Јас се депилирам со депилатор секаде , и за 2 саати сум топ средена. Депилирам интима скроз ,цели нозе ,раце , пазуви и за 1 и пол до 2 макс. сум готова. Другарките ми се чудат како можам со депилатор скроз све да депилирам ,но се е навика . Кога почнав да се депилирам ме болеше но со тек на време телото ми се навикна на таа болка и без проблем се депилирам. За промена посебно на лето се депилирам со восок ама не сама туку одам на козметичар. Ме мрзи сама ,зашто сум неспретна и ке се испозалепам со восокот Брич у живот немам користено за ништо ,освен еднаш до два пати за пазуви ,зашо се брзав за некаде и морав тоа да го сторам . Но не ви препорачувам посебно на оние кои се повлакнести
Да бе, најхигиенско... со истиот восок 200 души поминати, не фала... како лесно се закачуваат инфекции вака, да се чудиш. Џабе што го топеле и претопувале по илјада пати. Според мене најефикасен е ладен восок, барем кај мене има одлични резултати.
И јас се депилирам со ладен восок на козметичар. Еднаш пробав и со топол и цела се нафрлив, имам премногу нежна кожа и ко крастосана бев. Е сега единствена предност кај топлиот восок е што побавно растат влакната, барем кај мене приметив така. Ама сепак здравјето е поважно, си продолжив со ладен на козметичар и барем не се нафрлувам од него, ептен минимално и поминува.
znaci koa me depilira majka mi so topil vosok,me depilira so lenti i ondak vlaknata i vosokot ostanuvaat na lentata i se frlaat vo kanta.Skoro sekoj mesec kupuva ogromni kolicini vosok i si depilira najnormalno...nikad ne vratila ist vosok 2 pati ... [mod-kirilica:3i54emat][/mod-kirilica:3i54emat]
Абе се убаво, кога се депилираш од корен, без разлика дали ленти или ваков или онаков восок ,си мазна барем месец ама за пак да ги депилираш треба да почекаш да пораснат доволно и некако во меѓувреме..пак треба да се зашумиш. Мене мајками пр секој божји ден се бриче скроз целата, интимна зона, пазуви нозе..само раците ги депилира со крема. И нема никакви проблеми за 2 мин е готова нема ни брунчиња ни црвенила ...ништо и како демек осетила дека и се ретчат од толку малтертирање. А јас еве пробав сега три дена по ред да се бричам долу и сум масакр. Можеби е ствар на навика на кожа.
Нема потреба да чекаш додека да се зашумиш па да одиш пак на депилирање. Доволно е еднаш месечно, или на три недели. Малку се пораснати, а сепак излегуваат.
Јас еднаш се имам депилирано на интимната зона и умрев од болки лелее како болешее и никад више!! Не трпам бол па затоа фино лепо бикче и сум готова за 2 мин! Ниту црвенило имам, ниту брунки...ниту ме чеша пу пу
Aбе би отишла,ама пуста болка не би издржала Cе правам некогаш со епилатор,ама нецелосно,и имам денови кога тргам со веет ленти,убаво ми е зашто сама си ја контролирам болката,а на козметичар ке и викам чекај,чекај не сум спремна Mожеби во иднина ке отидам
Јас никогаш не би се нафатила да се депилирам со процеден восок кој претходно бил ставан на друг. Има секакви бактерии и болести, хепатит, никако. Се депилирам со т.н. ладен восок кој ми го ставаат, а после со ленти се тргаат влакната и се фрлаат лентите. Сигурна сум во мојата козметичарка, имам доверба во неа и мислам дека како што имаме матичен лекар, така треба да се има и своја козметичарка со чист салон.
Се депилирам со ленти, на почетокот болеше но се е навика, сега не чувствувам толку болка, а со брич ми е многу страв да се поминам на интимниот дел а и никогаш не сум пробала, депилацијата е многу поефикасна и подобра
Еднаш месечно одам на козметичар и цела ме фаќа(нозе,раце интимна зона) и сум средена цел месец, во лето кога почесто одам на плажа,базен,при крајот на месецот кога ќе почнат да растат ми се случило и два пати да отидам. Во живот се немам издепилирано сама на интимната зона
бикчето е незаменливо и јас постојано го користам и никогаш не сум имала проблеми ниту со брунчиња, ниту црвенило.
Е да во право си, ама се си е до навика, јас преку еден ден се средувам постојано, значи за време на туширањето одвојувам време и се средувам целосно, ни влакно не давам да остане, зашо многу мразам влакна. Едноставно ова ми премина во навика, а и немам никакви проблеми после тоа. Не сум против депилациите, сепак на кој како ми одговара нели
^^Ни 3 дена не држи, на ден и пол до 2.... Ама не се трпи бол ( барем ја не можам да трпам ) И ја како Гами во тек на туширање...и стварно е навика...не ме ни мрзи на секои скоро 2 дена ама тоа е!!
Па вака еве едно потпрашање, поврзано за темава. Дали се средувате, пред се мислам на депилација и бричење затоа што е тоа као наводно хигиенски, или се чувствувате, посекси т.е дали мислите дека кога сте средени доле сте некако посензитивни , или тоа го правите затоа што наводно машките ги палеле бричени девојки, за која теорија немаме сеуште некои сериозни сознанија. Би сакала да го слушнам вашето мислење а потоа ке се изјаснам јас. Не би сакала тоа да го направам на поцеток за да не влијаам, на вашето размислување.
Јас деплицаијата ја практикувам доста долго.Јас тоа го правам затоа што ми дава големо чувство на свежина, се чувастувам много почисто у поубаво,сексаплиност и се разбира поголема самодоверба.Кога ке се издепилирам мислам дека кожата ми е како на бебе,мазно убаво а секако си мислиш колку ке му се допадне на дечкоми кога ке пипне мазно Мислам дека многу машките не сакат бричени девојки бидејки влакната се многу погусти и много појаки и колко и да га бричиш тие се познаваат а после еден ден веќе боцкаат.А тоа не го правам затоа што морам или го правам зошсто имам дечко сум го правела тоа и од порано кога не сум била со никого и никогаш не сум дозволила да ураснам како шума.Тоа е моето мислење.позззз
Ама зошто гледате што сакаат повеќе машките ? Тебе ако ти е убаво да се бричиш секој ден бричи се . Ако ти е подобро еднаш да си истрпиш во месец и после мирна глава така прави си . Мене ме нервираше со бикче и еве веќе скоро година дена се депилирам . Баш вчера бев , инаку тој ден кога одам многу го мразам
Не јас не гледам на тоа туку лично јас прво се осеќам поубаво,бидејки кога се бричев морав да чекам да пројде една недела па и повеке да ми пораснат малку па пак да се бричам.затоа што два три пати ми се деси за 3 дена пак да се избричам и се се испосеков и целата бев по рани.а башка цешање па на тоа исеченото кога ке ставев ракија лелелелел не можам да ви опишам кој бол е тоа блјаккккккк
За секого е различно, некој сака депилација, некој со бикче, кого каку му одговара! На некој му одговара депилација во салон, а други пак практикуваат дома да се депилираат! Негледам тука нешто страшно, ниту па нешто во стилот:18 век! Секој си има различно тело, лимит на болење и секој различно практикува како да ги отстрани влакната!