да се профатиме такви кога може да пробаме прво неколку алтернативи знаши пак ќе кажам-на козметичар со восок за една за употреба,сепак се постручни од нас...
Норално дека депилација е најубаво, јас само рацете ги депилирам сама со veet ленти,нозете само пред одмор, а доле само брич. Имам многу густи и јаки влакна, бетер од машко сум , наследно ми е и од депилирање не ми се ретчат, ме чешаше само првиот пат кога се избричив сега не, си се бричам на секој втор ден и немам проблем