До колена се депилирам,вчера ми беше втор пат. Пред 1 година со крема,ама брзо растат потоа.Пред некој месец кога бев на свадба,стиснав заби и се издепилирав Сега не ме боли толку многу кога се депилирам. Спојлер Татко ми ме зеза:Аман,толку боли?
Досега со машинче ,ама сега сакам да сменам и со восок да пробам. Слушнав нешто за топол и ладен восок,каква разлика има ?
разликата е што со топлиот восок пред тебе ке се издепилираат 100 жени па ке ти го претопат и ајде пак јово на ново по нехигиенски и погадно од топол восок нема и јас веке не познавам никој кој се депилира со восок сите го избегнуваат ладниот восок е подобар ама па многу боли со него , всушност оние ленти за депилација по маркетине ти се ладен восок остани си со машинчето најдобро а кога веќе сакаш да смениш пробај со шеќерна паста , најчисто е и влакната ептен бавно раснат имаш тема на форумов за тоа види си
Шо се однесува до депилацијата на нозе јас ги депилирам со лентти ВИТ или афродита небитно И МНОГУ МИ СЕ ИЗРЕДТЧИЈА шо сум презадоволна
Со топол восок сега се работи со стикови кои се загреваат и се трошат како во туба. Верувај или не после тоа тој восок не може да се искористи бидејќи се лепи целиот на лентата со влакненца. На овај начин работат скоро сите козметички салони каде што сум била. Помалку боли од депилација со ладен восок.
Полоша дезинформација не сум прочитала ти имаш видено употребениот восок да го претопуваат и пак да го користат истиот?глупости,како можи да се искористи восок кој е веќе на лента и на него има милион влакна како по која логика?кога се тврди нешто треба да имаш аргументи и докази а не да шириш дезинформаци... Да му одговорам на прашањето на девојката јас се депилирам со топол восок а не со ладен затоа што топлиот восок подобро ги вади влакната,восокот е во тубенце чист со чисти нови ленти нормално све што се употребува се фрка во канта одма нормално,имам мн чуствителна кожа и никогаш не сум имала проблем со алерги или не дај боже нешто друго,знам дека само се купува на големо најверојатно на кило го земат и е испитан и тестиран заначи без грижа...
Значи има тврд и мек топол восок (или нешто така), едниот е тој што се вади само со рака без ленти и што се става подебел слој и тој се претопува, другиот се мачка па тураат лента одозгора и се фрла.
И мекиот и тврдиот восок се затоплува за да се користи, тој за со рака се користи најчесто за лице, веѓи и надусници. И едниот и другиот се фрла кога ќе се искористи затоа што на него има влакненца, значи никој нема да го употреби за повторна депилација.
Епа драга баш го употребуваат тврдиот т.е. го претопуваат и филтрираат, останува без влакненца и демек од топлината се уништуваат бактериите. Тоа е муабетот дека едниот ГО ПРЕТОПУВААТ.
Воопшто за било каква депилација јас мислам дека е подобро прво да се истушираш па после да се депилираш. Се отвараат порите од топлото и помалку боли. Јас вака практикувам секогаш и многу побрзо се вадат влакната. Е сега нормално ти после пак ќе си ги измиеш нозете зашто од восокот може да се лепиш цела. Инаку во врска со топлиот восок. Тој што се користи без ленти, односно нели се става подебел слој, се стврднува на кожата и се вади заедно со влакната, може да се стопли пак и повторно да се користи. Го зовриваат, го прецедуваат и повторно се користи. Тоа е јавна тајна, затоа и сите го одбегнуваат, не е воопшто хигиенски. Додека пак тој топол восок што се користи заедно со ленти, нормално дека е само за една употреба, не ќе го вадат восокот од лентите и пак да го топлат. Јас се депилирам веќе две години само со машинка, ама кога би практикувала восок, најдобро со ладен, најсигурно ти е дека само на тебе го употребиле. Болката е иста, дали топол или ладен тоа ти е. Не се лажете, барем јас никогаш не сум почувствувала некоја разлика, со што и да сум се депилирала.
Никој не се занимава со такви глупости. Од прва гледна точка, шансите да се исфилтрираат малите влакненца пример од надусници, веѓи (бидејќи овој восок исклучиво за тоа се користи) се многу мали,невозможни и би забележал во восокот секој. Второ никој нема да земи да го прави тоа кога цената на восокот е многу помала од каде што ги набавуваат( за козметички салони се набавува наголемо) во споредба со заработувачката. Трето за истата депилација е потребно многу малку восок што не се ни троши ама да речиме дека веѓи 100 ден, надусници 50 ден-колку да издепилира во денот? а колку восок ќе потроши? две ипол недели ќе тера со тој восок, ако не и повеќе. Цената на восокот е смешна. Сега стварно мислиш дека ќе се заебава некој со ова? Јас лично ви гарантирам за многу козметички салони што ги знам и најблиско што се можи дека тоа не се случува. Ако вие мислите за некои по дома што работат и кои гледаат да дојдат на секаков можен начин до пари( па и да одат до тоа ниво) толку му е капацитетот. Во козметичките салони каде парите се вртат во поголемите работи или нема да работи за некои 50 денари од депилација ама никогаш нема да го прави тоа на ваков начин.
До некаде има логика твоево, ама па проблемот е што тој восок не се користи само за малите површини како надусници и веѓи. Туку се користи и за општо целосна депилација. Можеби не го прават тоа секаде, да, ама штом постои и најмала можност треба сите да си се пазат.
денес пробав со ленти од Veet и ај што не извади скоро ништо, туку гелот не можам никако да го извадам. Што да правам?
Девојки имам 12 год. и не знам првото бричење/првата депилација да почнам со брич или со депилирање на нозе?? Прв пат ќе се бричам/депилирам .. Ве молам за совет
Значи велиш дека подобро би било депилација.. Но незнам како дома сама да се депилирам.. Имам мн влакна на нозете, (имам пишано во друг пост но ми немаат одговорено) и викам на мајка ми да ми покажи како да се депилирам, таа вика нее мала си почекај до година.. Но како ќе одам годинава на одмор? како ќе се соблечам по купаќи, цела влакнеста ќе бидам Како да се издепилирам, ве молам ако можете некако да ми објаснете