Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација на нозе

Дискусија во 'Тело' започната од simona.7, 29 април 2013.

  1. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Мој совет ти е да си продолжиш со депилатор, поминувај побрзо и местото ќе ти отрпне и после убаво ќе сио се средиш :) Нормално дека првите неколку пати (1-2) ќе боли, ама после нема да осеќаш, евентуално како неког да те грепка, јас барем така осеќам :D Или оди на козметичар, така она кога ќе те повлече, дур си осетила болка отишле влакната :)
     
  2. marina255

    marina255 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Јас имам проблем со внатрешни влакна, значи правам пилинзи недела дена пред да одам на депилација и ми изгледа како да се скоро сите внатрешни влакна излезени надвор и кога ќе се издепилирам, за 2-3 дена веднаш ми никнуваат тие нови мали влакна и всушност мене депилацијата ми трае 3 дена. Имам како втор слој и не знам што да им правам, а ме нервира што изгледаат неубаво како црни точки :/ има некој сличен проблем?
     
    На Venera.13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    595
    Девојки, малку може офф топик ама ми треба салон за депилација во Аеродром некаде кај бисер околу бисер или стара стела, некаде каде што сте задоволни со услуга, цена, однос и слично. Контакти пратете ми и во лична порака.

    Тенк ју ;)
     
  4. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Девојки ме интересира дали некој се има депилирано со крем или како се вика?
    За вакви мислам:
    [​IMG]
    :)
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Кремов ти е исто како бикчето.Не ги ваѓа влакненцата од корен,и следната ден веќе одма имаш нараснато влакненца.
    Џабе парите,кога е исто ко бикчето.И плус има ужасен мирис.
     
    На the-girl1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    595
    Девојкиии ве молаааам препорака за салон за депил во Аеродром- стара стела, бисер!!! ИТНО ЕЕЕЕЕ!!!!
     
  7. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Женски
    девојки до сега се немам депилирано, користам брич, ама веќе досадно ми стана секој ден, сакам да прашам колкава треба да биде големината на влакненцата за депилација, и колку би чинела депилација на нозе кај козметичар
    препорака
     
  8. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    По обичај (моите козметичарки) ми викаат да се поголеми од 0,5 см. Ама, пак и на таа големина не се вадат баш убаво (но сепак се зависи и од типот на кожата).
    Штом си се бричела до сега сигурно влакната ти растат и побрзо. Мислам дека треба да ги оставиш барем 2 недели пред да отидеш. Цената варира зависи од тоа каде ќе се депилираш. Нормално дека поголеми и попознати салони се и поскапи. Инаку се движи од 200 па до 400 ден.
     
  9. lokita

    lokita Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    каде се продава восокот за депилација и како се користи?
     
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    во аптеки , парфимерии можеби
    па го топиш на оган во некое лимено кутивче го тргаш малце да се поизлади ама малце го ставаш на местето каде што сакаш да се дипилираш размачкуваш да не е ептен дебел сјој стое малку попритини го и од еден пат тргни го
     
  11. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    Девојки, ме интересира колку време од депилација почнуваат да ви раснат, и колку време од кога почнуваат да ви растат чекате за следна депилација?

    Стварно мака мачам со ова нозеве, се издепилирав и за 10 дена почнаа да се појавуваат, и тоа 90% сите ПОД КОЖА :@ ко божем со шеќерната подолго ќе ми трае и спас од поткожни ама...
    а пилинзи вакви онакви... кожата ме боли од овие поткожни више... :(
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.343
    Пол:
    Женски
    ^
    Meне депилирањето ми држи околу три недели и тоа третата недела е веќе преку сила, без разлика дали сум се депилирала со восок или со шеќерна паста.
    За следна депилација обично чекам влакненцата да пораснат околу 3-4 милиметри, затоа што тогаш најлесно ми се вадат. :)
    Без разлика на овие параметри, ти сама види си кога највеќе би ти одговарало да се депилираш, не е ништо чудно ако почнат влакната да растат за пократко време, сите сме различни.
     
  13. Majcho

    Majcho Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Девојки, вчера бев во нов салон на депилација бидејки мојата козметичарка немаше баш време а мене ми се брзаше :lol: Е сега, оваа новава ме суреди убаво све, ама многу ме боли кожата а веќе ми е втор ден после депилацијата. Не ми е прв пат да се депилирам, и обично ме боли кожата нормално после депилирањето али ова веќе ми е чудно олку долго.
    Дали некоја имала сличен проблем и некој предлог што да правам? Имам сеуште мали црвенила ама не ме чеша.

    Поздрав :)
     
  14. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.901
    девојки некаде низ скопјево да депилираат со шербет, некоја жена така дома? значи не шекерна паста ( ептен бавно иде со неа и скапо зимаат) туку со шербет и крпчиња? фала :*
     
  15. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    депилација пред бањање или после бањањето :^) ?
     
  16. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    Сакав да ве прашам до каде е границата за бричење на нозе? Понекогаш пошо ме брзаат од дома у купатило дека се задржувам 6 саата немам време да се избричам салам и летам со бричењето па некад пошо глеам дека имам и нагоре влакна и тие ги бричам у брзањето фактички ги бричам до колку шо на девојкава и завршуваат гакициве или шо и да се некад и понагоре некад и понадоле...одприлика тука.. лошо да не е? Пошо до гзот е сепак...
    Иначе зашо толку брзо ми растат? |-)

    [​IMG]
     
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Девојки денес бев на депилација.И сега сум целата црвена,како нафрлена.Утре ми е полуматурата и сега сум целата црвена.Како да го смирам црвенилото?
     
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Бебешка пудра само ставај, намачкај се неколку пати, и пак пред легнување на цели нозе, до утре ќе ти се смири ;)
     
    На Cvetetto му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Не помага,ни тоа.Порано правев.Па ништо не се подобруваше,по 3 дена.А после кога не ставав,пак за 3-4 дена ми се смири. |( |( Во секој случај фала. ;)
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.343
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тоа е премногу, зарем имаш влакна и на местата под задникот !?
    Ти самата сигурно подобро си го познаваш телото и знаеш каде треба да бричиш, но сепак јас мислам дека без потреба ги тормозиш со бричот тие зони кои природно си имаат неприметни влакненца кои се поразлични и доста помеки од тие кои се распространети по должината на нозете.
    Ти растат толку брзо затоа што само ги отсекуваш со бричењето и коренот си останува внатре и по неколку дена пак имаш влакна. Барем сега во летниот период мислам дека доста подобро е да се практикува депилација отколку бричење. :)